логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Ве информираме дека во четврток, 21.08.2025 година, во 20 часот, ќе се отвори ретроспективната изложба на професор Жанета Вангели во Чифте амам. Овој проект на Националната Галерија на Македонија финансиски е поддржан од Министерството за Култура и туризам. Куратор на проектот е виш кустос Маја Крстевска а стручен соработник, кустос Горанчо Ѓорѓиевски.

Изложбата ќе ја отвори директорот на Националната Галерија на Македонија господин Али Синани, а воедно пригодна реч за ликовниот опус на уметницата Жанета Вангели ќе даде кураторот на изложбата Маја Крстевска. И секако, авторката на изложбата, Жанета Вангели со свое обраќање ќе ја поздрави публиката.

Изложбата ќе биде поставена до 14 септември 2025.

Жанета Вангели / Архив II, 1985–2025: Епифанија

Жанета Вангели активно твори и учествува на македонската ликовна сцена од средината на 1980-тите па до денес, навестувајќи ги атиципациските текови на уметноста со моќен, интуитивен, директен, продорен, семантички конципиран и длабоко конотиран авторски израз. Внесувајќи нови и радикални промени во визуелниот хоризонт на овие простори, со ова ретроспективно претставување, таа одново го актуализира прашањето за релевантноста на ликовниот говор низ тропите на современата уметничка агора.

Ретроспективниот проект/концепт Архив II, 1985–2025: Епифанија е втор дел од творечкиот опус на Жанета Вангели претставен во Музејот на современата уметност – Скопје (2017). Првото ретроспективно претставување Архив, 1987–2017: Синхроницитети даде една (по)целосна слика за творечките етапи на Жанета Вангели во период од триесетина години. Имајќи ја предвид самата концепција на тогашното претставување, во рамки на првата ретроспективна изложба останаа недопрени значајни позиции од нејзините архиви кои се заветиле на времето на преобмислување.

Архив II е и можност да се погледне „однадвор-внатре“, во смисла на деридијанското hors de soi en soi, отворајќи комуникација со чинителите на визуелниот дискурс и излагачките кластери на Вангели. Архивата е привилигирана хетерогена збирка, онтолошки извор со генеричко значење, парадигматски и конкретен ентитет со инхерентно израмнувачка еквивалентност и потенцијална – протонадворешност. Задавајќи нови референцијални рамки и реконструкција врз нова, дијалектичка основа, Вангели покажува неисцрплив потенцијал за класифицирање и групирање, поврзување и раскажување, за ризомирање низ различните документарни и уредувачки поетики. Преиспишувањето во овој уметнички контекст се одвива по пат на архивско преисчитување – поврзување со искуството од минатото како припадност или од сегашноста како коприпадност. Контекстот на позиционирање [mise en place] на архивската граѓа се одвива по пат на нивоа, конституирани од мноштво записи релациски врзани за полиликовната синтагма – Архив II, 1985–2025: Епифанија како собирна поетика.

Како резиме на творештвото од четири декади, проектот Архив II, 1985–2025: Епифанија ги претставува ликовните настојувања во континуитет на креативниот процес, осветлувајќи ја естетската линија во поширокиот ликовно-естетски, културно-антрополошки и општествено-политички контекст. Архивската граѓа на Вангели произлегува од дијалогот меѓу она што значи изјава [statement] и коментар [comment], надворешност [exterior] и внатрешност [interior], рефлексивност [reflectiveness] и самокритичност [self-criticism], останување и опстојување во сопственото (ликовно и творечко) настојување.

Водена од внатрешната неопходност, творечкиот импулс и слоевито манифестирана духовност, низ вкупниот творечки опус, Вангели проникнува во сржта на уметничкото обликување, поетички меандрирајќи низ трансеквивалентноста на ликовниот и философскиот израз.

Натали Рајчиновска-Павлеска

БИОГРАФИЈА

Жанета Вангели е родена во Битола, Македонија, во 1963 година. Дипломирала на Државниот факултет за ликовни уметности – Штеделшуле во Франкфурт/Мајна во 1988 година.

До 2008 година работи како независна уметница.

Од 2008 година работи како професор на катедрата за сликарство и трансмедиумски практики на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Вангели е мултимедијална уметница која реализирала самостојни изложби во Скопје, Битола, Белград, Франкфурт/Мајна, Келн, Њујорк, Стокхолм, Аделаид и Хангжу. Во овој момент таа ја подготвува својата ретроспективна изложба Архив II, 1985-2025: ЕПИФАНИЈА, во Националната галерија во Скопје.

Таа учествувала на многубројни групни изложби и филмски фестивали, меѓу кои The 10th Silkroad International Art Festival, Shaanxi Provincial Museum of Fine Arts, Ксиан, 2024; Precision Hits, Town Hall of Neapolis, Солун, 2024; AAMA, 19th Asian, African and Mediterranean International Art Exhibition, Qingdao Art Museum, Кингдао, 2022; AAMA, 18th Asian, African and Mediterranean International Art Exhibition, Qingdao Art Museum, Кингдао, 2021; Главните пунктови на македонската ликовна уметност во 1970-тите и 1980-тите години, Музеј на современата уметност, Скопје, 2021 година; Bienal di Curitiba, Museo Oscar Niemayer, Куритиба, 2017; Recorded Memories, Museum für Photographie, Брауншвајг, 2013; The Inner Ear, Museum of Modern and Contemporary Art, Риека, 2012; Gender Check, Museum für Moderne Kunst Stiftung Ludwig Wien, Виена, 2009; 1st Berlin Photography Festival, After the Fact, Martin Gropius Bau, Берлин, 2005; 50th International Art Exhibition, La Biennale di Venezia, Macedonian Pavillion, Венеција, 2003; Blood & Honey, Kunst der Gegenwart, Sammlung Essl, Виена, 2003; In den Schluchten des Balkan, Museum Fridericianum, Касел, 2003; 59.Mostra Internazionale d'Arte Cinematografica, Венеција, 2002; After the Wall, Moderna Museet, Стокхолм, 1999; Aspekte, Positionen, 50 Jahre Kunst aus Mitteleuropa 1949-1999, Museum Moderner Kunst Stiftung Ludwig Wien, Виена, 1999, итн.

Нејзините дела се дел од приватни и јавни колекции, како во Музејотот на современата уметност, Скопје, Националната галерија на Македонија, Скопје, Музејот на модерна и современа уметност, Риека, Центар Андре Малро, Сараево, Sammlung Jan Andreas Müller, Франкфурт/Мајна, Stadt Frankfurt am Main, Amt für Wissenschaft und Kunst, Франкфурт/Мајна, Shashoua Collection, Лондон, Museo Toni Benetton, Тревизо.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

19/08/2025 - вторник

Преображенски и Богородичен пост; (на риба )

Преображението на Господ Исус Христос на Тавор;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов преподобномаченик Дометиј  20 август/7 август  2025

Тропар на светиот Христов преподобномаченик Дометиј 20 август/7 август 2025

Испоснички подвизувајќи се на гората,со Крстот како силно оружје, умното мудрување на демонските полкови го разруши,о ти блажен Дометие.

Тропар на Преображението на Господ нашиот Исус Христос 19 август//6 август 2025

Тропар на Преображението на Господ нашиот Исус Христос 19 август//6 август 2025

глас 7Христе Боже, си се преобразил на планината, покажувајќи им ја на Твоите ученици Твојата слава,колку што можеа (да видат).

Тропар на св. Христов маченик Евсигниј 18 август/5 август  2025

Тропар на св. Христов маченик Евсигниј 18 август/5 август 2025

Велики Евсигние на земните цареви војниче,Бог те удостои да посведочиш за Неговата љубов према родот човечки,годините на земниот живот ти...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная