Некој ќе рече: "Јас не сум онаков каков што би требало да бидам, не разбирам ништо таму, не можам да се сконцентрирам". А ти отиди каков и да си. Еден старец кажа: "Кога ќе влезеш во парфимерија и излезеш, облеката ќе ти мириса, дури и ако тоа нема да го сакаш, дури и ако ништо не купиш." Тој кажа дека истото се случува кога одиш на Литургија.



Многу е лесно да ја префрламе топката, ние имаме таква навика да ја префрламе топката на другиот и да прашуваме: „Отче, што да правам? Да го земам тој човек или да не го земам?“ Да, но ако ти кажам да го земеш, а здравјето ти се наруши, се појават душевни проблеми, болести, едно-друго, тогаш ќе велиш: „Ти ме посоветува да го земам!“ Што и да стане, за мене ќе се фатиш. Не, одговорноста треба да е твоја. Тоа е многу важно.
Еднаш еден човек ме праша: „Не е ли за нив разводот подобро решение, во споредба со тоа да живеат една драма, мачеништво кое никако не запира?“ Во принцип готовите решенија се многу лесни. Зашто ако јас сега дозволам „развод“, тогаш некој ќе прокоментира: „Отецот рече дека разводот е добар, кој сака нека се разведе!“ Јас не го спомнав тоа, туку реков дека во одредени случаи, кај некои луѓе се претпочита да се случи нешто кое ќе го промени тој „систем“, отколку сите заедно да пропаднат.

И сега велам дека за сѐ постои решение. Кое е тоа решение? Не знам кое е, кај секој е различно. Но, не е такво какво што си го претставуваш ти, туку како што Бог ти го испраќа. Кога ќе стигнеш до работ на бездната, или кога ќе го допреш дното, ќе дојде некакво решение во твојот живот. Невозможно е Бог да ме остави без помош, макар и во последниот миг. Кога преживуваме некаква трагедија, во мигот на болката го забораваме сето тоа 
„Кога ние, оставајќи ги заради Господа својот дом и своите роднини, се предаваме на отшелништво од љубов кон Бога, демоните се обидуваат да нè вознемират со сновиденија, претставувајќи ни ги роднините како тагуваат, или умираат, или како заради нас трпат искушенија. Поради тоа, оној кој им верува на соништата личи на човек кој трча по својата сенка, настојувајќи да ја фати“.
Во пракса, на човекот секогаш му е тешко да се реши на нешто што му го нарушува комфорот, особено кога станува збор за нешто што е релативно ново во неговиот живот. Ние денес сме многу слаби суштества, подложни на влијанието на цела низа негативни фактори и постојано склони кон барање на некакви утехи, меѓу кои спаѓа и вкусното јадење. Затоа на човекот којшто нема доволно духовен опит, кој тукушто пристапил кон
Опитот во сопружничките односи покажува, дека во голема мера и самите сме одговорни за недостојното поведение на другиот, дури и да не сме секогаш свесни за тоа. Веќе ја допрев таа тема, кога зборувавме за кризата во бракот, кога нашата половинка ни станува непријател, во целата сложеност на поимот: „Тој е таков и таков! Се разбира, и јас не сум идеална, но сите проблеми ги создава тој, таков му е карактерот“.
„Неполни четири години, откако е родена помалата ќерка Теодора, само по болници трчаме. Сега е малку подобра. Ќерките не ми ги примаат во градинка, бидејќи немам пари да ја платам градинката. Со социјална помош од 5.000 денари што попрво да скрпам во месецот. Да ги платам сметките за вода, струја, најважното лекови за малата, за храна. Не стигаат пари“, објасни Стојановски.
Камил Палија предупредува дека се инсталира една вистинска „полова инквизиција“, која преминува во санкции, приговори, контрола, опомени поради јавното изјаснување на очигледната вистина, и ги зафати сите дејности, а посебно академскиот и универзитетскиот свет, во областа на антропологијата, социологијата, психологијата, неврологијата и медицината.
– Ех, да можеше оваа паричка да стане златник, ќе им купев прекрасни подароци на мама и тато.
Во меѓусебните односи меѓу Бога и човекот, постои еден многу главен принцип – принципот на слободата. Светиот свештеномаченик Иринеј Лионски говори, дека слободата – е најголемиот дар, даден на човекот од Бога, и затоа Он никогаш не ја нарушува човечката слобода.
Коренот на сите болести и на секое зло во овој свет – е гревот. Болеста не се појавува сама по себе од никаде, без причина: тоа, како ние живееме, колку искрено и внимателно ги исполнуваме евангелските заповеди, зависи од нашата состојба. Во тој случај, ако ние ги занемаруваме барањата Христови во однос на моралната чистота и духовното совршенство,
Над сѐ: над љубовта, над твојот маж, над твојата жена, над секојдневните настани, да помните дека сте предназначени за небесата, дека сте стапиле на патот кој бездруго треба да ве однесе таму. Невестата и младженецот ги даваат нивните раце, ги позема свештеникот и ги води околу трпезата, играјќи и пеејќи. Ова значи дека бракот е патека, патешествие кое завршува на небесата, во вечноста.
И така, проблемот на пубертетот не треба да го фокусираме на младите луѓе, туку на возрасните. И ако сакаме да ги решиме проблемите на младите, треба да почнеме од себеси. Ние, родителите, ќе поработиме на себе и тогаш ќе видиме дека ќе имаме резултати и во односот со децата. Ако сакаме да ги поправиме, без да се поправиме себеси, сѐ ќе направиме прав и пепел, само ќе отвориме рани и ништо нема да постигнеме.
Раниот развој на децата, според различни методи, е една од многуте моди. Денес, само тоа слушаме: најважен за секој човек во нашиот „информациски век" е интелектот. Многу родители се поткупени од тој аргумент. Мајките сметаат дека детето треба да стекнува огромно интелектуално знаење буквално уште од пелените.
Во извесна смисла, Халовин е играње со темната сила. Се разбира, мнозинството од учесниците на „празник“ размислуваат едноставно да се исплашат едни со други, весело да се изнасмеат и да се вратат во нормалниот живот. Но, спомнувањето на темната сила, а уште повеќе изобразувањето на истата преку зли слики, фустани и маски, никогаш не исчезнува. Сето тоа навлегува во внатрешноста на човекот, и на крај ќе произведе ефект.
Стигнавме дотаму што кога ќе сакаш да му кажеш на детето да ги слуша своите родители, прво ти минува низ глава мислата: „А дали воопшто живее заедно со родителите?“ Не знаеш како стојат работите. Му зборуваш за дом. Потоа ќе му ги видиш родителите и си велиш: „И јас да бев нивно дете, немаше да можам да живеам во тој дом“.























