логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 HRISTOS.EVANGELIE

 

Прашање:

Гледам дека нема никаков критериум за проповед кај нас, секој може од ракав, се појавуваат многу мислења, многу ставови, слободни, кои лесно ги прифаќаме. А ако некој цитира од светителите оди во крајна апокалипса и пропаст и судење. Како да го сочуваме здравиот духовен живот?
 

 

Почитувана,

Прашањето коешто го поставивте, би требало, особено во денешно време секој да си го постави, бидејќи одамна бевме опоменати дека ќе се појават лажни учители.

Лажните учители немора неминовно да бидат помагачи на антихристот или пак обележани од народот како непријатели на христијанството, туку нивната бројност е огромна, бидејќи проповедувајќи, ретко кој од нив се прашува, повторно според зборовите Христови: со каков дух е? Всушност проповедтта е врзана секогаш за Евангелието Христово, бидејќи во Евангелието имаме сѐ што ни е потребно според зборовите: „Ти имаш зборови за живот вечен.“ (Јн.6,68).  Излегувајќи од духот на Евангелието излегуваме и од рамката на Блаженствата, следствено излегуваме од рамката на Божјите заповеди. Со сето ова, во нас се развива првенствено дух кој ја бара правдата на земјата, неминовно следува осудување, напаѓање, злопамтење и сето она кое е синоним на гордоста во човекот, а е производ на човековата падната природа.

Проповедтта кога е во духот на Евангелието, почнува со повикот за покајание, повикот за преумување, согледување на сопствените страсти, односно поттик на еден внатрешен духовен живот во кој ќе се развие односот помеѓу мене и тебе, а со тоа се отвора пат кон односот помеѓу јас и Господ.  Проповедниците, беседниците, исповедниците, духовниците би требало да се движат во Евангелската рамка, ползувајќи се од Духот на вистината, така што секое поучување, исправување, а можеби и опоменување треба да дојде од сето она што е добро востановено во Црквата преку Духот Свети и не смее никако да биде производ на сопствено мислење. Расудувањето е дар Божји којшто се дарува на оние кои себе ќе се смират, а особено постојано се трудат да се постават на местото на оној кој ќе погреши или сака очите да ги подигне кон Господа.

Особено важен е моментот кога со јазикот на трпението и смирението се сметаме криви за сѐ.

Кога зборувате дека се повикуваат на одредени светители кои зборуваат за крајот на светот, мора да ви напоменеме – пророштвата нивни се дадени во времето, а времето е сопственост на Бога Отецот и Он единствено знае кога и што ќе дојде. Во Црквата Отците свети постојано Го молеа и Го молат Господа да даде уште денови за покајание, денови за преумување, простување. Да го одложи судот врз светот и човекот. Затоа нѐ поучува Господ во Евангелието „ако ви каже некој: еве, овде е Христос, или ене, таму е, не верувајте!“(Мк.13,21) односно трудете се, секој ден да го користите за преумување ваше, преобразување на страстите, а не да живеете со дух апокалиптичен, исчекувајќи го оној кој треба да дојде.

Можеме да заклучиме дека Господ нѐ повика најпрвин да го бараме Царството Небесно и неговата правда, особено да запаметиме дека Господ се спротиставува на горделивите, а на смирените им дарува благодат. Затоа ползувајте се од зборовите Негови – „мир ви оставам, мирот Свој ви го давам“ (Јн.14,27).

Приклонете се кон Царот на мирот Кој кажа дека наши непријатели сме ние самите и демонот кој се накалемува на нашите страсти и слабости. Тоа е целата вистина.

Никој не знае кога ќе дојде денот Господов, бидејќи тој е како крадец во ноќта, дотогаш да се поучуваме од Светите Отци коишто се наоружале со големо смирение и трпение. Една битна работа постои, а тоа е слободата наша, која никој не може да ни ја одземе, освен сами ако не ја подариме, прокоцкаме или изгубиме. Ја подаривме на Господа кога на Светото Крштение кажавме дека сакаме да се откажиме од сите дела коишто непријателствуваат спрема човекот, ја подаривме барајќи ја Божјата волја во нашиот живот, можеме да ја прокоцкаме ако постојано паѓаме во замките нечестиви кои ги нуди во овој свет, а може да ја изгубиме ако се задолжиме према овој свет, надевајќи се повеќе на човека отколку на Бога.

Уште еднаш држете се до Евангелиeтo и до сите оние проповедници кои проповедаат покајание и го наведуваат човека да го бара мирот кој исходи од Царот на мирот. Сѐ друго ќе помине.

Оставајќи ве на молитвите на Онаа Која Него Го роди и сите Светии нека благодатта Божја ве закрилува во сите денови од вашиот живот.

 

На Света мач. Харитина

Манастир Св Јован Претеча Слепче

 

Извор:

3.angeli.so.truba

https://www.manastirslepche.mk/article/gledam-deka-nema-nikakov-kriterium-za-propoved-kaj-nas-sekoj-moze-od-rakav-se-pojavuvaat-mnogu-mislenja-mnogu-stavovi-slobodni-koi-lesno-gi-prifakame-a-ako-nekoj-citira-od-svetitelite-odi-vo-krajna-apokalipsa-i-propast-i-sudenje-kako-da-go-socuvame-zdraviot-duhoven-zivot-1

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная