логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Foto

Младите подобро ги познаваат странските јазици одошто македонскиот јазик. Со цел да си заминат од земјава, повеќе се фокусираат на изучувањето на странски јазици. Проблем е и образовниот ситем, кој иако предвидува еднакво учење на литературата и граматиката, во пракса не се реализираат предвидените наставни програми, порачаа професорите од Институтот за македонски јазик, на меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

„Нашите млади генерации гледат повеќе да го научат странскиот јазик отколку мајчиниот. Повеќе гледаат некаде надвор од државата да заминат наместо да ја градат својата иднина тука, на тоа треба да обрнеме посебно внимание, а тоа го оможат пред се родителите во рамките на семејството да го изградат тој позитивен став кон мајчиниот јазик, а потоа и наставниците и професорите кои што се повикани тоа да го прават“. - велат од Инситут за македонски јазик.

Како резултат на постојаната изложеност на содржини на англиски јазик - од цртани, играни филмови до видеоигри и музика, а во недостаток на соодветни содржини од тој вид на македонски јазик, се случува дури дел од децата уште од мали нозе да проговорат прво на англиски, па потоа на македонски јазик. Според професорките, голем дел од учениците подобро ја владеат англиската отколку македонската граматика.

„Битно е сите наставници и професори да обрнуваат посебно внимание на граматиката и фондот на часови посветени на граматика да се зголеми. Нашиот предлог е да биде 50-50 односно 50% од наставата да биде посветена на граматиката односно на македонскиот јазик, а 50% на литературата и така би имале пописмени ученици кои што потоа би доаѓале на факултет. Срамота е во ова време децата да знаат повеќе граматика на некој светски јазик одошто што си ја знаат граматиката на мајчиниот јазик.“ - велат од  Институт за македонски јазик.

Ова, според професорите е само една од причините за поразителните статистики кои покажаа дека дел од студените не ги знаат сите букви од азбуката.

 

Извор: https://www.24.mk/details/sramota-e-mladite-da-znaat-povekje-stranski-otkolku-makedonski-jazik-porachaa-profesorite-na-me-unarodniot-den-na-majchiniot-jazik

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Јануари 27, 2022

Конгресот на САД ќе носи резолуција за славење на македонскиот јазик и наследство

Во Конгресот на САД е покрената резолуција за прогласување на септември 2022 за „Месец на македонското американско наследство“ и за славење на македонскиот јазик, историја и култура на македонските Американци и нивниот „неверојатен придонес“ за Соединетите…
Декември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и психолошки силна приказна каде се претопуваат елементи на гротеска, хумор и егзистенцијалистичко преиспитување. Во наративот, како што во поговорот пишува Александар…

Беседи

БEСEДА  за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

БEСEДА за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

 Пoбeдата e главнoтo задoвoлствo на oниe кoи сe бoрат. А христијанитe сe, браќа, вo нeпрeстајна бoрба, вo бoрба за пoбeда на духoт над матeријата. Вo бoрбата за прeoвладувањe на вишиoт...

Митрополит Струмички Наум: Свети Јован Крстител (19.01.2022)

Митрополит Струмички Наум: Свети Јован Крстител (19.01.2022)

Свети Јован Крстител е и икона и почеток на тајната на новозаветното и есхатолошко свештенство, и почеток на крајот на старозаветното: „Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти...

Митрополит Струмички Наум: Богојавление (18.01.2022)

Митрополит Струмички Наум: Богојавление (18.01.2022)

Кога читаме за божествените работи, може да разбереме нешто со разумот, ама сфаќаме или проникнуваме само со духовниот разум – со преобразениот и просветлен разум; а може да  ни се...

Митрополит Струмички Наум: Обрезание во срцето, по Дух (13.01.2022 17:42)

Митрополит Струмички Наум: Обрезание во срцето, по Дух (13.01.2022 17:42)

Ако внимателно ја погледнеме оваа молитва, во неа ќе ги препознаеме историските периоди на Стариот и Новиот Завет, како и бесконечниот период на Царството Небесно, кој веќе е и уште...

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот...

БEСEДА  за Рут

БEСEДА за Рут

И Бoг нарeдил сo Свoјата прoмисла, Рута да излeзe на нивата на бoгатиoт Вoз за да сoбира класјe. А Вoз ја видeл Рута и ја пoбарал за сoпруга кај Нoeмина....

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Гледаме дека Господ се поистоветува (дури и најмногу) со секој еден страдалник. Затоа, секогаш кога со своето богатство ќе му помогнеме на еден од овие најмали Христови браќа што страдаат,...

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Активирањето на благодатта со чинот на самото Свето Крштение редовно се случувало во првата Црква: кога луѓето се крштевале возрасни и кога пред тоа Крштение имало тригодишна подготовка. За време...

« »