Има два типа на луѓе (29.11.2016)

Што е верата? Како да поместиш планини со неа? Господ не одговорил на ова, но ни рекол да се молиме и да постиме, за да бидеме верни. Човекот не бил создаден верен, но преку дела станал верен; молитвата била тоа дело што го приближило до Бога. Вера, тоа е да стоиш во близина на Бога, да најдеш утеха во Неговиот лик, да најдеш олеснување во Неговите зборови.








Пишувам денес, 11 септември, на празникот на св. Јован Претеча. Вчера вечер ревносно отслуживме Вечерна во еден параклис. Бевме само два-тројца мажи и неколку жени. Утрово служевме Литургија, и повторно – само неколкумина верници. Продавниците надвор беа отворени, сите работеа како да не се празнува најголемиот светител во нашата вера.
Крштението е света тајна во која човекот, откако претходно ќе ја исповеда правата (православната) вера, преку трикратно целосно потопување во водата во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, се очистува од сите гревови, станува мртов за гревот и грешниот живот, повторно се раѓа во духовен, свет живот и добива обновување на образот Божји во себе..




























