логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

лого

 

TVITER49

 

свештеник Родион Петроградски

1. ВОВЕД


 Кога верата исчезнува, нејзиното место го зазема суеверието. Во тој поглед, човечката душа не ја поднесува празнината. Човекот е создаден според образот Божји (Бит.1,27), и од почетокот е насочен кон својот Творец. Но, кога ќе го загуби Бога во своето срце, настанатиот вакум бара да биде пополнет со нешто, а човекот ги прифаќа оние сурогати кои му ги нуди светот што го опкружува.


 Заради тоа во ова наше безверно и еклектично време толку широко се распростанети некои, ако би можеле да кажеме некогаш одамна заборавените струи на окултните учења. Астрологија, хиромантија, магија, НЛО-феномени, екстрасенси, далеку источни култови, сето ова ги окупира умовите на милиони луѓе. Отсуството на цврста христијанска вера, отсуството на познавањето и поимањето на суштината на окултизмот и далеку источните религии, а исто така и активната пропаганда од најшироки размери од страна на некои одредени сили во светот го овозможуваат успехот на окултизмот во современото општество.


 Особено силното интересирање во денешно време кај луѓето го буди таквиот вид на окултни науки, како на пример, астрологијата. Обвиткана со ореолот на таинственоста, басновидноста, таа го мами човекот со можноста да ја познае својата судбина, да се запознае со себе, но и да погледне во иднината. малку кој се занимава со нејзиното потекло и суштина, сето тоа исчезнува во сенката пред блесокот, како што се вели, на древната мудрост која овозможува да се предвидува иднината. Но, како што е познато, за да се препознае плодот треба да се направи осврт на дрвото кој го носи, бидејќи однадвор примамливиот плод често се покажува како отровен.

2. ШТО ВЕЛИ НАУКАТА ЗА АСТРОЛОГИЈАТА


 Во речникот на Брокхауз и Ефрон, читаме: “Астрологијата-квазинаука, која се обидува да ја предвиди иднината на поединечни личности и човештвото врз основа на набљудувањето и положбата на ѕвездите на небото (најчесто неуспешно – автор. заб.). Се дели на природна и јудицијарна астрологија. Природната астрологија се занимава со делувањето на ѕвездите врз животинскиот и растителниот свет… Јудицијарната астрологија се обидува да ја предвиди, според меѓусебениот распоред на ѕвездите, судбината на народот, но и на поединците… Разновидни во дамнешните времиња, постоечки и идолопоклонички култови на планентите кои се сметани за моќни личносни битија, верата во непроменливата предодреденост на судбината, фатума, која владеела во тогашните религиозни струења, давале поткрепа на јудицијарната астрологија”.


 Како што понатаму читаме во овој речник, “во минатото, астрологијата, алхемијата и магијата биле тесно поврзани”. Во древниот свет магот, жрецот и волшебникот обично биле задолжени и за работите на астрологот, врачот и толкувачот на соништата. Така според зборовите на Херодот, магот Остан, кој го придружувал Ксеркс во неговите походи над грчките полиси, ги раширил астролошките знаења и меѓу нивните жители. Жрецот на Ваал, Берозос бил толку популарен во Атина, што дури му е подигнат и споменик на кој е претставен со златен јазик како особено драгоцен претскажувач. Потврдата на фактот за неодвоивост на магијата од астрологијата исто така наоѓаме и во книгата на светиот пророк Данил (Дан.2,27), како и во многу други извори. На ваков начин можеме да го извлечеме прелиминарниот заклучок за тесната поврзаност на астрологијата со магијата и другите видови на окултизам, а исто така и веројатно, за истиот извор од кој настанале. Фактичката потврда на овој заклучок ќе биде изнесена подоцна.

3. ИСТОРИЈА И ПОТЕКЛО НА МАГИЈАТА И АСТРОЛОГИЈАТА


 Корените на магијата и на сите окултни учења се наоѓаат уште во древните времиња. Времето на нивното потекло тече паралелно со периодот од животот на Kаин и неговите потомци. По братоубиството, бидејќи Бог го проколна (Бит. 4.8-16), “И си отиде каин од пред лицето на Господа… потоа соѕида град…”, “негови потомци биле “…Јувал, од него се народија гуслари и свирачи…. Товел кој беше ковач на секакви работи од бакар и железо”. (Бит. 4.21-22). “А луѓето кога почнаа да се множат на земјата, и ќерки им се народија, тогаш синовите Божји, гледајќи ги ќерките човечки дека се убави, ги земаа кои што ги сакаа, за жени”(Бит. 6.1-2).


 Според едно од толкувањата на тоа место, а кое го споделувале и многу отци и учители на Црквата , а исто така и според апокрифната книга на Енох, “синовите Божји” – тоа се духовни битија кои влегле во грешен сојуз со жените земни кои ги научиле на волшебништво и клетви. По ова кога “лошотиите на луѓето на земјата се големи” (Бит.6. 5-6). Како што бракот во Библијата не ретко означува соединување со Бога, истото во бракот на духовите со луѓето можеме да видиме симбол на новонастанатото многубожечко паганство (назнабоштво) со неговото поклонување на демоните, паганските богови, магија, астрологија и други видови на волшебништва. Тука падниот човек се обидува да проникне во тајните на светот независно од волјата на својот Творец, да стане бог без Бога. Тука се јавува и повторува истото искушение кое го имала Ева во Едем, кога Сатаната и се јавува во вид на змија ја соблазни да вкуси од забранетиот плод, ветувајќи &  дека по тоа таа и Адам ќе бидат како богови, кои го познаваат доброто и злото (Бит. 3,45). Но, нашите прародители наместо да станат “како богови”, едноставно виделе дека се голи и се изложиле на големи несреќи заради предаството кон Бога и сојузот со Сатаната. Така било и во овој случај: добивајќи од забранетото (неблагословено) знаење, кое им го пренеле паднатите ангели од повисоките сфери, луѓето се повеќе потпаднале под влијание на Сатаната и уште повеќе се оддалечувале од Бога.


 Бидејќи, на луѓето тајните Божји им се откриваат според мерата на нивната духовна просветленост или кажано на друг начин, според мерата од здобивањето на Светиот Дух. Колку човекот повеќе се отвора и предава на Бога, толку повеќе започнува да живее со животот Христов, размислува, чувствува и твори подобно на Христа. како што е речено во Светото Евангелие според Јован “Ако некој Ме љуби Мене, ќе го пази словото Мое и Мојот Отец ќе го возљуби и ќе дојдеме при него и пребивалиште во него ќе направиме… за да бидат сите едно како што си Ти Оче, во Мене, и јас во Тебе, па така и тие да бидат во Нас” (Јн. 14,23: 17,21). Соединувајќи се со Бога, со Светиот Дух, со тој ист Дух човекот ги познава тајните Божји, ги прима силите и даровите со кои се користи само за добри дела во согласност со волјата Божја.


 Паднатите ангели, врз основа на својата некогашна припадност на рзните чинови на Ангелската хиерархија, во овој или оној степен биле посветени во тајните на битието. Овие познавања тие ги зачувале и по своето отпаѓање. Во согласност со ова демоните се обидуваат да го потчинат човекот под себе и да го врзат неговото внимание и интерес за себе (за демоните), откривајќи му на човекот некои “тајни” знаења и дарувајќи ги своите следбеници со натприродни способности. Совладувајќи ги тајните на магиските знаења, човекот станува способен да делува на луѓето кои го опкружуваат и на природните стихии, но притоа тој во потполност останува роб на нечистите духови од кои ги примил тие знаења. Во своето отпаѓање од Бога, демонските сили не можат ништо да создаваат, туку само да разурнуваат. Затоа и нивните следбеници во светот внесуваат разурнувачка и деструктивна сила, нанесувајќи на зло врз луѓето кои ги опкружуваат и погубно делуваат на материјалниот свет. Еве како за тоа сведочи книгата Битие: “И виде Господ Бог дека лошотиите меѓу луѓето на замјата се големи, и дека сите мисли и помисли во срцата нивни беа зли во секое време. И се покаја Бог што го беше создал човекот на земјата, па се огорчи во срцето Свое. И рече Господ: Ќе ги истребам луѓето што сум ги создал” (Бит.6. 5-7).


  Ова се случило затоа што човекот во тоа општење со нечистите духови и користењето на нивните “дарови” (магијата, гатањето, астрологијата и др.) конечно паднал во разврат односно до крај отпаднал од Бога и се покажал неспособен да ја исполнува својата смисла и цел заради која беше создаден, не можел себе веќе да се реализира во доброто, љубовта и вистината, искачувајќи се по скалилата на духовниот развој кон конечно уподобување на Бога. Неговото понатамошно постоење станало – бесмислено.


  Затоа Бог најпрво ги скратува деновите на човечкиот живот на 120 години (Бит. 6,3), а потоа, со понатамошното умножување на беззаконието го уништува и целото човештво кое било паднато во разврат, оставајќи ги само неговите најдобри претставници во ликот на праведниот Ное и неговите синови со жените нивни (Бит. 6,10).


  Како што може да се види од горенаведеното, магијата, астрологијата и другите “дарови” на демоните, не само што допринеле за процвет на човештвото и среќа на земјата, туку напротив, ја преумножиле омразата, безбожништвото, развратот и сe' што довело до пропаѓање на сиот древен свет.


  По Потопот “тајните” на магиските и астролошките знаења не престануваат. По многуте сведоштва на старите, тие знаења биле грижливо скриени, а по Потопот повторно се понудени на човештвото кое се развивало. Ако ја разгледаме историјата на човечкиот род по Ное, можеме да видиме дека оние стари цивилизации, кај кои магијата, астрологијата и другите “тајни знаења” постигнуваат најголема распространетост и влегуваат во општествените структури, пропаѓаат и исчезнуваат од лицето на земјата, штом окултизмот го достигнал својот врв.


  Со посебно внимание ќе се задржиме на историјата на Вавилон. Во текстовита испишани со клинесто писмо кои потекнуваат од него, а во светските музеи ги има околу половина миллион, постојат сведоштва, дека вавилонските жреци ги наследиле овие знаења (особено во областа на астрологијата и поредокот на вселената) од некои луѓе-џинови кои се спасиле од катастрофа.Вавилонскиот историчар и жрец Берос (ИИИ век пр. Хр.) исто така сведочи за тоа дека магиските знаења биле сочувани по Потопот. Конечно, сеќавањето на народот донесува сведоштва за првите творци на вавилонската традиција – народот Халдејски – кои завладеале со културата на некое вонземско знаење и биле први математичари, астролози, алхемичари, теозофи на земскиот свет, извршувајќи ја службата на волшебници, гатачи, и толкувачи на сонови при кралските дворови на древните владетели. Стародревното халдејско предание упорно тврди дека нивните први десет цареви биле дојдени од небото.


  Исто така, познато е дека ниневејските цареви никогаш не започнувале некоја важна работа без да се советуваат со ѕвездите. Тие крај себе имале астролози кои го набљудувале небото и го објаснувале движењето на планетите како што често за тоа сведочат записите. Оде ден споменик дознаваме дека Сенехериб отстапил од походот само заради тоа што положбата на ѕвездите се покажала неповолна за него. (11) Занимавањето со астрологија во Вавилон било толку распространето, што кај античките писатели  самото име “халдеец” означувало токму “астролог”. На сите позната ни е судбината на Вавилонското царство, кое претрпело стравично пропаѓање. На ист начин биле осудени на пропаѓање и Асирското и Персиското царство.

4. ЦРКВАТА И АСТРОЛОГИЈАТА

  Да го разгледаме сега односот на старозаветната и новозаветната Црква кон астрологијата. Во великите кодекси на Мојсеј ќе прочитаме за забрана со казна смрт за вршење на било каков вид на магесништво. “Не одете по оние што повикуваат духови на мртви, и до маѓесници не доближувајте се, и не дозволувајте да ве осквернат. Јас сум Господ, Бог ваш.” (Левит 19,31) “И ако некоја душа тргне по оние што гатаат на животински црева, и по магесници, за да го следат нивното блудство, Јас ќе го свртам лицето Мое против таа душа и ќе ја истребам од народот нејзин”(Левит 20,6).


  Во книгата Повторени Закони исто така читаме за строго предупредување од Господа против вршењето  и занимавањето со било кој вид на волшебство и магесништво, кое во суштина претставува сојуз со демоните, и Бог ги протерува тие народи од нивната земја и ги определува за пропаст, а таа земја ја дава на Израилот кој Му е верен. “Кога ќе влезеш во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава, да не свикнеш да правиш гнасотии, какви што вршеле тие народи; да не се најде пред тебе човек што го тера синот свој или ќерката своја преку оган, заради очистување, или да претскажува, да гата, или како маѓепсник, чародеец, ни гледач на утробата, ниту, пак, што гледа по знаци, ни таков што повикува мртви; зашто, секој, што го прави тоа, е гнасен пред Господа, и токму поради тие гнасотии Господ, твојот Бог, ги изгонува од пред тебе. Биди непорочен пред Господа, твојот Бог; зашто тие народи, што ти ги наследуваш, ги слушаат гатачите и претскажувачите, а тоа Господ, твојот Бог, не ти го дал. Господ, твојот Бог, ќе ти дигне пророк од браќата твои, како мене, - Него слушајте Го.” (Повтор. Закони 18,9-15). Светиот пророк Исаија, пророкувајќи го пропаѓањетро на Вавилон заради неговото безбожништво и погубното занимавање со магија и астрологија, во името Господово со иронија вели: “Стој си, пак, со твоите маѓии и со многуте баења, со кои си се занимавала од млади години: можеби - ќе си помогнеш, можеби – страв ќе предизвикаш. Ти си уморна од многу совети; нека излезат оние, што го набљудуваат небото, ѕвездобројачите и претскажувачите по новомесечјата, нека те спасат од она што треба да ти се случи. Ете тие се како слама: оган ќе ги изгори; на ја спасија душата своја од пламенот; не остана јаглен да се погрее некој, ниту оган, за да се поседи крај него.”(Исаија 47,12-14).


  Овде недвосмислено се укажува на немоќтан а сите облици на магесништво пред Вилјата и Силата Божја и неодминливата казна за оние кои се занимаваат со магија и астрологија или прибегнуваат кон помош од окултисти. Во судирот на маговите и магесниците со пророците и другите духоносни мажи, синовите на темнината претрпуваат пораз. Така, во книгата Исход (7,9) читаме како магесниците (мудреците египетски) и волшебниците, противејќи се на Мојсеја, и правејќи мнгу чудеса пред фараонот со помош на волшебства, но не успеале да се спротистават на на силата Божја и на крајот од краиштата биле принудени да признаат дека Мојсеј ги поразил.


  Во книгата Битие (41), се зборува за триумфот на праведниот Јосиф над жреците и мудреците (магесниците) Египетски кои не успеале со помош на своите магиски вештини да го протолкуваат сонот на фараонот. Направедниот пророк Валаам, подмитен од идолопоклониците за дам у наштети на Израилот, под Божја интервенција е принуден дам у служи на еврејскиот народ (22,24). Светиот пророк Даниил исто така многупати ги посрамил халдејските мудреци и жреци (Дан. 25).


  Сето ова се објаснува со тоа дека чудата и пророштвата на синовите на светлината се вршат со Силата Божја, Светиот Дух, а жреците, магесниците и астролозите кои им се спротиставуваат се користат со волшебничка вештина преку која делуваат демонските сили, и природно е тие да претрпат пораз заради нивното спротиставување на Бога. Во Новиот Завет, исто како и во Стариот, можеме да го видиме истиот и непомирлив став кон сите видови на маги, како и постојаната победа на силата Божја во судирот со волшебништвото. Така, светиот апостол Павле го изгони демонот кој пророкуваше од слугинката што ја претскажуваше иднината (Дела Ап. 16-18),  иако таа ја објавуваше вистината кога одеше зад апостолате и кога говореше “Овие луѓе се слуги на Севишниот Бог! Тие го навестуваат патот на спасението.” Но, Апостолот не ја сакаше ниту вистината од нечистите усти на демоните, давајќи пример за односот кон демоните дури и кога тие привремено ја објавуваат вистината. Бидејќи, зад сето тоа (што го прават демоните) стои само една желба – да го вовлечат човекот во општење со нив, за да ја добијат неговата доверба и тогаш да го погубат. Истиот тој апостол Павле со слепило го казнува Елим-маѓесникот кој се спротиставува на евангелската проповед и се обидувал да ги одврати луѓето од вистинската вера (Дела Ап. 13,8-11). И на крајот од книгата Дела Апостолски дознаваме дека под влијание на апостолската проповед “многумина  од оние, кои правеа маги, собирајќи ги книгите свои, ги гореа пред сите”(Дела Ап. 19,19). На овој начин тие се одрекле од сојузот со демоните и посведочиле за непомирливоста помеѓу верата во Христа и магијата.


  Во Номоканонот (Зборникот на црковни правила и одредби) е кажано сосема јасно: “Оние кои одат кај магесници или сами гатаат или ѕвездословат (т.е. се занимаваат со астрологија – заб. на автор.) шест години да не се причестуваат според првото праволо на Трулскиот собор и според осумдесетото на свети Василиј Велики, а свештеникот кој го прави истото, да се расчини”.


  Тука се среќаваме со очигледното укажување на свеста на Црквата за демонското потекло на сите видови на волшебништво, магесништво, вклучувајќи ја и астрологијата, како и на недопуштањето за општење на верните христијани со оние кои се занимавале со тоа, како и строги педагошки мерки за сите кои од било какви причини одлучиле да стапат во сојуз со бесовите. Светите Отци на Црквата во текот на целата нејзина историја исто така посветувале големо внимание на борбата со гатањето и астрологијата. Заради недостаток на простор ќе си дозволам себе да се задржам само на некои дела на Светите Отци и Учители на Црквата. Така, Тертулијан во своето дело “За идолите” пишува: “Меѓу различните човечки занимања и не треба да се заобиколат некои вештини или професии, блиски на идолопоклонството. За ѕвездословите (астролозите) не треба дури ни да се зборува, но откако еден од нив науми да се оправда себе си за тоа што и понатаму продолжува да се занимава со оваа професија, имам да кажам неколку зборови по тој повод. Јас нема да кажам, дека сместувањето на имињата на лажните богови на небо, и припишувањето ним некоја наводна семоќ, и одвраќањето на луѓето од принесување на молитви кон Бога со тоа што се наведуваат да веруваат дека нивната судбина е непроменливо определена од ѕвездите,  дека сето ова е рамно и еднакво на поклонувањето на лажните богови. Но, јас тврдам дека ѕвездословецот во таков случај се уподобува на паднатите ангели, отпаднати од Бога заради опрелестување на човечкиот род… Ако магијата е казнива, а астрологијата е еден нејзин подвид, тогаш заедно со својот вид, на осуда подлежат и подвидовите на таа дејност. Така, од времето на објавувањето на Евангелието, софистите од секој вид, ѕвездословците, волшебниците, магесниците и бајачите треба да бидат неизоставно казнети”.


  Татијан во “Беседа против Елините”, пишува: “Демоните ги направија луѓето жртви на своето отадништво. Тие, покажувајќи им го на луѓето распоредот на ѕвездите, како и оние кои фрлаат коцка, ја воведоа судбината која е туѓа на правдата, бидејќи ако некој е обвинител или обвинет, тоа наводно настанало според предодредувањето на судбината…. демоните ја измислија судбината. Како основа за тоа им послужило сместувањето на животните на небото. Бидејќи, тие ги удостоија со небеска чест ѕверовите со кои живееја откако беа симнати од небото, влекачи, водоземци, четвороношци кои живеат во шумите, и заради тоа, се мисли дека тие пребиваат на небесата и дека со посредство на распоредот на ѕвездите да ги убедат луѓето дека животот на земјата е далечен на разумот, и во согласност со разумот, на тој начин, тоа што некој е гневлив или трпелив, воздржан или невоздржан, богат или сиромав се случува според назначувањето на оние кои располагаат со раѓањето. Бидејќи, распоредот на Зодијакот е дело на боговите. Ако светлината на еден од нив е посилна, како што велат тие, тогаш тој ја одзема славата на другите, а кој сега е победен, може повторно да биде победник. Тие со задоволство се забавуваат со овие планети, како играчи со “коцка”. Но, ние сме над судбината и наместо заблудените демони знаеме за еден непроменлив Господ, не се потчинуваме на судбината и ги отфрламе нејзините законотворци”.


  Свети Јован Дамаскин во своето прочуено дело “Точно изложување на православната вера”, цитирајќи го свети Василиј Велики, ја дава следнава карактеристика на астрологијата: “Елините /незанбошците/ зборуваат дека излегувањето, заоѓањето и приближувањето на ѕвездите, а исто така, и на сонцето и месечината  управуваат со наште дела, и со тоа се занимава астрологијата. Ние, пак напротив, тврдиме дека со нивна помош може да се има предзнаци за дождови и суши, за влажно или суво време време, а исто така и за ветровите и водата, но да бидат претскажувачи на нашето делување тоа никаки не може да се случи. Всушност, ние сме создадени од Творецот како слободни и самите сме господари на своето делување. Кога с# што чиниме, би правеле под влијание на ѕвездите, тогаш што и да правиме би правеле по нужност. А, тоа што се прави по нужност не е ниту добредетел ниту порок. Ако пак, не би имале ниту добредетел ниту порок би биле недостојни било за награда било за казна, а согласно на тоа и Бог би бил неправеден, бидејќи на едните им дарува благост, а на другите маки. Дури и повеќе од тоа: ако сe' се движи и раководи според нужноста тогаш не би имало ниту Божјо управување во светот, ниту Божја грижа за созданијата. На крајот од краиштата тогаш не би ни бил потребен ниту разумот ако не сме господари на своето делување, и не би имале потреба да размислуваме за ништо. Меѓутоа, разумот несомнено ни е даден да размислуваме за нашето делување заради што и секое разумно битие во истиот момент е и слободно битие. Заради тоа тврдиме дека ѕвездите не се причина за ништо што се одвива во светот, ниту за настанувањето на она што настанува, ниту за пропаѓањето на она што пропаѓа, туку служат како предзнаци за дождовите и промените во воздухот. Некои можеби ќе кажат дека ѕвездите ако не се причина, тогаш знаците на војните и квалитетот на воздухот кој зависи од сонцето, месечината и ѕвездите на различни начини произведуваат различни темпераменти, навики и расположенија; но, навиките се производ на она што се наоѓа во власта на нашата волја, бидејќи тие се потчинуваат на разумот и се менуваат под негово раководство”.


  Минукиј Феликс во своето дело “Окатавијан”, зборувајќи за римските гатања и претскажувања, пишува дека во ретки случаи овие претсакжувања станале реални т.е. се овистиниле, а може да се објасни тоа “што меѓу изобилните лажни претскажувања има и онакви кои случајно биле паралелни со вистината”, и дека волшебниците и ѕвездословците “на само што ги познаваат демоните, туку и со нивна помош ги вршат овие прелести кои наликуваат на чуда: под нивно влијание и дејствување тие и ги предводат своите магесништва и ги наведуваат луѓето во нив да видат она што вистински го нема, или спротивно, да не го видат она што постои. Првиот од таквите магови по своите дела и зборови е Состен (Остан)….”, односно истиот оној кој како што веќе видовме се јавил како еден од првите распространувачи на свездословието во Елада”.


  Свети Јован Златоуст во својата поука “За оние кои од болест се лечат со врачање” строго им напоменува дека не треба да одат кај Божјите непријатели, врачи и волшебници, бидејќи подобро е и да се умре отколку да се оди кај Божјите непријатели. И дека оние кои ги користат нивните услуги умираат пред време и заминуваат во вечна мака. Бидејќи, оној кој оди кај астролог “самиот себе се лишил од Божјата помош и занемарувајќи ја, се оддалечил себе од Промислата Божја, (заради што) ѓаволот како што сака управува и располага со (неговите) дела”.


  Преподобен Максим Грк кој целиот свој живот се посветил низ трудовите за разобличување на астрологијата во еден од нив запишал: “Лажливото и безбожното учење на ѕвездословците и претскажувачите на човечката судбина според деновите на раѓање не е одозгора и не е со благодат на Светиот Утешител откриено на Халдејците, Хелените и Египќаните, туку (е откриено) од страна на најлукавите и полни со омраза кон човекот демони, за пропаст на оние кои ним им веруваат”. Понатаму, зборувајќи за причините за поклопување на некои од претскажувањата на астролозите со реалноста. Максим Гркот ги цитира зборовите на Августин Ипониски: “… тоа се случува не толку заради небесните знаци, отколку заради тајното влијание на сатаната на кого понекогаш незабележително му се потчинуваат човечките умови, односно тие претскажувања се исполнуваат со содејство на ѓаволот”. Според мислењето на преподобен Максим: “Со тоа блажениот отец (Августин) јасно покажал од каде потекнува ова демонско учење, и дека ѓаволот им открива на следбениците на вештината на ѕвездочитачите она што понекогаш се исполнува како вистинско претскажување, но под влијание на демоните. Кој од христијаните кои вистински и нелицемерно веруваат ќе се согласи да стекне знаење со таа сатанска прелест и да стапи во разговор со демоните? Зар тоа нема да биде само оној кој животот со бесовите си го претпоставил како вечен живот? Претскажуваат демоните, предвидувајќи го понекогаш и она што треба да се случи во далечната иднина, но во поголемиот број случаи тие лажат и заради тоа не треба да им се верува, дури понекогаш и да се исполнат нивните претскажувања”. За причините кои ги побудуваат демоните да стапат во општење со луѓето преку посредство на астрологијата, овој светител зборува: “…. знае селукавиот дека со посредство на прелеста од претскажувањето може лесно да не одвлече од Бога кон себе, чинејќи да веруваме дека ѕвездите владеат со нашето делување и расудување, а кога таа вера ќе ја прифатиме ние веќе нималку ќе занемаруваме или сосема малку ќе занемаруваме за своите прегрешенија оправдувајќи се со неизбежноста од влијанието на ѕвездите. Кога ќе надојдат неволји за тоа ќе го обвинуваме Бога, како создател на злото. Постапувајќи така ние неминовно ќе се лишиме од заштитата Божја, а тогаш на непријателот ќе му биде лесно со нас да завледее и да н# приведе до дното на адот”.


  И така, гледаме дека светите Отци на Црквата еднодушно истапуваат против астрологијата разобличувајќи ја како подвид на магијата, како средство за општење со демоните, а астролозите ги споредуваат со “паднатите ангели и опрелестувачите на човечкиот род”, и строго забрануваат општење со “Божјите непријатели”. Особено внимание заслужува кажувањето на Татијан бидејќи тој го покажал безумството на астролозите кои на соѕвездијата им ставиле имиња на животни, на планетите имиња на лажни богови, а потоа од карактерите на овие последните почнале да ја изведуваат судбината на човекот или државите во зависност од распоредот на “небесните тела”. Особено убедливо звучат доказите на Минукиј Феликс кој покажал дека некои претскажувања се овистинуваат од две причини:


1. заради случајно поклопување;
2. во текот на магиското делување на гатачите кои во низа случаи можат да ги сознаатидните случувања од демоните кои виделе или сознале нешто за тие случувања, или пак самите земале непосредно учество во нивната подготовка.


  Сосема јасно свети Јован Дамаскин покажува дека преку небесните светила се даваат предзнаци само за временскте прилики, додека за човекот обдарен со слободна волја и разум, ѕвездите и планетите не можат да бидат чинители за предодредување на судбината.


  И конечно, подвелкувајќи го сето тоа што е горенаведено, трудовите на преподобен Максим Грк во кои е истакнато искуството на светите Отци во борбата со астрологијата, покажуваат како со помош на астрологијата лукавиот демон се обидува да нe'  оттргне “од Бога кон себе”, за да може со нас полесно да завладее и “да нe'  приведе кон дното од адот”.

5. ПРИЧНИ ЗА ПОКЛОПУВАЊЕ НА НЕКОИ АСТРОЛОШКИ ПРЕДВИДУВАЊА СО РЕАЛНОСТА

  Освен горнаведените кажувања на светите Отци и Учители на Црквата за причините за поклопувањето на некои од астролошките хороскопи со реалноста, би сакале да наведеме уште еден фактор кој ја објаснува суштината на ова поклопување.


  Според законите дадени од Бога во свтот се одвива взаемно дејство на материјалните објекти. Конкретно, дејствувањето на сонцето, месечината и другите небесни тела и планети на живата и неживата материјална природа на земјата. Човекот како своевиден микрокосмос кој во себе ги соединува духовните и материјалните начела, природно го чувствува тоа делување на себе. Така на пример, професорот Чижевски  во своите трудови покажал зависност на епидемијата на колера и некои други заболувања во зависност од нивото на сончевата активност (турбуленции, експлозии на сонцето). Познато е влијанието на промените и циклусите на месечината врз психичката состојба на одреден број на луѓе (појавата на т.н. “месечарење” при полна месечина). Според оваа аналогија можно е да се говори и за делувањето на другите небесни тела на физичката и психичката состојба на човекот дури и во одреден степен и на формирањето на неговиот карактер, како и на индивидуалните физички и психички особености.


  Веројатно овие знаења на астролозите исто така им биле дадени од паднатите духови. При познавањето на одредени физички и психички особини на човекот, а исто така и на можните последици од влијанието кои на на него имаат и космичките зрачења во одреден врменски период, можно е да се претпостави за оваа или онаа постапка на човекот и одредена негова физичка и психичка состојба. Освен тоа, според признанието на самите астролози, успешноста во составувањето на хороскопот најчесто зависи од интуицијата на самиот астролог, т.е. од оние информации кои ги добива прку одреден космички агенс. Така, една од блиските соработнички на познатиот астролог Павел Глоб, Светлана (презимето во написот не е наведено) изјавила дека тој всушност благодарение на контактот со небесниот “учител на светот” Аштар “и неговите информации ги изработува хороскопите како никој друг во светот”, односно, овде отворено се покажува директен контакт со паднат дух кој на астрологот му помага во составувањето на хороскопот. На ѓаволот многу добро му е позната состојбата на светот во даден момент. Тоа е јасно воочливо од содржината на книгата Јов. Злиот дух, обиколувајќи ја цета земја и набљудувајќи ги луѓето, зборува за тоа на Бога и Господ не ги отфрла неговите зборови како лажни (Јов. 22). На Сатаната и е познато нешто од иднината што произлегува од некои утврдени и неизменливи причини. Исто така, идните збиднувања им се познати и од Откровението Божјо (3 Цар. 22,22) и од набљудувањето на карактерот на луѓето. Паднатите духови се обидуваат да организираат многу од она што се случува во светот и природно знаат и за целта кон која се стремат. Оттука се и некои од поклопувањето меѓу претскажувањето на хороскопот и реалноста.


  Но, карактеристично е и тоа дека повеќето претскажувања на астролозите не се остваруваат. Тоа се објаснува со фактот дека освен астрономскиот фактор, индивидуалните психо-физички особености на човекот, ги одредува и наследството, географското место на раѓање, воспитувањето, исхраната и многу второстепени причини. Што се однесува до судбината на човекот, неговиот живот или смрт, на сите горенаведени фактори се додава уште еден, кој се јавува како главна и пресудна Промисла Божја за човекот. Особено за човекот кој верува, христијанинот, кој се предава на Волјата Божја и постојано ја бара. Таквиот човек се наоѓа под лично ракводство на Самиот Господ. Како што е кажано во Евангелието според Матеј, “Не се продаваат ли две врапчиња за еден денар?  И ни едно од нив нема да падне на земја без волјата на вашиот Отец. А вам и влаканата на главата ви се изброени” (Матеј. 10,29-30).


  Нехристијаните (како и номиналните христијани, традиционалисти н.з.), пак заради оддалечувањето од вистинскиот Бог, во одреден степен се предадени на волјата на случајноста и нивниот животен пат се состои од многу чинители, меѓу  кои се физичките и психички законитости, а исто така и космичкото делување на небесните тела играат многу голема улога.


6. МАГИТЕ И ХРИСТОВОТО РОЖДЕСТВО  (МУДРЕЦИТЕ)

Кај некои постои едно недоразирање во поглед на прашањето: ако астрологијата има демонски карактер и ако нејзината употреба се смета за грев, како тогаш магите го дознале времето на Христовото Раѓање со помош на астрологијата? На ова прашање постојат два одговора, кои не си противречат, но се надополнуваат еден со друг.


  Првиот одговор. Причината заради која магите ја очекувале таа ѕвезда на Истокот и го следеле нејзиното појавување, е поврзано со пророштвата во Стариот Завет. Во книгата Броеви, читаме: “Го гледам, но не е тоа сега, го набљудувам, но не одблиску. Ѕвезда од јаков се издига и жезол од Израил”(ИВ Мој. 24,17). Кај светиот пророк Исаија е кажано: “Дигни се, заблескај… зашто дојде твојата светлина, и славата Господова изгреа над тебе… И народите ќе дојдат кон твоето видело…. кон светлината што изгрева над тебе… сите тие ќе дојдат од Сева, ќе донесат злато и темјан и ќе ја објавуваат славата Господова” (Исаија 60,1-6). Во 71 псалм ќе прочитаме: “царевите на Тарсис и островјаните дарови нека му принесуваат;и царевите на Сава и од Сева дарови нека му донесуваат”(Пс.71,10). Светиот пророк Даниил кој во вавилонското ропство бил определен за началник на вавилонските советници /жреци/ (Дан.2,48) секако дека ги знаел овие претскажувања и не ги криел. Освен тоа, лично нему му припаѓаат пророштвата за времето на Раѓањето на Богомладенецот (Дан. 9,25). Овие податоци кои се однесувале на настан од неспоредливо значење (времето, местото и причините за Христовото Раѓање), и биле утврдени и грижливо чувани од страна на таа школа на жреците на чие чело бил, по сила на настаните кој ги изнесувал пророкот се пренесувале од колено на колено.


  Според податоците на набожниот астроном Кеплер (ЏВИИ) потврдени и со современите астрономски факти, магите можеле да го видат поклопувањето на планетите Јупитер, Сатурн и Марс со некоја сеуште непозната ѕвезда, и таа навистина се појавила на исток, три и половона часот пред изгрејсонце. Ако тие тогаш тргнале на пат и тогаш според мислењето на Алфорд, веројатно за пет месеци стигнале во Ерусалим (Ездра патувал 4 месеци од Вавилон во Ерусалим- Ездра 7,9); според ова, ако вечерта тргнале од Ерусалим за Витлеем, тогаш повторно го виделе поклопувањето на планетите во правец на Витлеем.


  Вториот одговор. Премудроста Божја, која ја обратила човечката злоба во средство кое го носи Јосиф во Египет и допуштила вавилонскиот владетел со посредништво на идолопоклоничките претскажувања и со фрлање на жреб да се одлучи на војна со Ерусалим (Езекил 21,21), исто така можела да даде на астрологијата можност да ги приведе магите кон Христа. Исто така, веројатно е дека Бог им се открил на магите уште пред тие да ја видат ѕвездата, како што Он го направил и после тоа (Матеј 2,12). Бидејќи, познато е дека “Бог сака сите луќе да се спасат и да ја познаат вистината”(Тим. 2,4), сите без исклучок. И се грижи секого да спаси само на Него единствениот познат, и тој човек да го упати на најпримерните патишта.


  Од досега изнесеното за магите кои дошле да му се поклонат на Христа, можно е да се изведе заклучокот, дека тие не го дознале времето и местото на Христовото Раѓање со помош на магијата и астрологијата, туку дека со Божја помош, бидејќи Самиот Господ им го открил оној пат кој за нив и за нивното спасение се мсетал за најпогоден! Затоа, астрологијата нема никакви заслуги за доаѓањето на магите на местото од Христовото Раѓање. Небото и ѕвездите се творби, созданија на раката Божја која на сите им е видлива. заради тоа, во одредени случаи Господ со нивно посредство дава знаци кои најавуваат важни случувања за човештвото. Така, за време на крсните маки на Спасителот, пред самата Негова смрт, “околу шестиот час настана мрак по целата земја до деветиот час; и сонцето се помрачи” (Лк.23,44-45). На луѓето им се објавувало дека од човечки раце е убиен Оној Кој дошол да го спаси човечкиот род и да го објави и открие патот кон спасението, кон Царството Небесно. Се случила привремена “победа” на темнината, се извршило делото на беззаконието, а во знак на тоа земјата била покриена со мрак. Умрел Исус Христос-Сонцето на Правдата, Изворот кој на луѓето им дарува живот вечен, и затоа се помрачи созданието Негово, сонцето како извор на материјалниот живот. Во Еванглието читаме за тоа дека пред крајот на времето, пред Второто Христово Доаѓање ќе има “знаци на сонцето и на месечината и на ѕвездите…. стратни појави и големи знаци на небото” (Лк.21,25; 11) кои заедно со другите пророчки објавени случки и знаци нема да остават сомнеж дека се приближило времето на Второто Христово Пришествие и крајот на светот кој постои. На тој начин, за разбирањето на знаците на небото испратени од Господа, не е потребно познавање на астрологијата или толкување на астролозите: секој кој го проучувал Светото Писмо, нема да се двоуми во разбирањето на она што се случува.

7. АСТРОЛОГИЈАТА И СОВРЕМЕНОСТА

  Сега, кога врз основа на с# она што претходно го истакнавме, можеме да изведеме заклучок за демонското потекло на магијата и астрологијата, и за погубното влијание кое тие го имаат врз цивилизациите што ги прифаќаат, како и за недвослмислениот негативен став што го има христијанската Црква кон сите видови на окултизам, да ја видиме современата слика на развитокот на астрологијата во нашата земја (во Русија, заб. прев.). Тука пред се, неопходно е да се осврнеме на познатите и популарни астролози, какви што се брачниот пар Глобови. Тие често настапуваат на радио и телевизија со предавања за астрологијата и нашироко ја популаризираат таа тема во печатот и ја испреплетоа скоро целата земја со мрежата на астролошката школа. Кој се всушност тие и какви се нивните задачи? Најнапред да им дадеме збор ним самите.


  Во списанието “Работничка”, во написот “Со кого разговараат ѕвездите”, читаме: “Предците на Павле по страната на мајката се Персијанци од родот Хебров во Иран. Уште од минатото го посветувале својот живот на астрологијата. Дедото исто така го поучувал Павле во астрологијата, а пред својата смрт му ја предал на својот внук формулата која на ученикот му го отвора пристапот кон учителите, големите астролози… и му дал завет да ги бара во Индија”. кога Павле пораснал отишол во Индија и еве што кажува тој за тоа патување: “Јас сам ги пронајдов… Учителите ми дадоа признание, во тоа ми помогнаа зборовите на заветот, формулата. Ми дозволија пристап во учењето кое најскриено се предава илјадници години од колено на колено, ми дадоа книги… ме научија како да ја најдам жена и додадоа, дека кога нашите животи ќе се соединат треба и неа да ја посветам во она што го научив, како и дека нам ќе ни биде определена голема мисија”. Како што гледаме од она што го изнел Павле Глоб, тој постапно ги поминал низ сите степени на ритуалното магиско посветување во “тајната на знаењето”.


  Прво: предците Персијанци, наследни астролози кај кои тајната на знаењето по пат на обука и посветување се предава од колено на колено. Дедо му, пред својата смрт му предава завет (а, исто така очигледно и бес, демон – помошник), кој му го отвора патот кон “учителите” односно магите со висок степен на посветеност, кај кои астрологот-почетник е должен да помине соодветна обука.


  Второ: Павле заминува во Индија, го исполнува заветот од дедо му, му се јавуваат “учителите” и тоа го поминува новиот курс на магиско обучување, добива висок степен на посветување, се снабдува со неопходната литература и тогаш е пратен во “голема мисија” во земјата каде што не е развиена астрологијата. За да може полесно да го исполни замисленото, за него со помош на одредени сили, му наоѓаат и жена која тој е должен да ја “посвети во она што самиот го владее”. А, тогаш следува најстрашното. За Глобови со задоволство се отвораат страниците на списанијата и весниците, на телевизијата се во постојаната рубрика “Школа за астрологија” која тие ја водат и со тоа се спроведува масовно распространување и пропаганда со астролошките идеи, земјата се прекрива со мрежи од школи во кои луѓето со голем ентузијазам ги слушаат примамливите приказни на астрологот Павле Глоб, а потоа активно со занмавање со астрологија ги вовлекуваат и своите роднини и пријатели. Таа магиска зараза, заради која во многу пропаднал и светот пред потопот, се повеќе ги зафаќа умовите и срцата на милиони луѓе формирајќи ја нивната свест и стилот на однесување во општеството.


  Во 1991 година излезе и првиот постреволуционерен астролошки зборник под наслов “Тамара” со тираж од половина милион примероци. Тамара – е името на сопругата на Павле Глоб, која е и автор на зборникот. Да го разгледаме оттаму преземениот напис со наслов “Авестиската школа на астрологијата”. Во овој текст Тамара нагласува дека нејзината астролошка школа се заснова на авестиската астролошка традиција, чиј чувар бил зороастризам. Во истиот напис Тамара неколку пати го цитира Евангелието и укажува на исказите на црковниот деец од ЏВИИ век, Симеон Полоцки, така на тој начин кај неискусниот читател може да разбуди илузии за согласност на нејзиното учење со учењето Христово. Но, тоа е само идеолошки мамец кој со авторитетот на христијанството сакаат да го отстранат сомнежот на читателите во однос на учењето на астрологијата. Во сета оваа работа, од почетокот до крајот, содржината на написот на Тамара Глоб не само што не одговара на евангелското учење, туку и директно му се спротиставува.


  Така, Тамара според нејзините зборови, тргнува од основниот закон на авестиското учење “… законот на кармата…, кругот на овоплотувањето, односно повеќекратното раѓање на човечките битија… и стои на позицијата на реинкарнацијата – преовоплотување и еволуција – од минералите, растенијата, животните, човекот се до повозвишените битија”. Сe ова наведено претставува очигледна ерес, осудена на христијанските Вселенски Собори. Христијанството учи дека дека животот на човекот е даден само еднаш и дека од начинот на кој го живее тој живот зависи неговиот удел во вечноста. До Страшниот Суд, состојбата на душите преку молитвите на Црквата и ближните може да се промени, а потоа е неизменливо: или Рај, или пекол, средна состојба нема. Исто така, во својот текст Т. Глоб констатира дека “авестиското учење е наше традиционално учење. Во Русија долго го пренесувале паганските жреци, од татко на син, врачевите геижливо го чувале со векови”. Не сакам да се задржувам на неточноста на овој исказ. Тука интерсно е нешто друго, повик за врќање во паганство, “религијата на нашите предци”. А, тоа во суштина значи – “доле Христијанството, да го отфрлиме Христа, назад кон идолите, врачевите, магесниците, волшебството односно општењето со демоните”!


  И на крајот за такви “сјајни” предлози зборува Т. Глоб: “… Ако упорно го следиме овој пат, почнуваат да се случуваат промени во психата, духот и телото, кои не може да ги објасни ниту еден специјалист на современиот научен свет. Се случува темелно алхемиско преобразување на телото, се менува погледот кон светот и реалноста”. Овде Тамара е сосема во право. При општењето со демоните навистина човекот се менува во целост. Нечистите духови сосема ја заробуваат душата кој им се предала. Затоа, пишува Т. Глоб “Луѓето ќе бидат еднакви на боговите”, зборува Авеста… “Сите способности кои сега се реткост ќе станат вообичаени појави за луѓето. Ќе се комуницира на ниво на потсвест, а зборот ќе стане магиски симбол, како што било случај со магите во древните времиња”. Всушност, со такви дарови како порано што било покажано “ги наградувале” демоните ним одданите волшебници, ѕвездословци и врчеви во замена за бесмртност на душата, кои овие им ја подарувале за чинењето зло во светот.


  Својата задача Тамара Глоб ја гледа во тоа да им помогне на луѓето “да ја подготват свеста за промените што ќе настапат, за да може што повеќе луѓе да успеат да го достигнат нивото… заради примањето на новиот месија кој ќе се јави во Русија”. Овој нејзин исказ го потврдува Тимур свиридов, еден од извонредните претставници на школата на Глобови. Во написот “Што ни подготвува Водолијата”, тој објавува: “Денес на нашата планета се формира нов тип на луѓе, нова раса, која ќе ги владее за нас непознатите способности на окултната природа… За нас е неопходно кај луѓето да развиеме силно астролошко мислење”. И понатаму: “Павле Глоб претскажува дека 1999 година ќе дојде “месија”, што значи Христос, Помазаник, кој наводно ќе се роди во Русија, и ќе даде на новата епоха на Водолијата свој поглед на светот, нов тип на религија”.


  Од сето ова што погоре го изнесовме гледаме дека пропагандата на астрологијата и магијата во нашата земја игра строго одредена улога и ја следи својата цел – астрологијата и магијата треба да бидат уште едно средство за формирање на луѓето но нехристијански и демонски дух. Настапува инвазија на окултизмот врз современиот свет, жестока борба за окупација на умовите и човечките срца, која се одвива на од порано пдготвената подлога на безбожништвото. Најнапред непријателите Христови од човечките души свесно и намерно го оттргнале христа, ги прогонувале, протерувале и казнувале православните ( и другите) христијани заради нивната вера. Верата ја исмејувале, храмовите ги рушеле, христијанските книги ги спалувале. создадениот вакуум во душата настојувале да го пополнат со атеистичките идеи и метеријалистичките будалаштини. И многу под притисок на своето воспитување го примиле сето тоа и почнале со него да живеат. Сега безумството на овие идеи станало очигледно за сите. Современиот човек посегнал за духовниот живот и истите тие непријатели веќе  на големо му предлагаат нова духовна храна – окултизмот. Ненаоружан со православната вера, со познавањето на Светото Писмо и пророштвата на обожените за иднината на светот и доаѓањето на Антихристот, современиот човек не е во состојба правилно да ги процени окултните учења кој му се нудат. Гладен за духовна храна, тој ќе го проголта секој мистички отров кој му го сервираат одредени сили. Со тоа се користат и ловците на душите каков што е Т. Свиридов, кои често и не ги кријат своите намери. Ним им е потребно да ги воспитаат новиот тип на луѓе “со окултните способности”. Неопходно е да се воспитаат луѓето во тој дух кој ќе овозможи доаѓање на лажниот “месија”, Антихристот, кој ќе се обиде како што е проречено во Откровението на Светиот апостол Јован, да го уништи Христијанството и да востанови “нов тип на религија” кој а ќе се состои во поклонение не него, Антихристот.

Подготви: ѓакон Горан Стојчевски ,

Скопје-30.06.2008

 

Посети:{moshits}

TVITer270

П.П. 2008-06-30 11:52:56

 

 


  



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7704
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная