логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Нова книга за нашите маки
Што значи да се живее во папсано општество?

Хронично сте уморни? Не успевате да ги пофаќате конците на денот? Почнувате да ги губите пријателите затоа што од неспособност да го контролирате она што е вон вас се повлекувате во себе?  Нова книга (тазе превод на македонски) го дијагностицира проблемот - времето во кое живееме, заедно со нас, е „папсано“.

Бјунг-Чул Хан е едно од најинтересните имиња на современата германска филозофија. Роден во Сеул, Јужна Кореја, во 1959, тој најпрвин студирал металургија пред да се пресели во Германија во 1980тите, каде запишал студии по филозофија. Докторирал на Универзитетот во Фрајбург со теза за Мартин Хајдегер во 1994.Темите на којшто пишува се нешто помеѓу филозофска дијагностика и општествена критика. Хроничниот замор, депресијата, нарушувањето на вниманието, сите тие според него се и причинители, но и последици на живот во „инфарктно“ време и општество. Насилството кое ваквиот начин на живот го врши врз поединецот не е секогаш очигледно, но на долг рок предизвикува не само физички тегоби и тешки болести, туку и затворање во себе, нарцизам, неспособност да се изградат и оддржат врски, да се биде, во вистинската и квалитетна смисла на зборот.
Заради нивната масовност, стресот и уморот веќе не се само лични искуства, туку и општествени и историски феномени, и тоа такви кои се знак на регрес. „Мултитаскинг“-от е далеку пораширен кај животните, тоа е техника на внимание крајно неопходна за преживување во дивината. „Животното“, вели Хан, „мора постојано да демне, за при лапањето да не биде и самото излапано“. Нашето општество е всушност џунгла, во која обидувајќи се да не бидеме изедени, се одвнатре се „јадеме“ самите себеси.


Книгата - трактат на 70 страници, чиј наслов во оригинал е Müdigkeitsgesellschaft, а во превод на англиски се јавува и како Burnout Society и како The Fatigue Society, неодамна излезе и на македонски во одличе превод на Бобан Здравковски-Андреевски. Еве извадок од неа:

***

Длабоката здодевност

Прекумерноста позитивност се изразува и како прекумерност од дразби, од информации и од импулси. Таа радикално ја менува структурата и економијата на вниманието. Преку ова, восприемањето станува фрагментирано и расеано. Исто така, и растечкото оптоварување на работата бара нужно една особена техника на управување со времето и со вниманието, која, пак, влијае врз структурата на вниманието.


Техниката на управувањето со времето и со вниманието multitasking не претставува никаков цивилизациски напредок. Multitasking не е никаква умешност, за која е способен само човекот во доцномодерното трудово и информациско општество. Тука се работи поскоро за регресија. Всушност, multitasking е далеку пораширен кај животните по ловиштата. Тоа е една техника на внимание, крајно неопходна за преживување во дивината.

Животното, кое е зафатено со лакомо лапање, мора истовремено да биде насочено и врз други задачи. На пример, тоа мора да ги држи настрана своите непријатели грабливци од својот плен. Тоа мора постојано да демне, за при лапањето да не биде и самото излапано. Во исто време мора да го чува и своето потомство и да го држи на око својот полов партнер. По слободните ловишта, животното е принудено на тоа за да може го распредели своето внимание на различни дејства. На таков начин, тоа не е способно за никакво контемплативно задлабочување – ни при лапањето, ни при копулацијата. Животното не може контемплативно да се задлабочи во она што е спроти него, бидејќи мора истовремено да го обработува она што е зад него. Не само Multitasking, туку и активностите како што се компјутерските игри произведуваат едно широко, но и површно внимание, кое е слично на будноста на едно диво животно.


Најнеодамнешните општествени развои и структурната промена на вниманието го приближуваат човековото општество сè повеќе до слободното ловиште. Во меѓувреме, мобингот, на пример, достигнува пандемски размери. Грижата околу добриот живот, на која ѝ припаѓа и успешното заедничко живеење, ја смекнува сè повеќе грижата околу прежививувањето.
Ние им должиме на културните достигнувања на човештвото, на кои им припаѓа и филозофијата, за длабокото, контемплативно внимание. Културата претпоставува средина во која е можно длабоко внимание. Ова длабоко внимание станува сè повеќе потиснато од една сосема поинаква форма на внимание, хипервнимание (hyperattention). Ова расеано внимание го означуваат брза промена на фокусот помеѓу различни задачи, извори на информации и процеси. Бидејќи има и една мошне незначителна толерантност за здодевноста, тоа ја допушта исто толку малку и онаа длабока здодевност, којашто не би била неважна за еден креативен процес. Валтер Бенјамин ја именува таа длабока здодевност како „сонишна птица, која го изведува јајцето на опитот.“
Ако сонот е кулминациска точка на телесното опуштање, тогаш длабоката здодевност е кулминациска точка на духовното опуштање. Просто да се ита – тоа не носи ништо ново. Тоа го репродуцира и го забрзува веќе постојното. Бенјамин жали што тоа гнездење на опуштеноста и времето на сонишната птица исчезнува во модерната сè повеќе. Тоа ќе стане не повеќе „вткаено и испредено“. Здодевноста бива едно „топло, сиво платно, кое е обложено однатре со најсјајни, со најјарки бои на свилената опшивка“ и во кое „се куткаме кога сонуваме.“ Биваме „дома во арабеската на неговата опшивка“.

Со исчезнувањето на опуштеноста, се губи „дарбата на наслушувањето“ и исчезнува „дружбата на внесените наслушувачи“. Нејзе ѝ е дијаметрално спротивна нашата активна здруженост. „Дарбата за наслушнување“ почива токму врз способноста за длабоко, контемплативно внимание, во кое хиперактивното его нема никаков приод.

Оној којшто при одење се здодева и притоа не поседува никаква толеранција спрема здодевноста, тој ќе врви натака-навака немирно и трепетно, или ќе преминува од една дејност на друга. Но, оној којшто поседува поголема толеранција спрема здодевноста, тој по некое време ќе познае дека можеби одењето како такво му здодејува. На таков начин, тој ќе биде поттикнат кон тоа да пронајде сосема поинакво движење. Врвењето или, пак, трчањето не се никаков нов од. Тоа е едно забрзано одење. Танцот, донекаде, или вивнувањето претставуваат едно сосема поинакво движење. Само човекот може да танцува. Можеби, при одењето го дофатила некоја длабока здодевност, така што ја надминал, преку тој напад на здодевност, со преод од одечки во танчерски чекор. Во споредба со линеарниот, прав од, танцот – со своите испреплетени движења – е луксуз, којшто сосема му се измолкнува на принципот на продуктивност.


Со изразот „Vita contemplativa“ не треба да се напоменува оној свет во којшто таа била населена првоначално. Таа е поврзана со она искуство на битието според кое она убавото и совршеното е непроменливо и неминливо, и му се измолкнува на секое човечко посегање. Нејзиното основно настроение е зачуденоста од така-бивствувањето на нештата, што е ослободено од секоја исполнивост и процесуалност. Картезијанско-нововековниот сомнеж ја заменува зачуденоста. Сепак, контемплативната способност не е нужно поврзана со неминливото битие. Токму лебдечкото, непривидното или мигновеното му се разоткриваат само на едно длабоко, контемплативно внимание.

И приодот кон ширното и бавното има само контемплативен покој. Формите или, пак, состојбите на траењето ѝ се измолкнуваат на хиперактивноста. Пол Сезан, тој мајстор на длабоката, контемплативна внимателност, еднаш забележал дека може да ја види дури и миризбата на стварите. Ова визуализирање на миризбата наложува една длабока внимателност. Во контемплативната состојба се излегува како од себе и се втонува во стварите. Мерло-Понти ја опишува Сезановата контемплативна согледба на пејзажот како отстапување или одвнатрешнување:

„Отпрвин, тој се обидувал да создаде јаснотија за геолошките слоеви. Потоа, не се придвижувал повеќе од место и само уште гледал, сè додека, како што велела мадам Сезан, очите не му излезеле од главата. (...) Пејсажот, рекол тој, мисли во мене, јас сум неговата свест.“ Само длабоката внимателност ја прекратува „несмиреноста на очите“ и ја создава збирката, која е во состојба „да ги прекрсти немирните раце на природата“.

Без оваа контемплативна збирка, погледот лунѕа наоколу немирно и не доведува ништо до израз. Но уметноста е „дејство на изразот“. Дури и самиот Ниче, којшто го заменил битието со волјата, знаел дека човековиот живот завршува во една смртна хиперактивност, ако од него се прогони секој елемент на задлабоченост:
„Поради недостатокот од спокој, нашата цивилизација паѓа во едно ново варварство. Во ниту една епоха не важеле повеќе  оние што дејствуваат, што значи оние неспокојните. Затоа, меѓу неопходните исправки што треба да се направат во карактерот на човештвото, припаѓа и засилувањето на елементот на задлабоченост.“

Kнигата може да се купи тука

 

Извор: http://off.net.mk/bookbox/shto-znachi-da-se-zhivee-vo-papsano-opshtestvo

25.03.2017 год.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…
Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 923
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2464
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51). O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма...

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Влегуваме во периодот на Големиот пост. Почнуваме со ’тримерот‘. Во Црквата Божја ова не е само период со некој посебен ред и правила, ова е, пред сè, период на посебна...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

22/04/2025 - вторник

 Воскресение Христово (трет ден); Светиот маченик Евпсихиј; Преподобниот маченик Вадим;

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април   2025

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април 2025

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Пустината се напоисо твоите топли солзипесокта ја претвориво молитви кон Бога непрестајниветрот ја пренесе милоста Божја по твоите молитвидо оние...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная