логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

EGINA.sv.Nekarij

ТУРИСТИЧКАТА АГЕНЦИЈА ДАРО КОМПАНИ ОРГАНИЗИРА ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ ВО ЧЕСТ НА СВЕТИ НЕКТАРИЈ ЕГИНСКИ, СВЕТИ ЕФРЕМ НОВИ И НА МАЧЕНИЦИТЕ ВО МАНАСТИРОТ ПАНТОКРАТОР - ГРЦИЈА ОД 22 ДО 24 АВГУСТ 2025 ГОДИНА

Туристичката агенција ДАРО КОМПАНИ, лиценца А бр. 680, тел. 070-236-349, во соработка со Скопската православна епархија и со благослов на Негово Блаженство, Архиепископот г.г. Стефан, организира поклоничко патување во чест на свети Нектариј Егински, свети Ефрем Нови и на мачениците во манастирот Пантократор - ГРЦИЈА.


1 ДЕН (22.08.2025 петок):

Состанок со групата во 17:30 часот на паркингот пред Holiday Inn-Дрводекор во Скопје, па заминување кон Гевгелија и кон граничниот премин Богородица-Евзони (ноќно возење).


2 ДЕН (23.08.2025 сабота): Пристигнувањето во Неа Макри во манастирот Свето Благовештение е предвидено во утринските часови и поклонување на моштите од свети Ефрем Нови. Потоа патот продолжува кон манастирот Пантократор и поклонение пред моштите на 179-те новомаченици по ова патувањето продолжува кон Пиреа и островот Егина, следи сместување во манастирските конаци на Свети Нектариј и ноќевање.


3 ДЕН (24.08.2025 недела): Будење, и заминување на литургија, а потоа поклониците ќе можат да се поклонат и да се помолат пред моштите од светителот. По оваа посета следи враќање во Скопје, а пристигнувањето во Скопје е предвидено во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 7.000 денари. Во оваа цена се вклучени: патничко осигурување, ДО 64 ГОДИНИ, НАД 64 ГОДИНИ СЕ ДОПЛАЌА РАЗЛИКАТА, автобуски превоз, туристички водич, превоз со траекти Пиреја - Егина - Пиреја, платена такса за во пристаниште и сместување во конакот на свети Нектариј Егински.


Последен рок за пријавување е 17 АВГУСТ 2025 година.

Личните податоци може да се испратат и по интернет: име и презиме, матичен број, број на пасош, контакт телефон и место на живеење.


За сите информации може да се обратите на проф. Момчило Павловиќ лиценциран водич, лиценца број 125, секој ден по 13.00 часот, на тел. 070.582.588 или на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Viber, WhatsApp или на Facebook Momcilo Pavlovic


ЖЕНИТЕ ПОКЛОНИЦИ ДА ПОНЕСАТ СО СЕБЕ ДОЛГО ЗДОЛНИШТЕ ЗА ВО МАНАСТИРОТ


СЕКОЈ ПОКЛОНИК СО СЕБЕ ДА ПОНЕСЕ ЧАРШАВИ И НАВЛАКА ЗА ПЕРНИЦА
За реализација на аранжманот потребно е минимум од 40 патника.
Жиро сметка: ДППУ Даро Компани ДООЕЛ - Куманово, Централна Кооперативна Банка 320100004091752
ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: Превоз за Егина

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

12/08/2025 - вторник

Светите апостоли Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник; Светиот свештеномаченик Валентин; Светиот свештеномаченик Полихрониј, епископ Вавилонски; Свети Јован, војник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. маченик Христов Калиник 11 август/29 јули  2025

Тропар на св. маченик Христов Калиник 11 август/29 јули 2025

Душата без Љубов животот не го поима,во таква вистина патот ти го помина,о свети мачениче Калиниче,сакајќи да го избавиш човекот...

Тропар на св. Христови апостоли и ѓакони Прохор, Никанор, Тимон и Пармен 10 август/28 јули  2025

Тропар на св. Христови апостоли и ѓакони Прохор, Никанор, Тимон и Пармен 10 август/28 јули 2025

Вие ученици на Божјото Слово,вие носители на Духот Свети,вие јагниња на колење поведени,Прохоре, Никаноре, Тимоне и Пармене,

Тропар на св. Христов великомаченик Пантелејмон  9 август/27 јули 2025

Тропар на св. Христов великомаченик Пантелејмон 9 август/27 јули 2025

Од жестокоста на лавот кон милосрдието те поведе,Оној Кој за лекар те постави,двоумењето во тебе согоре кога виде дека Животот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная