логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

лого

ДЕЦА РОДЕНИ ВО ОКОВИ

Да претпоставиме дека некој тинејџер паднал во гревот на ракоблудот, кога првпат ќе го почувствува тој нагон. Неговите родители не знаат што прави, а тој е се поповлечен, потивок, поуморен, повеќе не учи. Неговата меморија, церебралниот кортекс на неговиот мозок, е загрозена, повеќе не се обновува од хормоните што се лачат од соодветните зони, кои сега се зграпчени од гревот. Со други зборови, неговиот ум е се побавен. Неговиот нарушен телесен раст и темните кругови под очите го издаваат - за тој што знае да гледа. Неговиот ум повеќе не е жив, тој повеќе не сака да си игра, изгледа стар и замислен, а рацете што го направиле грешното дело се тресат. Тоа уште еднаш потврдува дека неговите нерви се во опасност. Ако нема среќа некој да го посоветува или да најде некоја книга, како што ќе расте, последиците од гревот ќе се зголемуваат, како што ќе видиме понатаму.


Половите жлезди имаат двојна функција: ендокрината - да излачуваат хормони во крвта, и надворешна функција - да формираат полови клетки. Кога гревот или развратот од каков било вид и без разлика на возраста, сеедно, ќе загосподари со човекот, од машките или женските жлездени ткива се бара прекумерно да работат и принудени се да произведуваат надворешен материјал, така што тие повеќе не можат да ги излачуваат неопходните хормони во крвта. Имено, настанува неурамнотеженост во ендокрината средина. Оваа неурамнотеженост се одразува и на нервниот систем, каде што невроните, без соодветните стимулирачки агенси, функционално дегенерираат и човекот почнува да се чувствува истоштено. Доколку блудничењето продолжи, невроните ќе изумрат. Блудот убива милиони неврони.


Исто така, мора да се знае дека сите ткива се регенерираат, но не и невроните од централниот нервен систем. Доколку се оштетат, тие никогаш нема да се регенерираат.


Да претпоставиме дека „возрасниот" млад човек сака да држи чекор со светот - сака да се ожени. Тој не може да го направи тоа, ниту пак, некоја жена го привлекува, а истовремено, ниту тој баш не ги привлекува девојките. Што не е во ред? Гревовните нагони ја заробиле неговата животна енергија, ја уништиле неговата убавина и целосно го исцедиле. Повеќе не вдахновува љубов, туку сожалување. Не може да се гради куќа од жал или одбивност.


Лекарите советуваат: жени или брак. Се разбира, гревот нема да исчезне кога ќе се замени со друг грев - тоа е еден магичен круг. Но бракот, дури и да е беспрекорен, го носи бремето на минатото и укорите на иднината.
Поради разните видови грев и делумната или целосната неисправност на својот нервен систем, човекот ја губи нервната сопирачка на својот функционален ритам и, неуморен во таквите гревови, тој можеби никогаш нема да се синхронизира со ритамот на својата сопруга. Дури тогаш започнуваат досадата и згрозеноста на неговата сопруга, бидејќи таа секогаш ќе биде незадоволна, кои ќе ја доведат до невроза, локални болки и помисли за неверство. Не е нејзина вина што ќе го напушти, минатото на сопругот се одмаздува. Понижен поради своите гревови, сопругот повеќе не е синхронизиран со мајчинскиот инстинкт на својата сопруга и сега мора да отплати: нема потомци, па дури ни сопруга.


Но, да претпоставиме и дека има деца. Неговите деца ќе ги наследат следните родителски тежини: кревко здравје, остарено лице, деформитети за кои нема лек, а дури и да останат живи, подоцна ќе се мачат со раслабен ум. Како и зошто? Еве го одговорот: општопознато е дека сите човекови дела се запишани на две места: некаде, на Нечиј невидлив извештај, и второ и повидливо, во малите зрнца на хроматинот, во хромозомските гени, односно во биолошкиот фактор на наследноста. Зарем родителот не уништил милиони неврони со своите гревови? Бидејќи невроните никогаш не се регенерираат, збирот на уништени клетки и здравјето што човекот го имал во моментот кога го „повикува" своето дете во светот ја отсликува неговата состојба во тој момент, која веќе била впишана во неговата залиха на хромозоми. Тој сега е носител на голем број рецесивни гени, нешто што можело да се избегне доколку родителот подобро се однесувал. Сакате доказ? Еве го. Никого не напаѓам; напротив, сечија болка ја чувствувам како моја.


Да претпоставиме дека некој брачен пар немал проблеми со пороци во младоста, така што немаат ослабен нервен систем. Сепак, животните потреби се доволни човек нервно да се истошти. Овој умор од животот е, всушност, умор на ентузијазмот, на остроумноста, на отпорната виталност на нервниот систем и на сите други ткива и течности. Со текот на времето, ваквите настани веднаш се втиснуваат во генетското наследство по татко, зголемувајќи се се повеќе како што поминува времето. Биолошкиот фактор на наследноста ја резимира состојбата на човекот во секој миг и ја одразува биофизичката состојба на родителите, и одделно и кога се заедно во процесот на создавање. Ова се покажува на деца кои се раѓаат по подолг временски период. Децата од млади родители се посвежи, поенергични, поздрави, попаметни, додека пак, децата од постари родители се послаби, недоразвиени, изгледаат постари. Тие не се виновни и нема лек за тоа. Генетски тие се создадени непоправливи, во видлива хармонија со материјалот што им бил даден на крстопатите на времето. Враќајќи се повторно на меѓусебната условеност, сега може да се разбере механизмот на појава на „плевел" во низата хромозоми, рецесивни гени и несреќата што може да ја предизвикаат ако не бидат отстранети од поздрав пар гени од другиот родител.


Последиците од блудот се тешки уште во младоста. Можеби од досега кажаното е јасно дека за време на блудничењето целиот организам слабее: жлездите остануваат потполно атрофирани, без функција, со сите последици што произлегуваат од дисбалансот на течностите. Како што поминува времето, настапува фазата кога различни органи отстапуваат од општата икономија на нашето тело и на тој начин доаѓа до стерилитет, невроза и општа состојба на болест или склоност кон различни видови болести.


А сега да ги спомнеме духовните настроенија низ кои минува човекот: страв, нерешителност, опсесивност, фикс-идеи, погрешно толкување на значењата и постојан конфликт со совеста.
Тоа е реакцијата на човековата душа кон бедните услови на неговиотдом освоен од страстите.

НОРМАЛНИ БЕБИЊА ИЛИ БЕБИЊА РОДЕНИ ВО ГРЕВ

Полигамниот инстинкт на човекот, исто така, го достигнува следното: ја игнорира Божјата заповед и ништо не го сопира во извршувањето злосторнички дела. Фактот што човекот не може да се воздржи го деградира, го одвлекува од неговите чест и достоинство, и го нурнува во едно пониско царство, управувано од кој било маж.


Имено, оваа ситуација има и други последици. Ако човекот е структуриран на повеќе нивоа на постоење, секое неусогласување или неурамнотеженост во неговата природна состојба на хармонија ќе има последици. Човекот што го свртува својот поглед кога станува збор за Бог и за неговата душа, со никаков морал и никаква почит кон духовниот поредок на децата што доаѓаат на свет, со никаков интерес освен својата похот, ќе има деца кои ќе го наследат сето неусогласување со божествената средина, во која се движиме и живееме: „оти ние преку Него живееме, и се движиме, и постоиме" (Дела 17, 28).


Мојсеј, кој знаеше генетика преку откровението, ни остави некои записи што ни одговараат за темата: „А сите денови од животот на Матусала беа деветстотини шеесет и девет години; потоа умре" (Бит. 5, 27). „А кога луѓето почнаа да се множат на земјата, и ќерки им се народија, тогаш синовите Божји, гледајќи ги ќерките човечки дека се убави, ги земаа, кои што ги сакаа, за жени. И рече Господ Бог: 'Духот Мој нема вечно да пребива во луѓето, зашто тие се тело; ете деновите нивни нека им бидат сто и дваесет години'" (Бит. 6, 1-3).


Меѓутоа, идејата за долговечност беше утврдена во брзаците на Ноевиот потоп. Сепак, гревовноста премина на идните потомци дури и преку палубата на Ноевиот кораб, така што во времето на цар Давид, Бог им даде дополнителен бонус: „Дните на нашиот живот се седумдесет години, а ако сме крепки и до осумдесет години; и повеќе време од нив се во труд и болести".


Кој е просечниот животен век денес? Може да ги погледнеме некролозите. Меѓутоа, и без да го направиме тоа, факт е дека повеќе нема стари луѓе достојни за почит, вистински Божји образи во човештвото.
Скратувањето на нашиот животен век дојде како наплата за падот на нашата човечка раса во разврат. И тоа е и повеќе од праведно. Дали Бог го надарил човештвото со такви прекрасни дарови за да го отфрли и да дозволи луѓето да живеат на земјата задоволни само со својата улога на машко или женско? Дали тоа е единствениот Негов копнеж?


Ненавикнат на повисок стремеж или неволен да се искачи по патот што го наложува Бог преку Црквата, да го доведе човекот во ред и да му помогне во неговото искачување во царството на духот, тој е неусогласен, а не резонантен со Него. Не можеш да избегаш од Бог само поради тоа што не си Му послушен, го негираш Неговото постоење или ја игнорираш Неговата Црква, зашто Бог има Свој ред и посакува ти да го следиш.
Соломон, кој поминал низ тоа, го проѕрел следното: „А безбожниците ќе бидат казнети за своите мисли; затоа што ги презреа праведниците и отстапија од Господ. (...) Нивните жени се неразумни, а децата лоши; проколнат е нивниот дом. Блазе на неродилка, која не се осквернила, која не познала незаконска постела; таа ќе добие плод- кога светите души ќе бидат наградувани. (...) Децата на прељубниците ќе бидат несовршени, а плодот на беззаконата постела пропаѓа. Макар биле и долговечни, за ништо нема да ги сметаат; нивната длабока старост ќе биде без почит. А ако умрат рано, нема надеж, ниту имаат утеха за судниот ден; зашто страшен е крајот на грешниот род" (Сол. 3, 10; 12-13; 16-19).


„Многубројното потомство на безбожникот нема никаква полза, воздивнувањата на прељубниците не пуштаат длабоки корења и немаат тврда основа. Зашто, ако набрзина пуштаат гранки, слабо вкоренети, ќе се расклатат од ветрот, а од ударите на силните ветрови - ќе бидат искорнати. Кревките гранки ќе се искршат, плодот ќе им биде бесполезен, незрел за храна и непотребен за ништо; зашто деца родени од беззаконски бракови - сведоци се за развратот на своите родители при распитот на судот" (Сол. 4, 3-6).


Ова се сведоштва од Светото Писмо за бедната предназначеност на плодовите на гревот, резултат на полигамните и сексуално неморалните инстинкти на човекот.
Меѓутоа, зборовите на пророк Езекиил се попречени со еден зрак милост, кој опфаќа неколку исклучоци. За нас е од огромен интерес обновувањето на бедното генетско наследство. Следниот извадок е за еден татко, кој направил секакви лоши дела, но во услови на видлива и невидлива помош, неговото дете ја сфаќа разликата помеѓу доброто и лошото, не извршувајќи ги лошите дела на својоттатко. Најверојатно, наследил подобри гени од својата мајка. Значи, ако на еден од родителите „му се роди син, кој, гледајќи ги сите тие гревови на својот татко, какви што ги вршел, па гледа - и не врши слични работи... кон идолите на домот Израилев не свртува очи, жената на својот ближен не ја осквернува и човек не присилува, залог не зема и насила не одзема, од лебот свој му дава на гладен и гол со облека облекува, врз беден рака не крева, награди и лихва не зема, ги исполнува Моите повелби, тој нема да умре поради гревовите на татка си: тој ќе биде жив. (...) Вие велите: 'Зошто, пак, синот не ја сноси вината на татка си?' Затоа, што синот постапува законски и праведно, пази на сите Мои наредби и ги извршува: тој ќе биде жив" (Езек. 18, 14; 17-19).


Дали е можно, во случајот на неколку среќни исклучоци, човек да се ослободи од бедното генетско наследство? Да, можно е, но само со живот во чистота и голем подвиг.

НИШТО НЕ Е НЕВОЗМОЖНО

Конфликтот или неусогласеноста помеѓу полигамниот инстинкт на мажот и мајчинскиот инстинкт на жената не може да биде победен, решен или променет освен ако и двајцата не живеат христијански живот и не го следат неговото учење со целото свое битие... Христијанството е второто создавање на светот, второ создавање на човекот, ново создавање на човековата природа. Господ Исус Христос го придружува човекот и заедно со него поминува низ Неговите учења, Неговата Црква, Неговите заповеди, Неговото Слово, помагајќи му на човекот со Своите дарови, со Своето пребивање во нас и како Бог, Он е сеприсутен. И повеќе од тоа, Христос го придружува, па дури и го води создавањето на секој човек што доаѓа на овој свет, засновано на Божјата сеприсутност и семоќност. Бог е главната причина што го обликува животот во сите свои особености, така што секој човек е единствен меѓу луѓето. Бог одлучува во малата бесконечност кои вештини и аномалии мора да се изгонат од двете поларни клетки што носат половина од хромозомите. Бог одлучува за одбраноста на нашиот можен човечки изглед што Он го утврдил уште пред да се родиме на земјата. Бог ја одредува нашата предназначеност на тој начин што одредено групирање во нашата мала бесконечност може да има огромни последици за нашите идни изглед и дејства. (...)


Излегувањето од ова ограничување каде што „Се казнуваш себеси со своите лоши дела и се камшикуваш со својот атеизам", е можно само доколку од опит се познае невидливото присуство на Христос во себе и со секое делче од своето битие живееш според христијанското учење. Тогаш Бог ќе овозможи да ја изгониш рецесивната трева преку механизмот на наследство и со текот на времето, како резултат на човековото страдање за Бог, ќе претвори многу од рецесивните гени во доминантни гени, нешто што е можно за Бог. Силата на верата, засилена со силата и благословот Божји, има незамисливо влијание врз нашите слабости. Чудото на ова регенерирање се случува таму каде што има доволно вера, за да ја претвори рецесивната конфигурација во доминантна, без разлика дали преку раѓање или само за еден миг. Силата Божја е безгранична, за разлика од нашата ограничена сила. Затоа, ништо не е невозможно. Кога не Го посакуваме, Он не се меша. Он не создаде без никаква помош од наша страна и Он никогаш нема да го заврши Своето дело без нас.
Само човекот што Го има Христос за своја глава ќе може да ги надмине неговите склоности кон изопачено однесување и во точно време ќе го штити своето новороденче, од неговата ембрионска состојба до целосното одбивање од доење.


Таквиот човек не е непријателски настроен кон Преданието, кое го чува од занемарување на постот во посните денови и празници - како човек што го знае благоволението Божјо. (...)
Поради тоа, кога луѓето стапуваат во брак, бројот на години дозволен од законот не е доволен сам по себе, потребна е и зрелост на човековата вера во Бог, преку која „држејќи се во границите на законот", се победуваат страстите. Зрелоста на бракот се одредува според умствената состојба на сопружниците, а не според нивните нагони; според нивната вера, а не според недостигот на вера; според нивното воздржување, а не според развратот.


Нашиот живот има три фази на развој: вегетативна - пред да се роди, биофизичка - без прецизно одредени граници, и духовна. Многумина ги живеат само првите две фази од животот, без и да помислат да одат понатаму.


Нормалниот раст го развива човековиот живот во неговата духовна фаза, во длабокото живеење според христијанската вера. Само тогаш младите ќе можатда си овозможат доволно залог дека ќе живеат во брак исполнувајќи ги Божјите заповеди и ќе ги зауздуваат своите противприродни страсти. Единствената причина поради која Бог го дал сексуалниот инстинкт е создавањето на нови животи, создавањето деца. Секое изопачување на оваа цел е прељубодејство и пад од христијански во пагански живот.

Извор: Father Arsenie Boca, Path to the Kingdom,
Deva: Charisma, 2014


Игумен Арсениј Бока (1910-1989), бил јеромонах, еден од исповедниците за време на комунистичкиот период во Романија. Дипломирал на Богословската академија во Сибиу и на Институтот „Беле Лрте" во Букурешт, а истовремено студирал и медицина на Медицинскиот универзитет во Букурешт. По четири месеци поминати на Света Гора, стапил во манастирот Бранковејану во Самбата де Сус, каде што бил игумен до 1948 година, а потоа бил преместен во манастирот Прислоп. Во мај 1959 година бил избркан од манастирот од страна на тоѓашната власт и неколкупати бил затворан. Откако бил ослободен, не му било дозволено да служи и бил под постојан надзор на Секуритате. Бил исклучително харизматична личност - додека живеел во манастир кај него за совет доаѓале по илјада луѓе дневно, а на неговите Литургии присуствувале и до десет илјади луѓе. Се упокоил на 28 ноември 1989 година.

 

 Извор: ПРЕМИН бр123/124

 

Друго:

3.angeli.so.truba

 

Извор:

TVITer270

П.П. 2018-03-05 17:33:25

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7704
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная