Тихомир Јанчовски: „Одамна не се плашам од ништо...“
Одамна не се плашам од ништо
и си го барам, со огин што гори
и не изгорува
одамна не му верувам на умот
кој е бесно куче што лае
и не може да престане
Одамна не се плашам од ништо
и си го барам, со огин што гори
и не изгорува
одамна не му верувам на умот
кој е бесно куче што лае
и не може да престане
-И ете, од таа случка, - продолжуваше Лукерја – почнав да венеам, да се сушам, р`ѓа ме зафати, ми стана тешко да одам, а после не можев ни да владеам со нозете. Дојде ред да не можам ни да стојам, ни да седам: се` полошо и полошо. Вашата мајка, по својата добрина, ме покажуваше на лекари и ме испрати во болница. Но, од сето тоа мене не ми стана подобро. И ниеден лекар не знаеше да каже каква е мојата болест.
- Те гледам како ти светнуваат очите кога баба ќе влезе во собата. Сакам и јас да го имам тоа. Се учи ли тоа бе дедо?
- Синко, не научив јас многу школи, ама животот добро го научив. Тоа што го знам, тоа ти го кажувам... Некои луѓе мислат дека радоста е во многу жени. Тие се кукавици синко. Тие само земаат, а се плашат нешто да дадат.
Во сите науки, така и во историјата сите дискусии треба да се водат аргументирано и со факти. Кога биле во прашање дискусиите за македонскиот национален континуитет, неговите негатори секогаш ја наметнувале тезата дека не постојат средновековни докази за постоењето на Македонците како нација или пак за постоењето на посебен Македонски јазик.
Излезе од печат третата стихозбирка Богољубива поезија од циклусот Манастирски води - Убавина, под псевдоним на Кипријан Слепченски.
Рецензенти за оваа книга се проф. д-р. Владимир Мартиновски, академик Катица Ќулавкова и познатиот македонски поет и писател Раде Силјан.
Клаудија Лутовска
Да се повика на историска одговорност кон сите домашни и светски фалсификатори е должност на сите кои живееме во ова време, во кое, сите тие влијанија се свирепи удари врз Македонскиот народ, неговото постоење, постоење на Македонскиот јазик, како најстар светски јазик. Во македонската будност и свесност, се појавува уште еден пишан осврт во прилог на вистината и македонштината.
Минатата година , по долгогодишно истражување низ познавање на 6 светски јазици, издадена на англиски јазик е книгата “Македонскиот јазик, Потекло на јазикот, Коренот на зборовите”. Авторката Светлана Симоновска, е уште еден македонски современик кој посветено ги анализира и поставува тезите, како продолжение на светски лингвисти.
Швајцарскиот лингвист Фердинанд де Сосир, во XIX век доаѓа до откритие за јазиците:
“Пред латинскиот јазик, постои период во кој грчкиот и словенскиот се во заедништво пред да се поделат. Што ја докажува историјата на јазични семејства, како потребна. “ – Фердинанд де Сосир
Според истражувањето на Симоновска, многу светски истраувачи и лингвисти во светот тоа го занат, во 19 век се цитираат германски и руски лингвисти кои ги објавуваа овие сознанија, но најчесто тоа ги прати како клетва, по изјавата некои од нив веднаш пострадаа. Еден од нив е англискиот лингвист Мајкл Вентрис.
Македонскиот е најстар кодиран јазик со најстара азбука,а словенското име е накалемено подоцна, е нејзината констатација.
Македонскиот јазик е единствениот, документиран и евидентиран јазик, досега, назад многу илјадолетија. Од еден поново откриен и успешно дешифриран натпис на камен, се гледа дека зборот Македонија има 77.000 години старост. Овој натпис е пронајден на многу неочекувано место, на јужниот крај на африканскиот континент во археолошкиот локалитет, пештерата Бломбос, Јужна Африка, за кој пишуваше Васил Иљов.
„Какво име е Трајан? Трајан императорот?“, прашува Симоновска- „ќе откриете дека името е со непознато потекло и дека не се знае значењето, ако истражувате подлабоко. Но, ние , Македонците го препознаваме“.
Според македонската традиција, името Трајан им се ставало на деца во семејства каде не можеле да имаат деца, па Трајан се дава како име на дете да биде благословено со името кое го носи за да живее, за да трае“.
Симоновска објаснува и анализира англиски, меѓународни зборови и топоними низ призмата на македонскиот јазик. Книгата “Македонскиот јазик, Потекло на јазикот, Коренот на зборовите”, напишана на англиски јазик, на преку 350 страници и со преку 2.000 општо познати именки, глаголи, придавки др, го дава македонското, алтернативно толкување на етимологијата и јазикот воопшто. Сегменти од македонската цивилизација како и култура се внесени.
„Низ Библијата се споменува Каин, кој подоцна по убивањето на својот брат се покајал. Ако за сите други е неразбирливо, за македонците е разбирливо зошто на овој лик му е дадено името Каин. Или библиската книга по Јеремија, кој живеел и пред времето на Александар Македонски, каде според приказната во библијата Господ му рекол да носи јарем околу вратот за да го прикаже вавилонското ропство. Јарем е збор кој го препознаваат македонците.“
Низ примерите кои се детално анализирани и опишани низ книгата на Симоновска, се споменуваат многу зборови кои се одомакинети низ светските јазици, за кои нема појаснување и не се разбирливи за другите, сем за македонците. Името на „Аспасија“ (била девојка на Перикле), зборот „морал“, зборот „анемија“ (недостаток на првото важно нешто- а-нема), Брест (град во Франција, за кој французите немаат објаснување од каде му е потеклото и што значи, но нам ни е јасно, тоа е градот на Брестовите). За кремирање се користи кремен камен, и зборот „кремирање е нејасен за светот.
Етимолозите обично го припишуваат потеклото на англиски и меѓународни зборови како да е од Коине и Латински. Овие два јазика и системи за комуницирање имаат животен век од околу две и пол илјади години. А што е со 5.000 години и 10.000 години пред тоа?
Непобитни се фактите за непрекинатиот континуитет на македонскиот јазик писменост и сеопшто македонската цивилизација стара преку 100.000 години.
Официјалната верзија за јазиците, која ја предаваат академските институции и школи во Македонија а, посебно во западниот свет во научните области историја и лингвистика вели дека на Македонскиот Полуостров се појавува дисконтинуитет. Со тоа сакаат да кажат дека до 6 век наша ера целото човечко население исчезнува и целиот полуостров е празен и не населен освен на сувите и суровите, неплодни острови на Егејското море заедно со остатокот на делот од Македонскиот Полуостров кој денес е под администрација на државата Грција.
Значи според етаблираната логика и “верзија” грото од полуостровот е празен без луѓе и нова гарнитура на луѓе за првпат се преселуваат и населуваат од север кои се именуваат со општо име словени. Ako e така се прашувам колку научни трудоови, докторати и книги се напишани на темата, стара прататковина на словените, нивната преселба и попрецизни податоци на водачи кои ги воделе на тој пат на југ итн.
Само на грчка територија античките народи и племиња преживуваат и благодарение на тоа денес само грците имаат антички корења. Теоријата која се изучува во училиштата и по факултетите е неприфатлива, и невистинита. Науката во поново време, т.е доста прецизната генетика истотака оди против оваа официјална верзија на историјата и лингвистиката и докажува дека сите граѓани од сите држави кои постојат на Македонскиот Полуостров имаат антички корења а не само ексклузивно денешните грчки граѓани, појаснува Симоновска.
Професорот Ташко Белчев преку своите истражувања, фактографски повикува и докажува дека најстариот досега документиран јазик и азбука е македонскиот јазик и македонското кирилично писмо кое постои низ илјадници години наназад, во Неолитот но, и многу порано од тоа.
Се разоткрива вистината дека светската и западната цивилизација лежи врз македонска база. Сите други верзии за корењата на светската историја и цивилизација се фалсификати и чисти фабрикации, измислени од германските и англиските кујни на 19 век.
***********
Македонскиот јазик низ милениумите- осврт низ фактографски докази и иториски анализи од записи на автори низ вековите
Непобитни се доказите и фактите кои сведочат за македонскиот јазик, македонската нација, македонската цивилизација.
Македонско евангелие, на пергамент, сведоштво за македонскиот јазик и православните религиозни практики, кое потекнува од XI век, кое се чува во катедралата Нотр Дам во РЕМС источно од Париз. Евангелието се состои од 47 страници, од кои 16 се напишани на кирилица, а 31 на глаголица. 1717 година рускиот цар Петар Велики го посетува Ремс, тој забележува дека во евангелието има и страници запишани со кирилична азбука и за него разбирлив јазик, македонскиот. Потеклото на евангелието е загадочно. Самите историски факти кои покажуваат дека словарниците кирилица и глаголица, нивниото потекло, темел и развој се наоѓаат длабоко во древениот македонски јазик, со писмени докази уште од пред 400.000 години (факти од книгата Зета Македонија од Бранко Сотироски).
Во осумнаесеттиот и деветнаесеттиот век е пласирана тезата дека само „Античка Грција“ и Рим се периоди на зачетокот на модерна Европа, не водејќи сметка за постарите наоди, како докази за големите достигнувања во науката, уметноста, спортот, митологијата и писменоста, кои се основа за овие подоцнежни достигнувања. За жал овој став на научниот свет е застапен до денес, претставувајќи ги постарите наоди како дела на„примитивен народ од палеолитот и неолитот“, одбивајќи ги новите толкувања на еволутивната историја поткрепени со пишани документи, пишува Сотироски.
Македонскиот јазик со кој ние и ден-денес зборуваме, во помалку или повеќе неизменета форма бил во употреба и за време на владеењето на Јустинијан I Велики, и пред него. Докази за тоа и за континуитетот на Македонската писменост која била раширена по цел свет има безброј, а заслугата за неа денес се приграбува од многу модерни нации.
Македонски лексикограф Америас во 3-от век п.н.е ги запишал чисто Македонските зборови: Зелка, Елан, Кал-јаруга, Клизи(он), Легло, Лична, Смуѓ, Шор, и т.н. Англискиот историчар Хамонд (T.Hammond) направи случај со зборот “Челник” кој остана забележан од повеќе антички автори.
Римјаните од Стариот Рим и Ромеите од Константинополитана Нов Рим пренесоа бројни сведоштва за континуитетот на Македонскиот јазик низ вековите. Во 4 и 5 век Св. Јероним од Стриговиа, забележан како доктор, теолог и познат историчар во Сиријa на тогашното Ново (Источно) Римско Царство во 4-от и почетокот на 5-от век, е творец на Глаголицата – цели четири века пред Кирил и Методиј.
Не дозволив е пропустот и неправдата кон македонскиот јазик, народ, нација, од страна на лингвистите и научниците, да ни сервиpаат една историска завера: „писменоста ни ја создале Кирил и Методиј во 9 век…“
Вистината и доказите укажуваат дека Кирил и Методија, во 9-от век на барање на Великиот Кнез Ростислав од Велика Моравија, и по наредба на Царот од Контантинополитана Нов Рим, пристапиле кон создавање на азбука која би била читлива и полесно совладувана од широките маси, и да ја упростат глаголицата, која била привилегија на одредена класа на луѓе.
Кирил и Методиј, го упростиле дотогашното Македонско Црковно Писмо – Глаголицата, во облик кој би бил поедноставен за читање и пишување и поразбирлив за широките народни маси.
Според познатиот Сиријски историчар и теолог Јаков од Воден (Jacob of Edessa) династијата на Авгаридите која останала во Сирија по походот на Александар била по потекло од Македонија, од околината на Воден. Тој понатаму објаснува и дека тие бидејќи биле родум од Беломорска Македонија, во Сирија градот кој го основале на местото на поранешниот град Урхој (Urhoy) си го нарекле истотака – Воден. Тоа е само еден од низот градови со Македонски имиња во Мала Азија посведочени од историчарите: Бела, Бер, Диум, многубројните „Александрии“.
Лексиконот на Македонски Јазик направен пред 400 и кусур години од професорот Чиро Џанели (Čiro Gianelli) од Римскиот Универзитет и Андре Ваилант (Andre Vaillant) од Франција. Тие биле во Богатско, Беломорска Македонија, и таму запишале голем број зборови со кои се служеле Македонците во 16 век. Оригиналот на овој Македонски Лексикон се чува во архивата на Парискиот Универзитет. Еве како зборувале Македонците во тој дел од Македонија:
“Господине, брате, да си здрав, да си прост, остави ни да спиме, ела да јаме, и да пиме, дол да појдиме, да работиме. Имате хљабо(леб) да купиме, имате вино да купиме, од која страна да појдиме во Богацко.“ ….
извор:http://mn.mk
10.08.2018 год.
Подготвил: Тамара Гроздановски
Новиот закон предвидува кирилиско писмо да има апсолутна предност над латиничното. Ова писмо ќе мора да го користат државните органи, медиумите, фирмите и образовните и научните институции.
Владата на Србија ќе формира Совет за српски јазик чија работа ќе биде да се грижи за почитување на службената и јавната употреба на српскиот јазик и кирилиско писмо. Советот ќе има девет члена кои, паралелно со Одборот за стандардизација на српскиот јазик, ќе се грижи за номинирање, негување, унапредување и заштита на официјалниот јазик и писмото.
Ова се дел од новостите што Министерството за култура ѝ ги предложи на Владата на Србија, а кои би требало да се применат со измена и дополнувањее на Законот за службена употреба на јазикот и писмото.
Членовите на Советот за српски јазик ќе бидат именувани од Владата на Србија, а извештајот за работа ќе го доставен до Собранието најмалку еднаш годишно.
-Советот анализира и дава мислење за статусот на службениот јазик и писмото во Република Србија и на српско јазично подрачје, дава сугестии во креирањето и спроведувањето н јазичната политика, дава предлози за развој и унапредување на статусот на официјален јазик и писмо - пишува во документот.
Должностите на Советот ќе бидат да дава сугестии и предлози за регулирање на други прашања во областа на службениот јазик. Пропишано е Советот да биде формиран шест месеци после усвојување на изменетиот закон.
На српски јазик, кирилица, како што е предвидено, задолжителна е комуникацијата во правната насока, посебно за наведување на имиња, седишта и активности на компании, име на стоки, упатства за употреба на производи, декларација на производите, гаранции, фактури, сметки...
Целокупната комуникација на државните и локалните власти ќе треба да биде на српски јазик, кирилица. Истото важи и за образовните и научните установи и медиумите чиј основач е државата и кои имаат мнозински државен капитал, како и за електронските медиуми со национални, регионални и локални фреквенции. Кирилицата ќе биде задолжителна и за сите јавни претпријатија и установи и претпријатија со државен капитал, како и професионални и трговски здруженија што ја претставуваат својата област на национално и меѓународно ниво.
Со предложениот закон се дефинира латиницата како помошно писмо, и ако нешто се пишува на двете писма, кирилицата мора да има предност. Доколку институциите кои имаат обврска да ја користат кирилицата, ја прекршат оваа одредба, одговорното лице ќе биде казнето од 5.000 до 100.000 динари. Казната за компанијата која со латиница ќе ги напише услугите и производите, упатствата за употреба, декларацијата или гарантниот лист, ќе биде казнет од 500.000 до 1 милион динари, а одговорното лице во организацијата што ја игнорира кирилицата ќе биде казнето до 70.000 динари.
Постојат и исклучоци од службената употреба на јазикот и писмото, и тоа кога станува збор за приватна комуникација, пишување и употреба на личните имиња, двојазични изданија и компјутерски програми, прифатена научна и техничка терминологија, научни и уметнички дела, како и научни и образовни активности на училиштата за странски јазици. Исклучоци се и брендовите на произведувачите и робата и ознаките на потекло на стоките и услугите.
Малцински права
Дефинирана е и службената употреба на јазиците на малцинствата. Пропишано е дека малцинските заедници имаат целосно право да го користат мајчиниот јазик, во согласност со Европската повелба за регионални и малцински јазици.
Извор: https://www.fakulteti.mk/
Песните ги преведував по чувство, без напор, онака како што мислев дека треба, на јазик разбирлив за секого; и за ѕидар, и за шофер, и за студент и за академик. Еден од главните чинители при изборот на песните за „Два света“ ми беше тие да звучат добро, лесно и неусилено на нашиот јазик, сакав зборовите ...
Џелалудин Мохамед Руми (1207-1273). Персиски филозоф, поет, правник, учител и суфист. Еден од најголемите поети и мислители на сите времиња. Ремек-делото на Руми, Месневија, содржи 25 000 стихови. Тој не ја пишувал книгава туку последните 15 години од животот само беседел и рецитирал, а Хусамедин Челеби ги запишувал неговите зборови. Оваа поетска збирка според многумина спаѓа во редот на најголемите авторски и духовни дела во историјата на човештвото.
Не постои тема што му е туѓа, од најприземна до највозвишена; пишува за пријателството, убавината, зависта, фалбаџиството, скромноста, лицемерието, омразата, добрината, самобендисаноста, храброста, расипаноста, потребата од смисла, музиката, природата, пролетта, вистината, животните, растенијата, птиците, љубовта и смртта... кај него наоѓаме стихови за Христос, Јосиф, Соломон, Гавриил, Мухамед... Верник е, но воедно и надвор од сите вери, вон секоја ритуализирана и јалова вероисповед. Храмот на неговиот Бог е во срцето, не е во зградата на џамијата, црквата или синагогата.
Кога сум со тебе
Кога сум со тебе
остануваме будни цела ноќ,
Кога не си со мене
не можам да заспијам.
И фала Му на Бога за овие несоници
и за сета разлика меѓу нив
Песните ги преведував по чувство, без напор, онака како што мислев дека треба, на јазик разбирлив за секого; и за ѕидар, и за шофер, и за студент и за академик. Еден од главните чинители при изборот на песните за „Два света“ ми беше тие да звучат добро, лесно и неусилено на нашиот јазик, сакав зборовите да течат и тоа ме ограничуваше, но се надевам дека барем делумно сум успеал во намерата. Песните си ги преведував во умот при секое читање долги години, а интензивно се зафатив со работа есента 2017. Некако ми појде тогаш, тркалото се сврте како што треба и запчаниците фатија.
Тихомир Јанчовски
******
Мачката и месото
Си била еднаш една чурук жена
која јадела сè што мажот носел дома
и лажела за тоа.
Еднаш, донел некое јагнешко за гостин
што требало да дојде. Мажот работел двесте дена
да го купи тоа месо.
Кога излегол, жена му си зготвила кебап
и го смафтала целиот, со вино.
Мажот се враќа со гостинот.
„Мачката го изеде месото“ вели таа.
„Купи друго, ако ти останаа нешто пари!“
Тој го праќа слугата да му го донесе кантарот,
и мачката. Мачката тежи кило и пол.
„Месото беше кило и пол.
Ако ова е мачката, каде е месото?
Ако ова е месото, каде е мачката?
Почни да го бараш едното или другото!“
Ако имаш тело, каде е духот?
Ако си дух, што е телото?
Ова не е наш проблем да му ја мислиме.
Двете се двете. Житото е клас и стебло.
Божествениот касап ни сече парче од слабините,
и парче од вратот.
Невидливото, видливото, светот
не функционира без обете.
Ако фрлиш прашина врз нечија глава,
нема ништо да се случи.
Ако фрлиш вода, пак ништо.
Но помешај ги во грутка.
Таа венчавка
од вода и кал ќе ти ја отвори главата
а потоа има други венчавки.
******
Суштината на машкоста
Суштината на машкоста не произлегува
од фактот дека си маж, како што ни сушноста
на пријателското чувство не доаѓа од оние што тешат.
Твојата стара баба ти вели„ Може не треба
да одиш на школо. Нешто си ми блед.“
Бегај од таквите изјави.
Подобри се силните шамари на татко ти.
Твоето телесно битее копнее по утехи.
Строгиот татко бара духовна јасност.
Тој те кара, но на крајот
те изведува на отворено поле.
Моли се за строг учител,
да те наслушне, подучи и да остане во тебе.
Се замајувавме со собирање утехи.
Направи да се уплашиме од тоа какви сме биле!
Извор: https://off.net.mk/dva-sveta-od-rumi-vo-izbor-i-prevod-na-tiho
Знам дека самотијата ја дозирам исто како слободата, а кога е грдо сѐ, некако пак ми е убаво. Сѐ поретко имам амбиции; она што го исполнив си продолжува со својот живот, не со мојот.
Јапонскиот славист Мотоки Номачи, кој ја пронашол изгубената македонска граматика напишана од рускиот професор Самуил Бернштејн, со бистата на Блаже Конески, еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик (Фото: М. Златевска)
Јапонскиот професор Мотоки Номачи во Градскиот архив на Москва ја пронашол Граматиката на македонскиот јазик, напишана во 1946-47 година од рускиот професор Самуил Борисович Бернштејн, која никогаш не била објавена и се сметала за исчезната 70 години. Граматиката била нарачана од Президиумот на АСНОМ, но откако во 1947 година се влошиле советско-југословенските односи поради резолуцијата за Југославија на Информационото биро, подготвениот слог во печатницата бил растурен и оттогаш му се губи трагата на ракописот.
Неверојатната приказна за патот на граматиката за САКАМДАКАЖАМ.МК ја сподели Номачи, професор на Универзитетот во Хокаидо, кој утре во 10, 20 часот во Македонската академија на науките и уметностите ќе говори за неа на Меѓународната научна манифестација „Македонистички денови во МАНУ“. Домаќин на конференцијата е проф. Марјан Марковиќ, раководител на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика во МАНУ, кој нѐ воведе во приказната за изгубената граматика.
Номачи се занимава со славистика и пред сѐ го интересира граматичката типологија на словенските јазици, а истовремено се занимава со социолинвистика и со историја на славистиката (Фото: М. Златевска)
Самуил Бернштејн (1911–1997) е основач на Катедрата за словенска филологија на Универзитетот Ломоносов во Москва, Русија, а надворешен член на МАНУ бил од 1969 година. Во 1938 година е меѓу првите научници кој го изделува македонскиот јазик како засебен во јужнословенската група. Во 1946 почнал да ја пишува граматиката на македонскиот јазик.
Академик Блаже Ристовски во 2014 година објавил статија во Зборникот на Филолошкиот факултет „ Рускиот славист С. Б. Бернштејн во историјата на современиот македонски литературен јазик по повод стогодишнината од неговото раѓање“ во која наведува податоци за граматиката и дека и се губи трагата. Ова се извадоци од статијата на академик Ристовски:
„Како воспитаник на славистот-македонист Афанасиј Матвеевич Селишчев (1886-1942), младиот руски славист Бернштејн станува и првиот автор на првите енциклопедиски одредници ‘Македония’ и ‘Македонский язык’ во првата Советска енциклопедија (1938) – третирани како одделен геополитички и етнокултурен субјект на словенскиот југ. На 7 декември 1944 година, по сторнирањето на решенијата на Првата јазична комисија, заради конечната кодификација на македонскиот јазик, Президиумот на АСНОМ предлага ‘да се повикат от Москва дваица световно извесни капацитети по славјанска филологија и нај добри познавачи на јазиците на сите балкански народи: Бернштејн и Державин’… Бернштејн воопшто не ја напуштал работата врз македонскиот јазик. На 25 април 1947 год. запишал: ‘Сега мојата главна задача е завршувањето на монографијата ,Македонский язык‘. Јас треба да го предадам ракописот во книгоиздателството наесен оваа година. Во центарот на описот на граматиката ќе биде морфологијата. Специјална глава е посветена на анализата на јазикот на Мисирков. Во книгата ќе има читанка и македонско-руски речник кон текстовите на читанката’. Така усилено работејќи, Самуил Борисович на 28 август 1947 год. запишал: ‘Близу е завршувањето на книгата ,Македонский язык‘. Завршен е граматичкиот опис на литературниот јазик, напишан е воведот, составена е читанката. Целиот обем на книгата е 10–12 табаци’. Му останал речникот. На 9 ноември допишал: ‘Седам од утро до доцна над ,Македонский язык‘’, а на 2 декември додал: ‘Во последно време работам над секоја мера, по 12 часа на ден. Вчера поставив точка на ракописот ,Македонский язык‘.
Најпосле, на 28 декември тој задоволно соопштува: ‘Вчера за својот, Македонский язык‘ добив премија од 4.000 рубли. Ракописот веќе е утврден за печат. За одговорен редактор е назначен С. П. Обнорски’.
Но бурниот ентузијазам на С. Б. Бернштејн неочекувано е пресечен. Со Резолуцијата за Југославија на Информационото биро нагло се влошуваат советско-југословенските односи и подготвениот слог во печатницата е растурен. Освен фрагментите од оваа книга што се појавија во научната периодика, до денеска тој ракопис остана непознат за јавноста. Дури не се знае ни дали е зачуван и каде се наоѓа. А тоа е многу значаен дел не само од историјата на македонскиот современ стандард, туку и суштествен дел од научно-истражувачкото дело на С. Б. Бернштејн и истовремено важен момент од историјата на руско-македонските научно-културни врски“, пишува академик Ристовски.
На утрешната конференција во МАНУ Номачи ќе зборува за историјата, за работата на Бернштејн на македонскиот јазик, за неговиот поглед на македонскиот книжевен јазик, и секако за приказната на граматиката (Фото: М. Златевска)
Номачи на почетокот на разговорот ни се извини дека ќе говори на српски јазик, бидејќи не говори доволно добро македонски јазик, па не сакал да прави грешки. Исклучително љубезниот професор од Хокадио, во северна Јапонија, вели дека се занимава со славистика и пред сѐ го интересира граматичката типологија на словенските јазици, а истовремено се занимава со социолингвистика и со историја на славистиката. Во тој контекст го интересира и историјата на македонскиот книжевен јазик.
Многу бил љубопитен за делото на Бернштејн, еден од најголемите слависти на 20 век, и бидејќи знаел дека многу се занимавал со македонскиот јазик, а малку има публикации на тема, го интересирало зошто е тоа така.
„Истражував и дознав дека имало политички проблеми, поради конфлкиктот на Тито и Сталин и не можел веќе да се занимава со македонскиот јазик. Во Москва во 2002 година се објавени мемоари на Бернштејн, каде пишува дека завршил со пишување на граматиката на македонскиот книжевен јазик , така што помислив дека таа граматика, тој ракопис мора некаде да постои. Потоа го прочитав текстот на академик Ристовски, кој меѓу другото пишува дека за жал никој не знае каде се наоѓа тој ракопис и дека не е познато дали воопшто е сочувана таа граматика“, вели Номачи.
Професорот пред неколку години бил на конференција во Москва и ги замолил колегите од Институтот за славистика во Москва да му помогнат да го најдат ракописот, кој , вели Номачи, би морал да биде објавен во 1949 година. Ракописот го нашле во Градскиот архив во Москва.
Номачи пред некоја година го исконтактирал академик Виктор Фридман, американски лингвист и еден од најпознатите македонисти во светот.
„Го прашав дали можеме да ја обработиме таа граматика и да ја објавиме со коментари. Па неодамна почнавме со работа и ќе ја објавиме. Кога во јануари Марјан ме покани да дојдам на конфернцијата, сфатив дека е одлична можност за говорам за неа пред македонската јавност“, рече професорот Номачи.
На утрешната конференција во МАНУ тој ќе зборува за историјата, за работата на Бернштејн на македонскиот јазик, за неговиот поглед на македонскиот книжевен јазик, и секако за приказната на граматиката.
Б. НЕСТОРОСКА
Овој Водич за долговечност се фокусира на најчестите болести кои ни стојат на патот на природниот долг животен век. Тие болести не се семоќни, ниту пак ние сме немоќни пред нив. Медицината на животниот стил нуди конкретни решенија за тоа. Но нуди и можности за лекување, доколку сме веќе соочени со некоја од нив.
Списанието за литература, култура и уметност „Современост“ во првиот број за 2018 на 153 страници нуди разновидност од поезија, проза, есеистика, критички осврти и студии.
Како и во поголемиот дел од присутните содржини, така и во поетскиот дел овојпат доминираат автори од помладите генерации: Блаже Петревски, Тања Кармзова-Костиглиола, Александар Војнески, Катерина Гогова, Ирена Јурчева, Вања Таневски, но застапени се и авторите: Васил Дрвошанов, Јовица Ивановски, Даниела Андоновска-Трајковска, Сашо Огненовски и Љубе Митрејчевски.
Со кратка проза се застапени: Драган Георгиевски, Марина Мијаковска и Сања Котевска.
Со студии кои се однесуваат на различни книжевни и книжевно-историски теми: Славчо Ковилоски, Васко Маглешов, Васил Тоциновски, Стефан Костоски и Игор Радев.
Во бројот се присутни и преводи од авторите: Срѓан Тешин, Наида Мујкиќ, Стефан Митиќ-Тичми и Мирослав Алексиќ.
Новитет во поглед на изгледот на списанието е сменетиот дизајн и застапувањето уметнички слики, чиј автор во овој број е академската сликарка Татјана Манева.
„Современост“ е најстаро македонско списание за литература и уметност, чиј прв број излезе во 1951 година, како директен наследник на првото македонско списание за уметност, наука и општествени прашања „Нов ден“, оформено во 1945.
Во текот на 2018-та е предвидено објавување на 4 броја на „Современост“ со обновената редакција во состав: Стефан Марковски, главен и одговорен уредник, Снежана Стојчевска, уредничка и Елена Пренџова, уредничка.
20.04.2018 год.
Насловен „3а и од Киро Глигоров“ тој ги содржи излагањата од конференцијата. „Улогата на претседателот Глигоров во меѓународното етаблирање на Република Македонија“ која лани во мај ја организираа МАНУ и Дипломатскиот клуб - Скопје за сто години од раѓањето на Глигоров. Со објавувањето на зборникот се одбележуваат и 25 години од приемот на Македонија во Обединетите нации (8 април 1993).
Рецензија за оваа книга напишаа академик Катица Ќулавкова и проф. д-р. Владимир Мартиновски.
Информации за продажба на книгата „Манастирски води - Лебедот“ може да ги добиете на сајтот на манастирот и преку:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или тел. 078 384 867
во Струмица: тел. 075 490 655
во Скопје: тел. 070 276 721
НЕ ОБВИНУВАЈ НИКОГО
(Ти си резултат од самиот себе)
.
Никогаш не се жали на никого и на ништо
Затоа што во основа ти го направи својот живот
каков што ти сакаше.
.
Прифати ги напорите да се преобразиш себе си
и вредноста на обидот да се менуваш.
Триумфот на вистинскиот маж се раѓа од
пепелот на неговите грешки.
.
Никогаш немој да се жалиш на осаменоста
или на својата среќа, смело соочи се
со нив и прифати ги. На некој начин,
тие се резултат на твоите постапки
што покажува дека ти секогаш ќе победиш.
.
Не биди поразен од сопствените промашувања,
и немој да обвинуваш друг.
Прифати се себе си сега или ќе продолжиш натаму
правдајќи се како дете.
Запомни дека секоја возраст е добра
за секој почеток и дека ниту едно време
не е добро за предавање.
.
Не заборавај дека причината за твоето сега
е твоето минато, како што причината
за твојата иднина ќе биде твојава сегашност.
.
Учи од храбрите, од снажните,
од оној што не се мири со судбината,
од оној што ќе живее наспроти се.
Мисли помалку на твоите проблеми,
а повеќе на твоето создавање.
.
Научи да се издигнеш од твојата болка,
и да бидеш поголем од твојата најголема препрека.
Погледни го сопствениот лик во огледало,
ќе се чувствуваш слободен и снажен,
и ќе престанеш да бидеш кукла на конец
зависна од околностите,
за тебе ти си твојата судбина.
.
Разбуди се, гледај во изгревот на сонцето
и вдишувај го зајдисонцето.
Ти си дел од снагата на твојот живот,
исправи се, бори се, оди,
биди сигурен во себе
и ќе победуваш во животот.
Никогаш не мисли на ,,судбината"
затоа што судбина е изговор за поразите.
.
Горазд Росоклија-превод
.
.
TU ERES EL RESULTADO DE TI MISMO.
(Pablo Neruda)
No culpes a nadie, nunca te quejes de nada ni de nadie porque
fundamentalmente Tu has hecho tu vida.
Acepta la responsabilidad de edificarte a ti mismo y el valor de
acusarte en el fracaso para volver a empezar, corrigiéndote.
El triunfo del verdadero hombre surge de las cenizas del error.
Nunca te quejes del ambiente o de los que te rodean, hay quienes en tu
mismo ambiente supieron vencer, las circunstancias son buenas o malas
según la voluntad o fortaleza de tu corazón.
No te quejes de tu pobreza, de tu soledad o de tu suerte, enfrenta con
valor y acepta que de una u otra manera son el resultado de tus actos y
la prueba que has de ganar.
No te amargues con tu propio fracaso ni se lo cargues a otro, acéptate
ahora o seguirás justificándote como un niño, recuerda que cualquier
momento es bueno para comenzar y que ninguno es tan terrible para
claudicar.
Deja ya de engañarte, eres la causa de ti mismo, de tu necesidad, de tu
fracaso.
Si Tú has sido el ignorante, el irresponsable, Tú únicamente Tú, nadie
pudo haberlo sido por ti.
No olvides que la causa de tu presente es tu pasado, como la causa de tu
futuro es tu presente.
Aprende de los fuertes, de los audaces, imita a los violentos, a los
enérgicos, a los vencedores, a quienes no aceptan situaciones, a quienes
vencieron a pesar de todo.
Piensa menos en tus problemas y mas en tu trabajo y tus problemas sin
alimento morirán Aprende a nacer del dolor y a ser mas grande, que es el
mas grande de los obstáculos.
Mírate en el espejo de ti mismo.
Comienza a ser sincero contigo mismo reconociéndote por tu valor, por tu
voluntad y por tu debilidad para justificarte.
Recuerda que dentro de ti hay una fuerza que todo puede hacerlo,
reconociéndote a ti mismo, mas libre y fuerte, y dejaras de ser un
títere de las circunstancias, porque Tu mismo eres el destino y nadie
puede sustituirte en la construcción de tu destino.
Levántate y mira por las montañas y respira la luz del amanecer.
Tu eres parte de la fuerza de la vida.
Nunca pienses en la suerte, porque la suerte es el pretexto de los
fracasados.
Избор од ФБ страна на: Горазд Росоклија
Онлајн-правописот го сработи тим од 48 научници од Институтот за македонски јазик, го издаде НУБ, а е финансиран од Министерството за култура.Правописот на македонски јазик од денеска е достапен и во електронска форма. Изданието што го сработи Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ , го издаде Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“, а во соработка со Министерството за култура и издавачот „Култура“ од Скопје.
„Граѓани и граѓанки на Македонија, дозволете вечерва вам и на сите граѓани и граѓанки на Македонија да ви ја честитам слободна, суверена и самостојна Македонија.“На Стамена не само што му падна камен од бубрегот, му падна и камен од срцето кога го чу резултатот. А од болката беше заборавил дека денес е денот во кој требаше да гласа
Амбасадорот на Руската Федерација во Македонија Олег Шчербак истакна дека Русија застапена од нејзиниот претседател на светот му предлага поправедни, пофер и повизионерски одлуки отколку тие што се предложени од западниот политички врв.