Проектот „Светско книжевно наследство“ е своевидно надоврзување на проектите „Ѕвезди на светската книжевност“ и „Делата на добитници на Нобеловата награда за литература“, едиции во чии што рамки се преведени голем дел на значајни остварувања од светската културна ризница ...Првите 53 наслови од новата едиција „Светско книжевно богатство“, во која се содржани 316 дела кои се наградени со најголемите светски книжевни признанија.Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска истакна дека ова е едиција преку која уште еднаш, на дело, се потврдуваат заложбите на Владата и Министерството за подигање на нивото на општата култура во нашата средина и на граѓаните да им бидат понудени делата одраз на најдобрите европски и светски книжевни традиции.Проектот „Светско книжевно наследство“ е своевидно надоврзување на проектите „Ѕвезди на светската книжевност“ и „Делата на добитници на Нобеловата награда за литература“, едиции во чии што рамки се преведени голем дел на значајни остварувања од светската културна ризница.
Направена е селекција на осум книжевни награди во светски рамки, и тоа: наградата „Букер“ која се доделува секоја година за најдобар оригинален роман објавен на англиски јазик во рамките на Обединетото Кралство, потоа „Руски Букер“ за најдобро дело напишано на руски јазик, „Пулицер“ која се доделува од страна на универзитетот Колумбија во САД за повеќе области, најпознатата француска книжевна награда „Гонкур“ за најдобро и најкреативно прозно дело на годината, наградата „Стрега“ за најдобро уметничко прозно дело од италијански автор, „Сервантес“ која се доделува за целокупното творештво на истакнати автори кои создаваат на шпански јазик, најзначајната награда за книжевност на германски јазик „Бихнер“, како и највисокото признание што се доделува на автори и на илустратори на книги за деца, наградата Ханс Кристијан Андерсен.
Канческа Милевска истакна дека едицијата „Светско книжевно богатство“ опфаќа литературни дела од неколку жанрови и повеќе генерации на творци. Застапени се врвни дела од светската книжевност, романи, раскази, односно новели и детска книжевност кои ќе бидат преведени од најголемите јазици на западниот културен круг: англискиот, францускиот, рускиот, германскиот, шпанскиот и италијанскиот јазик. - Ова се бесценети изданија кои доживеале милионски тиражи и препечатувања, дела кои наишле на навистина позитивни критики кај стручната но, и кај читателската јавност ширум светот, рече министерката за култура.
Најголемиот дел од извонредните книжевни творби кои денеска беа промовирани досега не се преведени на македонски јазик. Академикот Митко Маџунков истакна дека изборот на дела од оваа едиција е ограничен на книжевните жанрови роман и расказ. Во изборот учествувале Митко Маџунков, Петар Ширилов, Ратко Дуев, Луан Старова и Венко Андоновски. Сите 316 дела од оваа едиција планирано е да бидат објавени до крајот на 2017 година. Издавачи се Арс студио, Арс ламина, ТРИ и Конгресен сервисен центар.
Маџунков се заблагодари до Владата на Република Македонија, за како што кажа, постојаната грижа во Македонија да се испечатат што повеќе книги, како највидлив доказ за нашиот духовен стремеж. На промоцијата присуствуаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој за време на неговата премиерска функција поддржуваше проекти за промоција на книжевноста и предводи на дела од литературата и науката.
Оваа едиција, според него, ќе даде придонес во нашето преведено книжевно богатство на македонски јазик и придонес во натамошното усовршување на преведувачката фела за превод на врвни дела од книжевноста на македонски јазик.
Извор: Министерство за култура на Р. македонија