логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

- Дедо, сакам да сум како тебе...
- Зошто синко?
- Те гледам како ти светнуваат очите кога баба ќе влезе во собата. Сакам и јас да го имам тоа. Се учи ли тоа бе дедо?
- Синко, не научив јас многу школи, ама животот добро го научив. Тоа што го знам, тоа ти го кажувам... Некои луѓе мислат дека радоста е во многу жени. Тие се кукавици синко. Тие само земаат, а се плашат нешто да дадат. А ти, не се плаши да сакаш само една жена. Дека жената е рудник со секакви скапоцености. Тие драги камења се скриени од оние кои сакаат да бидат со неа само за една вечер. Но еден добар рудар знае дека за најубавите дијаманти човек мора да се помачи. А вистинската жена секогаш ќе те наградува со скапоцености. Дека тие извираат длабоко од неа и колку подлабоко одиш, се повеќе ги има. Но мора да се бориш за неа синко. Како лав да се бориш. Да ја пазиш како капка водичка во сува земја. Земи ја во раце, стисни ја силно до себе. Не и кажувај дека ја сакаш... сама нека ти прочита во очите. Запомни, таа нема никогаш да биде сосема твоја ако ти не си сосема нејзин. И дај и слобода синко... колку е поубаво кога таа секогаш ти се враќа по своја воља. Никаков прстен и никаков документ не ја натерале, туку нешто во тебе... Заради тоа што те избрала ете баш тебе, затоа се враќа. Дека тоа невидливото јаже со кое се врзала самата за тебе, ја тегне назад. И колку е подалеку од тебе, толку повеќе ја стега... ја гуши и ја тера што побргу да си дојде. И се нешто ќе те прашува, колку да ти го чуе гласот. Да се увери дека и ти си тука за неа. Толку му треба на човек синко. Да знае дека има некој. И дека некој го има него.

~ Колекционер 1
www.dragantanevski.com/нарачки

Избор од ФБ профилот на Драган Таневски

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Јануари 27, 2022

Конгресот на САД ќе носи резолуција за славење на македонскиот јазик и наследство

Во Конгресот на САД е покрената резолуција за прогласување на септември 2022 за „Месец на македонското американско наследство“ и за славење на македонскиот јазик, историја и култура на македонските Американци и нивниот „неверојатен придонес“ за Соединетите…
Декември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и психолошки силна приказна каде се претопуваат елементи на гротеска, хумор и егзистенцијалистичко преиспитување. Во наративот, како што во поговорот пишува Александар…

Беседи

БEСEДА  за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

БEСEДА за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

 Пoбeдата e главнoтo задoвoлствo на oниe кoи сe бoрат. А христијанитe сe, браќа, вo нeпрeстајна бoрба, вo бoрба за пoбeда на духoт над матeријата. Вo бoрбата за прeoвладувањe на вишиoт...

Митрополит Струмички Наум: Свети Јован Крстител (19.01.2022)

Митрополит Струмички Наум: Свети Јован Крстител (19.01.2022)

Свети Јован Крстител е и икона и почеток на тајната на новозаветното и есхатолошко свештенство, и почеток на крајот на старозаветното: „Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти...

Митрополит Струмички Наум: Богојавление (18.01.2022)

Митрополит Струмички Наум: Богојавление (18.01.2022)

Кога читаме за божествените работи, може да разбереме нешто со разумот, ама сфаќаме или проникнуваме само со духовниот разум – со преобразениот и просветлен разум; а може да  ни се...

Митрополит Струмички Наум: Обрезание во срцето, по Дух (13.01.2022 17:42)

Митрополит Струмички Наум: Обрезание во срцето, по Дух (13.01.2022 17:42)

Ако внимателно ја погледнеме оваа молитва, во неа ќе ги препознаеме историските периоди на Стариот и Новиот Завет, како и бесконечниот период на Царството Небесно, кој веќе е и уште...

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2022)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот...

БEСEДА  за Рут

БEСEДА за Рут

И Бoг нарeдил сo Свoјата прoмисла, Рута да излeзe на нивата на бoгатиoт Вoз за да сoбира класјe. А Вoз ја видeл Рута и ја пoбарал за сoпруга кај Нoeмина....

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (18.12.2021)

Гледаме дека Господ се поистоветува (дури и најмногу) со секој еден страдалник. Затоа, секогаш кога со своето богатство ќе му помогнеме на еден од овие најмали Христови браќа што страдаат,...

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: За мачеништвото (10.12.2021)

Активирањето на благодатта со чинот на самото Свето Крштение редовно се случувало во првата Црква: кога луѓето се крштевале возрасни и кога пред тоа Крштение имало тригодишна подготовка. За време...

« »