логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Slika.Golgota.jpg


БЕСЕДА 46

За разликата меѓу словото Божјо и словото на светот, меѓу чедата Божји и чедата на овој свет.

1. Словото Божјо е Бог, а словото на светот е свет. Постои голема разлика и растојание меѓу словото Божјо и словото на светот, меѓу чедата Божји и чедата на светот. Зашто секое поколение личи на своите родители. Според тоа, ако поколението на Духот посака да му се предаде на словото на светот, на земните работи и славата на овој век, тогаш тоа умира и гине, не можејќи да си најде вистинско спокојство во животот, затоа што неговото спокојство е таму каде што е и родено. Како што вели Господ (Мат. 13, 22), обземениот од животните грижи и прикованиот за земјата се задушува и станува неплоден за словото Божјо. А исто така и обземениот од плотските желби, т. е. човек световен, ако посака да го слуша Божјото слово, се задушува и станува некако како неразумен. Свикнатите на измамите на порокот, кога слушаат за Бога, се огорчуваат во умот, како да ги вознемирило некое непријатно кажување.
2. Но и Павле зборува: „Душевниот човек не го прима она, што е од Божјиот Дух: за него тоа е безумство” (1. Кор. 2, 14). И пророкот рекол: „Словото Божјо за нив станало како повратена храна” (Иса. 28, 13). Гледаш дека не е можно да се живее поинаку, освен според оној закон, според кој се родил секој. Но на ова треба да му се обрне внимание и од друга страна. Ако плотскиот човек се реши да започне да се менува, најпрвин тој умира и станува неплоден за претходниот лукав живот. Ама, како што кај болниот, на пример од треска, иако неговото тело лежи во постела и не е во состојба да врши никаква земна работа, сепак умот не останува мирен, туку се занимава со грижата околу работата, бара лекар, ги испраќа кај него своите пријатели, така душата, којашто преку престапот на заповедта станала подложна на немоќта пред страстите и слаба, кога ќе Му пријде на Господа и ќе поверува во Него, од Него добива заштита, и откако се одрекла од претходниот мошне лош живот, макар што сè уште лежи ослабната од старата немоќ и нема сили реално да изврши какво било дело во животот, сепак, неопходно е, а и може, настојчиво да се грижи за животот, да Го моли Господа, да Го бара вистинскиот Лекар.
3. И несправедливо некои, воведени во заблуда од лажното учење, тврдат дека човекот конечно умрел и воопшто не може да прави ништо добро. Иако бебето нема сили ништо да направи, или не може на свои нозе да отиде кај мајката, тоа сепак си ја бара мајката, мрда, вика и плаче. И мајката се сожалува над него. Таа се радува дека нејзиното дете настојчиво ја бара и ја вика. И со оглед на тоа што бебето не може да отиде кај неа, самата мајка, совладана од љубовта кон бебето, поради неговото долготрајно барање, доаѓа кај него и со голема нежност го зема, го милува и го надојува. Истото го прави и човекољубивот Бог со душата, којашто доаѓа и Го бара. Но Тој, далеку повеќе побуден од за Него својствената љубов и од Својата добрина, се прилепува кон расудувањето на душата и, според зборот на апостолот, станува со неа еден Дух (1. Кор. 6, 7). Зашто кога душата се прилепува кон Господа и Господ, милувајќи ја и љубејќи ја, доаѓа и се прилепува кон неа, и тогаш нејзиното размислување непрестајно престојува во благодатта Господова, тогаш душата и Господ стануваат еден дух, едно битие, еден ум. Телото на душата останува на земјата, а нејзиниот ум целиот живее во небесниот Ерусалим, издигнувајќи се до третото небо, прилепувајќи се за Господа и таму служејќи Му.
4. И самиот Оној, Кој седи во небесниот град на престолот на величеството во височините, сиот престојува заедно со душата во нејзиното тело, затоа што нејзиниот лик Тој го поставил горе, во небесниот град на светите Ерусалим, а сопствениот лик (образ) на неискажливата светлина на Своето Божество го поставил во нејзиното тело. Тој í служи нејзе во градот на телото и таа Му служи Нему во градот небесен. Душата станува Негова наследничка на небата, а Тој ја прифатил како наследничка на земјата. Зашто Господ станува наследство на душата и душата наследство на Господа. Мислата и умот дури и на помрачените грешници можат да бидат мошне далеку од телото. Имаат сила во еден миг да преминат големи пространства, да отидат во далечни земји, и неретко се случува телото да останува на земјата, а мислата да престојува заедно со љубениот или љубената во некоја друга земја и да í се чини како да живее таму. А ако душата на грешникот е толку суптилна и брзокрила, и за нејзиниот ум не постои пречка да биде во далечни места, уште повеќе душата од која со силата на Духот Свет е симната покривката на темнината, кога нејзините умствени очи се просветени со небесната светлина, потполно е ослободена од срамните страсти и станала чиста според благодатта, на небесата целосно Му служи на Господа со духот, а исто така целосно Му служи и со телото, и толку се раширува со мислата, што се наоѓа насекаде, и каде што сака и кога сака Му служи на Христа.
5. Вака вели апостолот: „Да можете да разбирате со сите светии, што е ширина и должина, што е длабочина и височина, и да ја узнаете Христовата љубов, што го надминува секое знаење, за да се исполните со сета полнота Божја” (Ефес. 3, 18 и 19). Вгледувај се во неискажливите тајни на душата од којашто Господ ја симнува налегнатата на неа темнина и ја открива и Самиот í се открива! Како ги раширува и распростира мислите на нејзиниот ум во широчината, и во должината, и во длабочината, и во височината на сета видлива и невидлива твар! Значи, навистина е душата големо, Божјо и чудесно дело. При нејзиното создавање Бог ја створил таква, така што во нејзината природа да не биде вложен порокот, напротив, ја створил по образот на добродетелта на Духот, ги вложил во неа законите на добродетелите, расудувањето, знаењето, разумноста, верата, љубовта и останатите добродетели, според образот на Духот.
6. Таа и сега во знаењето, разумноста, љубовта, верата, Го пронаоѓа Господа и преку овие нешта Господ í се јавува. Тој во неа вложил памет, мисли, волја, господаречки ум, направил во неа да царува и една особена голема суптилност, ја направил лесно подвижна, лекокрила, неуморна, í подарил способност да доаѓа и да си оди во еден миг и со мислата да Му служи кога сака Духот. Со еден збор, ја создал да стане Негова невеста и заедничарка, ја создал за Тој да биде во единство со неа, и таа со Него во еден дух, како што е речено: „Кој се соединува со Господа, еден дух е со Него” (1. Кор. 6, 17). Нему слава во вековите на вековите! Амин.

 Издавач: ЃаконијА

Превод: о. Игор Калпаковски

Друго:

  • sv.Makarij.Veliki.jpg

Beseda36.jpg

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3125
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7597
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная