логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

ИСЧЕЗНАТИОТ ПРВ ТЕКСТ НА МАКЕДОНСКАТА ГРАМАТИКА ОД 1946 ГОДИНА НА РУСИНОТ БЕРНШТEЈН ПРОНАЈДЕН ВО МОСКВА ОД ЈАПОНСКИ ПРОФЕСОР

Јапонскиот славист Мотоки Номачи, кој ја пронашол изгубената македонска граматика напишана од рускиот професор Самуил Бернштејн, со бистата на Блаже Конески, еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик (Фото: М. Златевска)

Јапонскиот професор Мотоки Номачи во Градскиот архив на Москва ја пронашол Граматиката на македонскиот јазик, напишана во 1946-47 година од рускиот професор Самуил Борисович Бернштејн, која никогаш не била објавена и се сметала за исчезната 70 години. Граматиката била нарачана од Президиумот на АСНОМ, но откако во 1947 година се влошиле советско-југословенските односи поради резолуцијата за Југославија на Информационото биро, подготвениот слог во печатницата бил растурен и оттогаш му се губи трагата на ракописот.

Неверојатната приказна за патот на граматиката за САКАМДАКАЖАМ.МК ја сподели Номачи, професор на Универзитетот во Хокаидо, кој утре во 10, 20 часот во Македонската академија на науките и уметностите ќе говори за неа на Меѓународната научна манифестација „Македонистички денови во МАНУ“. Домаќин на конференцијата е проф. Марјан Марковиќ, раководител на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика во МАНУ, кој нѐ воведе во приказната за изгубената граматика.


Номачи се занимава со славистика и пред сѐ го интересира граматичката типологија на словенските јазици, а истовремено се занимава со социолинвистика и со историја на славистиката (Фото: М. Златевска)

Самуил Бернштејн (1911–1997) е основач на Катедрата за словенска филологија на Универзитетот Ломоносов во Москва, Русија, а надворешен член на МАНУ бил од 1969 година. Во 1938 година е меѓу првите научници кој го изделува македонскиот јазик како засебен во јужнословенската група. Во 1946 почнал да ја пишува граматиката на македонскиот јазик.

Академик Блаже Ристовски во 2014 година објавил статија во Зборникот на Филолошкиот факултет „ Рускиот славист С. Б. Бернштејн во историјата на современиот македонски литературен јазик по повод стогодишнината од неговото раѓање“ во која наведува податоци за граматиката и дека и се губи трагата. Ова се извадоци од статијата на академик Ристовски:

„Како воспитаник на славистот-македонист Афанасиј Матвеевич Селишчев (1886-1942), младиот руски славист Бернштејн станува и првиот автор на првите енциклопедиски одредници ‘Македония’ и ‘Македонский язык’ во првата Советска енциклопедија (1938) – третирани како одделен геополитички и етнокултурен субјект на словенскиот југ. На 7 декември 1944 година, по сторнирањето на решенијата на Првата јазична комисија, заради конечната кодификација на македонскиот јазик, Президиумот на АСНОМ предлага ‘да се повикат от Москва дваица световно извесни капацитети по славјанска филологија и нај добри познавачи на јазиците на сите балкански народи: Бернштејн и Державин’… Бернштејн воопшто не ја напуштал работата врз македонскиот јазик. На 25 април 1947 год. запишал: ‘Сега мојата главна задача е завршувањето на монографијата ,Македонский язык‘. Јас треба да го предадам ракописот во книгоиздателството наесен оваа година. Во центарот на описот на граматиката ќе биде морфологијата. Специјална глава е посветена на анализата на јазикот на Мисирков. Во книгата ќе има читанка и македонско-руски речник кон текстовите на читанката’. Така усилено работејќи, Самуил Борисович на 28 август 1947 год. запишал: ‘Близу е завршувањето на книгата ,Македонский язык‘. Завршен е граматичкиот опис на литера­турниот јазик, напишан е воведот, составена е читанката. Целиот обем на кни­гата е 10–12 табаци’. Му останал речникот. На 9 ноември допишал: ‘Седам од утро до доцна над ,Македонский язык‘’, а на 2 декември додал: ‘Во последно време работам над секоја мера, по 12 часа на ден. Вчера поставив точка на ракописот ,Македонский язык‘.

Најпосле, на 28 декември тој задоволно соопштува: ‘Вчера за својот, Македонский язык‘ добив премија од 4.000 рубли. Ракописот веќе е утврден за печат. За одговорен редактор е назначен С. П. Обнорски’.

Но бурниот ентузијазам на С. Б. Бернштејн неочекувано е пресечен. Со Резолуцијата за Југославија на Информационото биро нагло се влошуваат советско-југословенските односи и подготвениот слог во печатницата е растурен. Освен фрагментите од оваа книга што се појавија во научната периодика, до денеска тој ракопис остана непознат за јавноста. Дури не се знае ни дали е зачуван и каде се наоѓа. А тоа е многу значаен дел не само од историјата на македонскиот современ стандард, туку и суштествен дел од научно-истражувачкото дело на С. Б. Бернштејн и истовремено важен момент од историјата на руско-македонските научно-културни врски“, пишува академик Ристовски.


На утрешната конференција во МАНУ Номачи ќе зборува за историјата, за работата на Бернштејн на македонскиот јазик, за неговиот поглед на македонскиот книжевен јазик, и секако за приказната на граматиката (Фото: М. Златевска)

Номачи на почетокот на разговорот ни се извини дека ќе говори на српски јазик, бидејќи не говори доволно добро македонски јазик,  па не сакал да прави грешки. Исклучително љубезниот професор од Хокадио, во северна Јапонија, вели дека се занимава со славистика и пред сѐ го интересира граматичката типологија на словенските јазици, а истовремено се занимава со социолингвистика и со историја на славистиката. Во тој контекст го интересира и историјата на македонскиот книжевен јазик.

Многу бил љубопитен за делото на Бернштејн, еден од најголемите слависти на 20 век, и бидејќи знаел дека многу се занимавал со македонскиот јазик, а малку има публикации на тема, го интересирало зошто е тоа така.

„Истражував и дознав дека имало политички проблеми, поради конфлкиктот на Тито и Сталин и не можел веќе да се занимава со македонскиот јазик. Во Москва во 2002 година се објавени мемоари на Бернштејн, каде пишува дека завршил со пишување на граматиката на македонскиот книжевен јазик , така што помислив дека таа граматика, тој ракопис мора некаде да постои. Потоа го прочитав текстот на академик Ристовски, кој меѓу другото пишува дека за жал никој не знае каде се наоѓа тој ракопис и дека не е познато дали воопшто е сочувана таа граматика“, вели Номачи.

Професорот пред неколку години бил на конференција во Москва и ги замолил колегите од Институтот за славистика во Москва да му помогнат да го најдат ракописот, кој , вели Номачи, би морал да биде објавен во 1949 година. Ракописот го нашле во Градскиот архив во Москва.

Номачи пред некоја година го исконтактирал академик Виктор Фридман, американски лингвист и еден од најпознатите македонисти во светот.

„Го прашав дали можеме да ја обработиме таа граматика и да ја објавиме со коментари. Па неодамна почнавме со работа и ќе ја објавиме. Кога во јануари Марјан ме покани да дојдам на конфернцијата, сфатив дека е одлична можност за говорам за неа пред македонската јавност“, рече професорот Номачи.

На утрешната конференција во МАНУ тој ќе зборува за историјата, за работата на Бернштејн на македонскиот јазик, за неговиот поглед на македонскиот книжевен јазик, и секако за приказната на граматиката.

Б. НЕСТОРОСКА

Извор: https://sdk.mk/index.php/magazin/ischeznatata-prva-makedonska-gramatika-od-1947-godina-na-rusinot-bernshtajn-pronajdena-vo-moskva-od-japonski-profesor/#.WvwugaHgbWR.twitter



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 08, 2026

Македонија го доби првиот етимолошки речник – капитално дело за македонскиот јазик

Има нешто возвишено во моментот кога еден јазик почнува да си ги истражува сопствените корени. Не само како средство за комуникација, туку како жива историја. Како сведоштво. Како трага што нè води назад – кон тоа кои сме биле, за подобро да разбереме кои сме…
Ноември 01, 2025
SimeonStefkovski.LJubanci

Симеон Стефковски: ЖИВОТОТ КАКО ДАР

Замислувам колку е тешко, тмурно и осамено во душите на тие што живеат во злорадост, гнев, страв, завист, омраза, гордост, лажење и алчност. Тоа се чувства заради кои боледуваат – и духот, и душата, и телото – а нивниот крај секогаш е тажен, истоштувачки и…

„Денови на Јустинијан I“: Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии

Окт 31, 2025 Наука и Религија 2251
CAR.JUSTINIJAN.I
Тринаесеттиот Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на…

Руски научници го проучувале крстот од аспект на квантната физика

Окт 30, 2025 Наука и Религија 2371
TviTER995
Најинтересното е тоа што во аголот на крстот, каде што се вкрстуваат хоризонталните и…

Наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2025 година ја доби д-р Иванка Апостолова Баскар

Окт 12, 2025 Ликовна уметност 916
Ivanka.A.B
Здружението на ликовни критичари AICA Македонија со задоволство ја објавува одлуката на…

И покрај својата огромна големина, слоновите се плашат да не направат штета

Окт 01, 2025 Друго од култура 1160
TviTER968
Кога слон треба да се превезе со авион од една земја во друга – неговата кафезна кутија е…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

14/05/2026 - четврток

+Светиот пророк Еремија; Преподобниот маченик Акакиј Влечкар; Свети Пафнутиј Боровски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная