18.03.2017 13:00
Во националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ е претставен новооткриениот превод во ракопис на Шекспировата пиеса „Венецијанскиот трговец“ од македонскиот интелектуалец, револуционер и деец Тодор Лазаров Хаџидимитриев од 1908 година.
Директорот на НУБ, Иван К. Заров, истакнува дека иако овој превод во ракопис одамна е библиотечно и каталошки обработен, за негова повторна книжевна промоција е заслужен нашиот драматург Дарко Спасов.
Преводот на Лазаров е трет превод на бугарски јазик, јазикот на неговото образование, непосредно по преводите на Николај Рајнов и Крстјо Мирски. Истакна дека е прв превод на човек од нашето поднебје, прв Македонец што го превел Шекспир.
Извор: Нова Македонија