Смирениот човек е со чисто срце и смирен ум и ослободен од секоја грешна страст и помисла. Почеток на смирението е кога на неправдите и искушенијата не им одговараме со збор или дело, а со помислите се бориме со Исусовата молитва: Господи Исусе Христе, помилуј ме , принудувајќи се да ја прифатиме помислата: Јас сум виновен за се.