На 24 мај 2016 година, Македонската Академија на Науките и Уметностите (МАНУ) и Бугарската академија на науките го одбележаа денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј.
По повод свечениот собир посветен на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј бише претставена уникатната ГРАФИЧКА МАПА НА ГЛАГОЛИЦАТА изработена од академските сликари и графичари Фехим Хусковиќ и Трајче Блажевски. Мапата ја отвори акад. Катица Ќулавкова.
Мапата на македонската глаголица (34 линорези и графики во комбинирана техника на коишто се претставени 34 глаголички букви и буквени знаци, плус еден табеларен линорез).
„Настаната во „грчко-византиска културна средина“, глаголицата претставува мошне автентична и „сложена структура, како со оглед на нејзината семантичка страна богата со христијанска симболика, така и од палеографска и лингвистичка гледна точка“ (Петар Хр. Илиевски, 2006, 146).
Глаголицата е свесно создадена со цел да ги означи графички посебните словенски гласови (ги има 14 диференцијални словенски гласови и графеми). Глаголицата е автохтон буквен знаковен систем кој содржи идеограми и пиктограми кои ја правеле податлива за сакралната комуникација и семиотика, за христијанската религија и теозофија, како и за мистичната мисла и метафизичкиот ум устремен кон нечујните и едвај чујните (неми) сфери. Устројството (семиозис) на глаголицата е синтеза од грами/графеми/идеограми, слова/букви, иконични знаци, нумерички буквеноцифрени величини, астролошки, теозофски, мистични симболи со извонредни естетски и етички одлики
Проектот Македонската глаголица е инициран од Канцеларијата на потпретседателот на
Меѓународниот ПЕН – ПОЕТИКИ. Електронското издание на книгата Македонската глаголица веќе е објавена во Разноликост како бесплатна е –книга. Кликнете ОВДЕ и збогатете ја вашата електронска библиотека.
Автор на фотографијата: Магдалена Делкова
http://diversity.org.mk/news/izlozbagrafichkata-mapa-na-glagolicata-mk/