логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

За сѐ има решение. Едно од решенијата на нашите проблеми е да просиме молитви од оние за кои знаеме дека се молат за нас. Тоа е помош за нашата душа, бидејќи постојат многу тешки моменти во нашиот живот, кога чувствуваме дека тлото тоне под нашите нозе, како Хананејката која Му рекла на Христос дека загинува. Детето на еден страда, на друг е болно, на трети починало. Некој има психички проблеми, затворен е, има депресија… Стигнуваме до момент во којшто ни се чини дека во животот немаме излез, не наоѓаме решение и велиме: „Боже мој, дај ми некакво решение!“

И сега велам дека за сѐ постои решение. Кое е тоа решение? Не знам кое е, кај секој е различно. Но, не е такво какво што си го претставуваш ти, туку како што Бог ти го испраќа. Кога ќе стигнеш до работ на бездната, или кога ќе го допреш дното, ќе дојде некакво решение во твојот живот. Невозможно е Бог да ме остави без помош, макар и во последниот миг. Кога преживуваме некаква трагедија, во мигот на болката го забораваме сето тоа и сметаме дека проблемот е голем и нерешлив. Денес една девојка ми испрати мејл. Не знам од каде е, ми пишуваат различни луѓе, секој со своите маки, јас ги читам и велам: „Боже помогни им, јас не можам да ги решам проблемите на луѓето, тие не се решаваат од еден човек!“ Таа ми напиша:

– Губам разум, плачам постојано.

Потоа ми напиша дека веќе 7 месеци не ги зема лекарствата што лекарот ѝ ги препишал. Ја посоветував да ги пие. Таа ми напиша:

– Не сакам да ги земам, сакам Бог да ми помогне!

Јас ѝ одговорив:

– Ама Бог ти вели да ги земаш. Бог, а не некоја мрачна сила, ти го прати лекарот.

Според тоа, не можеме да не си помагаме со оние класичните методи што животот ни ги дава. Сам Христос многупати им велел на луѓето: Отидете кај свештениците! Посетувајте ги лекарите од вашето време, барајте помош од нив, тие можат да ви дадат нешто, бидејќи сам нема да можеш да се справиш. Проблемот е што оваа девојка, иако се мачи со својот проблем, не може да си претстави дека по извесно време тој ќе помине. Ние луѓето сме склони да ја преувеличуваме нашата болка. Мислиш дека тоа што денес те гуши, ќе те гуши уште 15 години. Ти го преувеличуваш и протегаш до бескрај, наместо да кажеш: „Денес имам проблем. Добро. Но, утре можеби ќе немам. По неколку години кога од далеку ќе гледам на ова, ќе се чудам зошто сум се измачувал толку“. Да, се давиме, и не секогаш во една лажица вода, туку навистина на отворено море, но работите ги преувеличуваме исклучително многу. Имено, нашиот ум го има најголемиот проблем, зашто од таму започнува сѐ, бидејќи проблем не е самиот проблем, туку начинот на којшто гледаме на него. Односно, како ни го толкува умот. Тоа е најголемото измачување – да се мачиш душевно и да преувеличуваш.

„Кога ќе стасаш до работ, набрзо после тоа се случува чудо“, велеше еден парализиран човек. „Бог не ме остава. Решението многупати доаѓа во моментот кога нема повеќе каде да одиш, и Му велиш на Бога: ‘Ако Ти не направиш нешто, јас не можам да продолжам понатаму!’“ И навистина нешто ќе се случеше и неговиот живот се менуваше. Во најголема мера тој се менуваше душевно и на проблемот гледаше порадосно, пооптимистично, со надеж и вера. Јас му реков дека за да дојде решението на некој проблем, прво треба да веруваме дека ќе се случи нешто добро. Она што не го очекуваш со надеж, нема никогаш ни да дојде. Некои луѓе веднаш „прогласуваат капитулација“ во нивната загриженост и очај и донесуваат краен заклучок дека ништо нема да се промени во нивниот живот. Крај! И тогаш навистина ништо и не се менува. Многу е важно да веруваме во промената, во исцелението, во чудото, во подобрувањето на нашиот живот, на нашето дете, на сопругата. Тоа значи во душата да имаме надеж дека доаѓа нешто подобро од очајот и разочарувањето. На пример, правиш ли Елеосвештение – не прави го формално, туку верувај дека сега преку Елеосвештението ќе се случи нешто многу значајно во душата на другиот, како и во неговото тело. Бидејќи ние обично тргаме да бараме решение без вера. Христос што прашал пред да го направи чудото? „Веруваш ли? Односно, веруваш ли дека Јас можам да ти дадам радост, дека можам да ти дадам исцеление, дека можам да ти го воскреснам детето?“ Кога некој ќе речел: „Верувам!“, тогаш станувало чудото, зашто верата е отворање на душата, доверување, примање на радоста. Тоа зависи и од начинот на кој нѐ воспитале. Повеќето од нас не веруваме многу дека заслужуваме да се радуваме. Ние, донекаде, сме ја поврзале радоста и среќата со казната. Односно, кога ќе се израдуваме многу, велиме: „Е, на лошо ќе тргне. Многу се смеевме денес, којзнае што ќе нѐ снајде!“ Утре да очекуваме некаков инцидент – таквата смеа нема објаснување! Односно, не е дозволено да се радуваш и веднаш штом ќе се израдуваш, очекуваш удар. Страшно е што сме научиле да го ставаме стапот во рацете на Бога! Ние, всушност, сметаме дека самиот Бог не сака да се радуваме, туку сака да нѐ гледа како плачеме, како се мачиме и самоказнуваме. Како чувствуваме вина и не наоѓаме решение. Си мислиме дека Бог наликува на некое дете кое ги мачи малите животинчиња, ги прободува, им ги сече крилата и дека Му е убаво да ги гледа како се мачат. Ако имаш таква психологија и расположение, тогаш ништо не може да се промени во твојот живот. Затоа многу е важно да поверуваме дека решението е нешто што го заслужуваме и што Бог сака да ни го даде, за сите наши проблеми. Ние не сме родени за да плачеме. Плачот е за момент, за 5 минути, за 5 дена. Не е за цел живот. Добро, поплачи за душата да ти се смири со Бога, да ја примиш прошката што Христос ти ја дава, да го примиш таинството на проштевањето – светата Причест, исповедта итн. Но, не можеш цел живот да плачеш и да се жалиш. Зашто Кого си Го примил во себе? Оној Кој е мака? Не, Христос е радоста. Он е решението на твоите проблеми. Следствено, треба да го примиме тоа, да поверуваме дека постои решение.

– Не можам да се омажам отче, нема да се омажам!

– Ако си поверувала во тоа, нема да се омажиш. Не постои решение. Но, ако кажеш: „Јас знам дека по извесно време Бог ќе ми даде решение и го очекувам тоа решение со надеж!“ тогаш навистина ќе го дочекаш!

Ѝ реков на една жена:

– Верувај дека тој за кого ќе се омажиш постои во реалноста, – зашто таа беше на 30 годишна возраст. – Тој е жив, едноставно само не сте се сретнале. Создај во умот една мечта, една надеж, една молитва. Што е молитвата? Не е ли тоа нешто важно? „Се молам“, значи дека со сите сили посакувам да се случи она што го сакам за другиот. И така претстави си го оној за кого ќе се омажиш.

– Ама, отче, не го познавам!

– Па што ако не го познаваш! Твојата душа знае дека некој се подготвува да те сретне и тоа ќе се случи.

Тоа очекување, таа психологија на надежта ни носи практични решенија во животот таму каде што не ги очекуваме.

(Продолжува)

Извор: Бигорски манастир



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная