логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Скаменето срце

   

Рече Господ на Јудеите што беа дошле кај Него: „Додека ја имате светлината, верувајте во светлината, за да бидете синови на светлината!” Штом го рече тоа, Исус се отстрани и се сокри од нив.

Иако толку чудеса беше направил пред нив, тие пак не веруваа во Него, за да се исполни словото од пророкот Исаија, кој рече: ‘Господи, кој поверува во она што чул од нас? И раката Господова кому се откри?’ Тие затоа не можеа да поверуваат, оти Исаија уште вели: ‘Ги ослепи очите нивни, ги скамени срцата нивни, за да не гледаат со очите и со срцето да не разбираат, и да не се обрнат, за да ги излекувам’. Ова го рекол Исаија кога ја беше видел славата Негова и зборувал за Него.

Но од началниците мнозина поверуваа; но заради фарисеите не признаваа, за да не бидат исфрлени од синагогата; зашто им беше помила човечката слава, отколку славата Божја.

А Исус подигна глас и рече: „Кој верува во Мене, не во Мене верува, а во Оној Кој Ме пратил; и кој Ме гледа Мене, Го гледа Оној Кој Ме пратил. Јас како светлина дојдов во светот, така што никој кој верува во Мене, да не остане во темнина. И ако некој ги чуе зборовите Мои, и не поверува, Јас нема да го судам, оти не дојдов да му судам на светот, туку светот да го спасам“ (Јован 12, 36-47).

Деца, во денешното евангелско четиво повторно се сретнуваме со нам добро познатата комбинација на ослепени очи, односно ослепениот ум и скаменетото срце. И повторно Господ, овојпат преку Стариот Завет и пророкот Исаија, сликовито нè потсетува на таа спрега ум и срце, слеп ум и скаменето, односно бесчувствително срце. Мислам дека е ова вистинскиот момент да се потсетиме на сосема спротивната комбинација, односно на очи што прогледуваат или се отвораат – секако, повторно сликовита претстава за умот – и срце што гори. Како и да е, битно е дека се работи за два неразделни поими, срце и ум. Православната библиска антропологија потврдена и преточена преку живиот опит во делата на светите Отци на Црквата ни ја разјаснува оваа неразделност: Умот има своја суштина и своја енергија. Суштината на умот се наоѓа во срцето, кое е духовен центар на човековото битие. Затоа, соединувањето на енергијата и суштината на умот се случува во срцето на човекот. Затоа, исцелен ум или исцелен словесен дел на духовниот центар има човек кој енергијата на својот ум ја соединил со суштината на својот ум. Значи, оттука произлегува оваа нивна нераскинлива врска и затоа сè што се однесува пред сè на срцето, се однесува и на умот. 

Умот е затемнет и не го познава Божјиот пат. Срцето е скаменето, бесчувствително. Демонот соодветен на страста на којашто сме се потчиниле будно го чува својот плен – влезот во духовниот центар на нашето битие. Такво срце стекнува човекот на кого задоволувањето на страстите и извршувањето на гревот преку навиката му станале втора природа. Но, како ние да стигнеме до исцелен ум, односно до ум кој прогледал и кој се отворил за откровенија, и до срце кое сочувствува со сета твар? Како нашиот горд, расеан и затемнет ум да стане најпрво смирен, собран и просветлен, а срцето да гори за Господ? Каков лек и каква храна им треба на нашиот ум и на нашето срце? Тоа е она на што денеска сакам да ве потсетам.  

Постојат лек и храна за умот, пред сè за неговата енергија, и постојат лек и храна за целото срце. Постојат општ и конкретен лек и храна. Општ лек и храна за умот се покајната молитва, вниманието над помислите и читањето или слушањето на Светото Писмо и на делата на светите Отци. Општ лек и храна на срцето се најпрво добрите дела, а потоа и добриот збор. Треба да се внимава сразмерно и на воспитание на умот и на воспитание на срцето. Не смееме да бидеме еднострани, да го храниме и лечиме само умот или само срцето. Особено е опасно ако го храниме само умот, односно разумот, и тоа со читање и со концентрирање на знаење. Оваа грешка ја прават многумина денес. Знаењето од тој тип носи гордост, прелест и разградува. Доволно е да си поставиме само едно прашање за да се провериме: кога последен пат на некој страдалник конкретно сме му помогнале и сме го утешиле? Говорам за страдалник надвор од нашето семејство и надвор од кругот на нашите пријатели, затоа што на своите им помагаат и незнабошците. А тоа требаше да е наша секојдневна духовна потреба, а не само евангелска задача. И потоа срцето било скаменето и без плач... Затоа, ако сме природно интелигентни, подобро повеќе да обрнеме внимание на хранењето на срцето со добри дела, затоа што преку тоа ќе го храниме и умот со вистинско знаење. Љубовта носи смирение и надградува.

Конкретен лек и храна и за умот и за срцето, посебно за нас монасите, се: непоистоветувањето со помислите, чувствата и желбите додека да се проверат со духовниот отец – наспроти непослушанието; правилната исповед – наспроти судењето и осудувањето; и континуираниот аскетско-исихастички подвиг – наспроти наемничкиот однос. Со овие три правила е опишан подвигот на прилагодување на начинот на нашиот живот согласно првото ниво на нашиот духовен развој, согласно нивото на кое го чистиме нашето срце од страстите. Не нивото на коешто еден опрелестен човек може да си замисли дека се наоѓа, туку нивото кое конкретно и прецизно ни го покажува квалитетот на нашата молитва – прво, умна и усна; второ, аскетска умносрдечна; и трето, непрестајна умносрдечна. А добро дело за нас монасите е не она кое нам ни изгледа етичко, добро, туку она што е направено според волјата Божја спознаена преку словото на духовниот отец.

Конкретна храна и лек за срцето и умот согласно нивото на кое го просветлуваме нашиот ум е аскетската умносрдечна молитва. Таа е истовремено и добра мисла и добар збор и добро дело за Богочовекот Христос, Кој е затворен, осамен, болен, странец, гладен итн. за нас и наше спасение, во нашето срце. Таа е истовремено и добра мисла и добар збор и добро дело за нашиот ближен кој е затворен, осамен, болен, странец, гладен итн., со кој Богочовекот Христос се поистоветува, во нашето срце. Веруваме дека е тоа и патот за премин од просветленоста на умот до светнувањето на Божествената светлина во нашето срце: „Додека ја имате светлината, верувајте во светлината, за да бидете синови на светлината!... Јас како светлина дојдов во светот, така што никој кој верува во Мене, да не остане во темнина”. Ова не е проста вера туку вера заснована на опит, на претходно знаење од опит.

Вистинското верување во суштина е суров подвиг, и тоа правилен, а не некаква вера без дела или сомнителна вера со неправилен подвиг. Подвигот восогласен со степенот на духовниот развој е сведоштво и показател дека вистински и правилно веруваме. Тоа е патот на оние кои ја возљубија Божествената слава и светлина наспроти човечката. Тоа е патот на оние кои Бог ги прослави. Тоа е патот на оние кои ние денес ги фалиме и празнуваме – светите маченици, преподобните мајки и отци и јуродивите заради Христос. Тоа е и патот на нашиот сонародник, на нашиот отец и заштитник, светиот патријарх Ерусалимски Леонтиј.

                                                                                                                              Митрополит Струмички Наум

 

P.S. А за манифестациите на бесчувствителноста на срцето, најубаво и задолжително прочитајте кај свети Јован Лествичник во неговата осумнаесетта поука.

 


A Hardened Heart

The Lord said to the Jews who came to Him, “While you have the light, believe in the light, that you may become sons of light.” These things Jesus spoke, and departed, and was hidden from them.

But although He had done so many signs before them, they did not believe in Him, that the word of Isaiah the prophet might be fulfilled, which he spoke: “Lord, who has believed our report? And to whom has the arm of the Lord been revealed?” Therefore they could not believe, because Isaiah said again: “He has blinded their eyes and hardened their hearts, lest they should see with their eyes, lest they should understand with their hearts and turn, so that I should heal them.” These things Isaiah said when he saw His glory and spoke of Him.

Nevertheless even among the rulers many believed in Him, but because of the Pharisees they did not confess Him, lest they should be put out of the synagogue; for they loved the praise of men more than the praise of God.

Then Jesus cried out and said, “He who believes in Me, believes not in Me but in Him who sent Me. And he who sees Me sees Him who sent Me. I have come as a light into the world, that whoever believes in Me should not abide in darkness. And if anyone hears My words and does not believe, I do not judge him; for I did not come to judge the world but to save the world” (John 12:36-47).

Children, in today’s Gospel reading we again encounter the combination of blind eyes i.e. blinded mind and hardened heart, well familiar to us. And the Lord once more, this time through the Old testament and the prophet Isaiah vividly reminds us of that team: mind and heart—blind mind and hardened i.e. insensible heart. I think that this is the right moment to remind ourselves of the completely opposite combination: eyes that receive sight or open (of course, again an image of the mind) and a burning heart. Anyhow, the point is that it is a matter of two inseparable notions: mind and heart. The orthodox biblical anthropology, confirmed and poured through the living experience into the works by the Holy Fathers of the Church, clarifies this inseparability: the mind has its essence and its energy. The essence of the mind is in the heart, which is the spiritual center of the human being. Therefore, the union of the energy of the mind with its essence takes place in man’s heart. Therefore, healed mind or healed rational part of the spiritual center has a man who has united the energy of his mind to the essence of his mind. Thus, here is where their unbreakable relation stems from, and therefore everything related first of all to the heart is related also to the mind.

The mind is darkened and does not know God’s road. The heart is hardened, insensible. The demon linked with the passion to which we have submitted ourselves alertly guards its catch—the entry into the spiritual center of our being. Such a heart acquires a man to whom the satisfaction of the passions and committing of the sin through the habit have become his second nature. Now, how do we attain a healed mind—that is, a mind that has received sight and has opened to revelations, and to a heart that has compassion for all of the creation? How can our proud, distracted, and darkened mind become firstly humble, collected, and illumined, and our heart be aflame for the Lord? What kind of medicine and what food do our mind and our heart need? This is what I would like to remind you of today.

There is medicine and food for the mind, first of all for its energy, and there is medicine and food for the whole heart. There are general and specific medicine and food. General medicine and food for the mind are the repentant prayer, watchfulness over thoughts, and reading or hearing from the Holy Bible and the Holy Fathers’ works. General medicine and food for the heart are first of all good deeds, and then also the good word. We should pay equal attention to both upbringing of the mind and upbringing of the heart. We must not be one-sided, feed and heal only the mind or only the heart. It is particularly dangerous if we feed only the mind i.e. the reason, and this with reading and focusing on knowledge. Many are there today who make this error. This kind of knowledge brings pride, delusion, and destruction. It suffices that we ask ourselves just one question to examine ourselves: when was the last time we actually helped a man in need and consoled him? I am talking about someone outside our family and outside the circle of our friends, because even the unbelievers help their relatives and friends. And this was supposed to be our daily spiritual need, not only an evangelical task. And we wonder why the heart is hardened and without mourning… Therefore, if we have native intelligence, we should better pay more attention to nourishing the heart with good deeds, since through that we will also nurture the mind with true knowledge. Love brings humility and upgrades.

Specific medicine and food for both the mind and the heart, especially for us monastics, are: non-identification with thoughts, feelings, and desires until they are checked with the spiritual father—opposite to disobedience; proper confession—opposite to judging and condemnation; and continuing ascetical-hesychastic struggle—opposite to a hired servant’s attitude. These three rules describe the struggle for adaptation of the mode of our life to the first level of our spiritual development—the level at which we purify our heart from the passions. Not the level at which a deluded man may think he were, but the level that is specifically and precisely indicated by the quality of our prayer—first, prayer of the intellect and oral prayer; second, ascetical mind-and-heart prayer; and third, unceasing mind-and-heart prayer. And, a good deed for us monastics is not such that seems to us ethical, good, but such that is done according to God’s will, which we realize through our spiritual father’s word.

Specific food and medicine for the heart and the mind appropriate to the level at which we illumine our mind is the ascetical mind-and-heart prayer. It at the same time is a good thought, a good word, and a good deed for the Godman Christ, Who is imprisoned, alone, sick, a stranger, hungry etc. for our sake and for our salvation, in our heart. It at the same time is a good thought, a good word, and a good deed for our fellowman who is imprisoned, alone, sick, a stranger, hungry etc., with whom the Godman Christ identifies Himself, in our heart. We believe this to be also the road to transition from illumination of the mind to dawning of the Divine light in our heart: “While you have the light, believe in the light, that you may become sons of light… I have come as a light into the world, that whoever believes in Me should not abide in darkness.” This is not simple faith, but faith founded on experience, on previous knowledge by experience.

Genuine belief in essence is a harsh struggle, a proper one; it is not some faith without deeds or suspicious faith with a false struggle. The struggle that is in harmony with the stage of spiritual development is a testimony and indicator that we believe genuinely and properly. That is the road of them who have come to love the Divine glory and light instead of the human. That is the road of them whom God has glorified. That is the road of them whom we today praise and celebrate—the holy martyrs, the venerable mothers and fathers, and the fools for Christ. That is also the road of our fellow countryman, of our father and protector, the Holy Patriarch Leontius of Jerusalem.

Metropolitan Nahum of Strumica

 

P.S. As for the manifestations of the insensibility of the heart, it is best for you to read about it in the eleventh step of St John’s Ladder of Divine Ascent.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3136
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7614
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная