логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Беседа на Митрополитот Тимотеј на монашењето на сестрите Ана и Нина во манастирот на свети Ѓорѓи во с. Рајчица (06.05.2010)


Христос воскресе!

Драги браќа и сестри,

 

Денес го прославуваме празникот посветен на светиот великомаченик Ѓорѓи. Овој Божји угодник го посведочил својот живот како христијанин со маченичка крв и преку тоа се здобил со Царството небесно и со вечен спомен. Од неговиот живот ние како христијани можеме да се поучиме и да го прифатиме Божјиот домострој за спасението на човечкиот род.

Човекот е создаден од Бога како бесмртно суштество, според ликот Божји, и затоа ја носи во себе бесмртната боголика душа и христоликото тело и од Бога е назначен да живее вечен живот. Затоа човекот во прв ред е вечно битие. Не е човековата личност само безначајна единка во друштвото на луѓето, не е безначаен штраф во механизмот на светот, туку човекот е боголика бесмртна личност и син Божји, како што вели Светото Писмо. Тоа е вистина која што Господ Исус Христос ни ја открива. Он затоа и доаѓа во овој наш свет - како Бог, да ни покаже дека ние луѓето сме вечни суштества, создадени за вечен живот, и затоа нашиот живот овде на земјава само започнува и продолжува на небото и целата вечност. „Бог го создаде човекот за нераспадливост и го направи слика на Своето вечно битие“ (Мудр. 2, 23).

Но, според својата слободна волја, нашите прародители го отфрлиле тој Божји дар и свртувајќи се обратно тргнале по спро­тивниот пат. Каде? – Тргнале по патот на гревот и смртта во прегратките на ѓаволот, бидејќи тоа е спротивно на Бога, како што и тем­нината е спротивна на светлината. Луѓето наместо да го изберат вечниот живот со Бога, тие ги избрале гревот и смртта –  и тоа двојна смрт: и телесна и духовна. Духовна смрт е кога душата ќе се оддели од Бога – изворот на нејзи­ниот живот. Душата е создадена за Бога и за Божји живот. Но, кога ќе го прегрне гревот, таа отпаѓа од Бога и од вечниот живот.

Во бездната на гревот и смртта паѓа целиот човечки род, дури до доаѓањето на Спасителот. „И царува смртта од Адама до Христа“ – вели апостол Павле (Рим 5, 12, 14). Затоа и доаѓа Господ Исус Христос во овој свет, да ги спаси луѓето од гревот и смртта, и да дарува вечен живот. Во тоа и се состои суштината на Новиот завет и целокупното христијанство. Бог постана човек, за луѓето да ги поврати кон Бога и да ги направи бесмртни, и како Син Божји му дарува живот вечен на човечкиот род. Во тоа и се содржи спасението  на луѓето кое Христос го изврши и дарува, кое Он го дарува на секого во Црквата. Но, тоа спасение луѓето го добиваат дури тогаш кога ќе пријдат кон Бога со вера и покајание.

„Покајте се бидејќи се приближи Цар­ството небесно“, вели Господ, односно се приближи вашето спасение. Покајте се и верувајте во Евангелието! Односно, верувајте во Христа, како во Бога и Спасител на светот. Знаеме дека само оние што се покаеле и пове­рувале во Христа, само тие пристапија кон спасението и влегоа во Царството Хрис­тово, кое е Црквата. „Исус Христос дојде во светот, вели апостол Павле, да ги спаси греш­ни­ците од кои прв сум јас“ (1 Тим 1, 15). „Бидејќи Бог сака сите да се спасат и да дојдат до позна­вање на вистината“ (1 Тим, 2, 4), да добијат спасение и вечен живот. Но, спо­ред истиот апостол, се спасуваат само тие „кои сакаат да поверуваат во Христа во вечен живот“ (1 Тим 1, 16). Спасението од Бога е ово­з­мо­жено на секој еден од нас. Но, се спа­су­­ваат само тие што сакаат да поверуваат и да се покаат од злото, бидејќи Бог ништо не прави насила, па нема ниту насила да не спасува.

Секој човек без Христа е духовно мртов. Него го чека самата смрт и тоа најпрво телесната, а потоа и пострашната – духовната смрт на овој свет, односно оддалеченоста од Бога и Божествената светлина во вечната темнина и мака со ѓаволот во пеколот. Камо среќа секој еден од нас да има искрена желба за избавување од пеколот преку искрено покајание, тука на земјава, во овој живот, додека имаме време за тоа.

За жал и за голема несреќа многумина денеска се преокупирани со други работи и се зафатени со овоземни проблеми. Ја забора­ваме Христовата вистина, дека човекот е вечно суштество и дека во еден момент, сакал или не сакал, ќе мора да даде одговор пред лицето Божјо, за својот живот и за своите дела. Нема никој право и Бог нема да дозволи да ја симнуваме од себе својата одговорност и да ја префрламе на некој друг. Сè што работиме се запишува во вечната книга на нашиот живот, која што ќе се чита на Страшниот суд. И Страшниот суд е страшен затоа што ќе ни биде судено на сите нас со тие испишани книги. Ако сакаме со посо­времен јазик да го разбереме Страшниот суд, тогаш тоа ќе биде како еден вселенски филмски екран во кој нема да има режисер, пропаганда, спикери, шминкери, сценографи, туку едноставно ќе ги покаже животите на сите нас во сите детали и со сите мисли. Нема да биде само онаа трета димензија и четврта, туку сите димензии, суштината, желбите, мислите и сè ќе излегува на површина и сите ќе ги гледаме, како на филмско платно, живо­тите на секој од нас. И тогаш нема да треба суд, не треба договор, не треба никаков заклучок, ни пресуда, сè ќе биде јасно.

Што е тоа вечен живот? – Тоа е живот со Бога и според Божјата волја, во вера, вистина, правда, љубов, благодат – живот во сè според Христа. Оној што живее така на земјата, тоа го чека и на другиот вечен живот, во вистината Божја, во љубовта и радоста со Христа. Оној, пак, кој живее обратно од таквиот живот, односно живее во гревот и злото, во беззаконија и безбоштва, него го очекува судот Божји, односно живот спротивен на животот Божји, а тоа се вечните маки, страдања, оган, омраза и ѓаволско очајание и темнина. Бидејќи, кој не го сака Бога и Божјиот живот на овој свет, како Бог ќе му даде насила Царство небесно, кога душата на таквите уште тука на земјава постанала предворје на пеколот. Бог не прави насилно ништо и затоа секого го чека тоа што го има заслужено.

Драги браќа и сестри, од сè досега што е речено јасно се гледа дека целокупниот наш живот е подготовка за вечен и бесмртен живот. Монашките завети кои што ги положија вечерва сестрите Ана и Нина, не се ништо друго туку пат кон вечниот живот, преку откажувањето од овој свет и неговите удобности, со послушност, девственост и сиромаштво, за да можат полесно и во заедница да го исполнат Законот и прописот на светата Православна црква, преку пока­јание и исповедание на Евангелието.

Затоа да се обратиме кон сестрите што ги зедоа монашките завети, нека свети Ѓорѓи им биде пример со неговата силна и непоколеблива вера во исполнувањето на Евангелието. Тој нека им даде духовна и телесна сила да можат заветите што ги зедоа достоинствено и чесно да ги носат и оправдаат, за да добијат награда од Благиот Христос и вечен живот и Царство небесно. Нека ги исполнат зборовите Христови: „Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец, Кој е на небесата“. Нека го носат монашкиот подвиг за прослава на нашата Светиклиментова и Светинаумова православна црква, на радост на ангелите и пораз на нечестивиот.

 Митрополит Тимотеј

Друго:

Монашење во манастирот во Рајчица (06.05.2010)

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3127
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7601
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

17/11/2024 - недела

Преп. Јоаникиј Велики; Св. свештеномаченик Никандар, епископ Мирски и Ермеј презвитерот;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот,  прибежиште Синот, а покров Духот Свети,  моли се о ти...

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните,помошник на владетелите,

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Страдалници Господови, блажена  е земјата, која се напои од вашата крв,  и свети се населбите кои ги примија телата ваши. На боиштето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная