логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


НЕДЕЛА НА СЛЕПИОТ
 
Јован 9: 1-38      Зачало 34
 
,,Ни тој, ниту родителите негови згрешиле, туку за да се јават делата Божји врз него“
(Јован 9: 3)
 
ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!
 
Возљубени христијани,
вангелското сведоштво за слепородениот човек, секој пат во нас поттикнува размислувања за многу животни прашања, на кои ние често и не умееме да одговориме. Потсетувајки се уште еднаш на овој евангелски настан, денес треба да си го пос¬та¬виме прашањето: Благодариме ли ние на Бога за се, што ни е дадено? Ние мислиме дека се што имаме во животот, сме го добиле како по некоја должност, а малку раз¬мис¬луваме дека видот, кој го поседуваме, е еден од највосхитувачките чуда, кој го по¬се¬дува нашето уште повосхитувачко тело. Колку голема милост допуштил Господ, ко¬га не создавал, зашто, доколку би се случила една мала непрецизност или ано¬ма¬ли¬ја на тој прекрасен чо¬веч¬ки орган, ние никогаш не би можеле да ги видиме уба¬ви¬ни¬те на овој, од Бога создаден свет.

Тешко му е на човекот да биде без Господа. Тешко му е на човекот да биде слеп. Уште потешко му е на овој евангелски слепец, кој бил слеп од раѓање. Оној, кој ослепил, се лишил да ги гледа радостите од овој свет, а оној, кој се родил слеп, тој нема никаква претстава за овој свет. Таквиот човек би дал и би направил се, само за миг да може да ги види убавините од овој свет.

Христос исцелил многумина од оние, кои го загубиле видот од болест или од било каков несрекен случај, но денес Он исцелува слепороден човек, со единствена цел – да ни покажи дека во Негова власт е помошта, која може да ни ја даде и во најбезизлезните ситуации. Но, во разговорот меѓу Христос и апостолите, кој следел по извршувањето на чудото, забележуваме едно страшно прашање, кое го поставиле тие. Христовата сострадателност кон немокните, би требало да ја поттикне и нашата сострадателност, но на апостолите ни на крај памет не им доагала помислата дека и тие можеле да му помогнат на овој човек. Наместо тоа, тие го поставуваат страшното и нелогично прашање: ,,Рави, кој згрешил? Тој или родителите негови, та се родил слеп?<. Можеме ли да сфатиме, до кој степен ова прашање е безљубовно! Тие самите заклучуваат дека, оваа болест не е ништо друго, туку проста последица и казна за некакви страшни гревови. Но, во Христовиот одговор даден е и логичниот заклучок дека, ние немаме право да ги сметаме за големи грешници оние, кои трпат поголеми страдања. Впрочем, Самиот Он е доказ на овој логичен заклучок, зашто Он претрпе најголеми страдања и маки, иако безгрешен. А што се однесува до нас, преку благодатта на покајанието, ние можеме да ги наречеме сопствените страдања како казна, а преку благодатта на љубовта, можеме да ги видиме страдањата и на другите луѓе, но за нивниот живот не можеме јавно да кажеме ништо лошо, па затоа нивните страдања ке ги наречеме – искушенија.

Во прашањето на учениците очигледно е непотребното љубопитство. Што е важно за нив кој згрешил, дали слепиот или неговите родители, и каква е нивната корист од тоа, ако го знаат одговорот? Ние многу често се интересираме за гре¬во¬вите на другите луге, отколку за сопствените, ризикувајки да паднеме во гревот на осу¬дувањето, иако е кажано дека оној, кој осудува, виновен е за сите гревови, но и учествува во гревовите на човекот, кого и го осудува.

Навистина интригира фактот: зошто учениците прашуваат за гревовите на сле¬породениот? Зарем во него нема било каква кривица, та се родил таков? На¬вис¬тина, во Божјите очи ги има и нашето минато, и сегашноста, и иднината, и тоа како еден миг. И Бог, знаејќи ги гревовите, кои ние би можеле да ги извршиме, заради наше добро, може да н# лиши од физичката можност да направиме некој страшен грев, па било тоа да е дури и преку ненадејна смрт. Господ говори: ,,Уште пред да те создадам во утробата на мајката, јас ги знам сите твои влегувања и излегувања<. Но, дали човекот може да згреши пред своето раѓање, уште додека е во мајчината ут¬ро¬ба? Од евангелската историја ни е познато дека, неродениот Претеча, уште во мај¬чи¬ната утроба, со радост го поздравува неродениот Богомладенец. А светите отци го¬во¬рат за ,,човекот на беззаконието<, дека тој во беззаконие ќе биде зачнат и во без¬за¬ко¬ние ќе биде роден. Имено, фарисеите така и судат за слепородениот. Тие му велат: ,,Сиот си во гревови роден...<. Но, токму за тоа и станува збор, па тие со овој свој суд пра¬ват пресврт на правдата. Зашто, речено е: ,,Ете, во беззаконие сум зачнат и во грев ме роди мојата мајка<. Овие зборови на покајание, за кои е повикан да ги из¬го¬ва¬ра секој човек, кога ние ги упатуваме против другите, само врз основа дека Бог го по¬се¬тил со тешки страдања, постануваат ѓаволска клевета.

А дека децата често страдаат заради гревовите на родителите, тоа нема по¬треба да се објаснува. По првото паѓање во грев, децата почнуваат да се казнуваат заради гревовите на родителите. Во Светото писмо, но и во целата човечка историја, ние имаме мноштво на примери за тоа, колку таинствено едни со други ние сме поврзани со тоа сродство. И нашево време, можеби како никое друго, се јавува како убедителна илустрација на таа врска. За родителите, кои ги љубат своите деца, тоа е доволна основа да бегаат од гревот, доколку сакаат нивните деца да не страдаат, да не погинат и, воопшто, нивниот живот да не се претвори во жив пекол.

Значи, кој згрешил, та овој човек се родил слеп? Одговорот го дава Христос: не згре¬шил ни тој, ниту родителите негови, туку да се јават делата Божји врз него. Бла¬жени се оние, врз кои се јавуваат Божјите дела. А врз кого тие се јавуваат? Врз сите луѓе, без исклучок. Значи, сите луѓе се блажени и за сите е подготвена само радоста. Да, говори Христос, нема никакво значење кој згрешил. Дури и ако некој тешко и смртно згрешил, со љубовта Своја Христос ги зема врз Себе гревовите на сите. Пред Божјата љубов исчезнува темнината од сите гревови, а и самите ги снемува, како и да не биле. Како што говорат светите отци, пред океанот на Божјата љубов, сето зло од светот не е поголемо од едно зрнце песок. А ова е така, за никогаш да не се пом¬рачи нашиот вид, кога ќе го здогледаме злото како се зголемува. Никој не згрешил, ни овој човек, ни неговите родители, ни неговите прародители, иако сите згрешиле и сите се грешни, но во исто време и безгрешни, зашто, кон сите, без исклучок, упатен е повикот ,,влезете пак во рајот<. Тоа се Божји дела, не човечки; тоа е она, што Христос го направил за спасение на сите преку Крстот и Воскресението. Тоа е она, кое Он, и до денес и секојдневно го извршува само за нас. А овој слепороден не е никој друг, туку типичен претставник на духовно слепото човештво.

Овој слепороден човек е посебен Божји избраник. Тој е спомнат во Еван¬ге¬лие¬то не заради друго, туку заради тоа, да разберат сите дека Христос е вистинска свет¬ли¬на, која го просветлува секој човек, кој се родил во светов, и кој поминал низ долг, нај¬долг мрак на страдање. Ние ништо друго не знаеме за него, но Христовите зборови, дека тој страдал заради Божја слава, многу ни говорат. Навистина, секој, кој страда заради Бога, макар и тоа да е една секунда, нема да ја загуби својата награда. А за годините, поминати во страдања, Бог на секој страдалник во светот му дава од Сво¬јата безмерна слава. Овој човек се родил слеп, за врз него да се јават Божјите дела за сите, кои биле сведоци на ова чудо, но и за сите кои го слушаат и сфаќаат ова евангелско четиво, и кои ќе го слушаат до крајот на светот.

Возљубени христијани,
Поголемиот дел и од нашето слепило е доброволно. Колку е лесно да се ис¬клу¬чи светот? Треба само да ги спуштиме двете ролетни на телото – очните капаци. Мно¬гумина од нас се виновни за спуштање на ролетните за потребите на нашиот свет. Заслепени сме од своето богатство, од гордоста, суетата, славата... Не можеме да си замислиме како им е на оние родители, кои немаат доволно средства да им ку¬пат леб на своите деца, како им е на оние, кои наместо дом, имаат шупа, кои наместо на трпеза, јадат од контејнери, и кои наместо во топла постела, спијат по тротоари. Кол¬ку е лесно да се исклучи сето тоа од својот живот и да се биде слеп за тоа. За¬сле¬пе¬ни сме од бои. Одбиваме да го видиме ликот Божји, кој е во секој човек. Нашето општество денес страда заради нашето слепило, кое, во основа, е духовно слепило. Колку очајно ни треба Христос, за да ни го врати видот, за да можеме да го гледаме и да го почитуваме ликот Божји во секоја личност. Нашето слепило е премногу комп¬ли¬цирано, за да го решат очните лекари, зашто истовремено сме и кусогледи и да¬ле¬ку¬гледи. Слепи сме за сопствените гревови, кои ни се пред носот, а во исто време, мно¬гу убаво ги гледаме гревовите на ближните, кои се далеку од нас.
Има една куса приказна, за еден осамен човек, кој се чувствувал толку от¬фрлен од студениот град во кој живеел, па решил да се самоубие, фрлајки се во град¬ската река. Кога излегувал од својата соба, си рекол: ,,Ако сретнам некого на улица, кој ке ме погледне ПРАВО В ОЧИ, некој што ке ме забележи дека постојам, дека и јас сум човек, дека и јас сум Божја творба - ке се вратам. Само тогаш!<. И тргнал кон реката.

И тука приказната завршува. Оваа приказна ни го наметнува следното пра¬ша¬ње, на кое сите ние задолжително ќе треба да си дадеме одговор: ДОКОЛКУ НÈ СРЕТНЕЛ НАС ПО УЛИЦАТА, КЕ СЕ ВРАТЕЛ ЛИ, ИЛИ НЕ? Амин!
 
 
 
9 мај 2010 година
Св. св-мч. Василиј Амасиски                           протоереј Златко Ангелески
(Свето Преображение)
 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3127
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7601
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

17/11/2024 - недела

Преп. Јоаникиј Велики; Св. свештеномаченик Никандар, епископ Мирски и Ермеј презвитерот;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот,  прибежиште Синот, а покров Духот Свети,  моли се о ти...

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните,помошник на владетелите,

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Страдалници Господови, блажена  е земјата, која се напои од вашата крв,  и свети се населбите кои ги примија телата ваши. На боиштето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная