логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ГОЛЕМА ВЕЧЕРНА
На Господи, повикав, земаме 10 стиха, и пееме 3 стихири воскресни од Осмогласник, 3 источни и 4 на чесниот крст, глас 5.
   Засветли, крсту Господов, молњи светлозарни на твојата благодат, во срцата на оние што те почитуваат, и набожно со љубов те целиваат, со кој тагата солзлива се уништи, и од смртните замки се избавивме, и до трајната радост дојдовме. Покажи ги убавините на твоето благолепие, подај им награда заради воздржанието на твоите слуги, кои верно го бараат твоето богато застапување, и милост голема.
Радувај се, крсту живоносен, на Црквата рају красен, дрво на нетление, кое ни дава наслада на вечната слава; со кое се изгонуваат бесовските полкови, и се веселат ангелските чинови, а собранијата на верните празнуваат. Оружје непобедливо, неразрушлива тврдино, на царевите победо, на свештениците похвало! Христовите страдања сега дај ни да ги достигнеме, и милост голема.
Радувај се, крсту живоносен, на благочестието непобедлива победо, рајска врато, на верните тврдино, на Црквата оградо: со кој гнилежот се разурна и се уништи, и моќта на смртта се победи, а ние се вознесовме од земјата на небото; оружје непобедливо против бесовите, славо на мачениците, вистински украсу на преподобните; на спасението пристаниште; кој на светот му даваш милост голема.
Дојди првосоздадена двојко (Адаме и Ево), која отпадна од соборот на горните, со зависта на човекоубијци, со горчливото задоволство од некогашното јадење од дрвото. Ете, навистина, сечесното дрво иде пред нас, со радост пријдете и целивајте го, и со вера повикајте кон него: Ти си нашата помош, крсту сечесен, дрво богоблажено, садницо небесна; откако со неговиот плод се причестивме, нетление добивме, откако првиот рај сигурно го примивме, и милост голема.
Слава: глас 3: Христе Боже наш, Кој прими доброволно распнување заради општо воскресение на човечкиот род, си ја примил на крстот, со багреницата на твојата крв, повелбата царска за наше ослободување човекољубиво си ја потпишал. Не презирај нè во опасноста во која што се наоѓаме, поради тоа што повторно сме одвоени од тебе; на Твојот народ во неволја смилувај се; стани и победи ги нашите непријатели, како сесилен.
   И сега: богородичен од редовниот глас (догматик). Вход. Светлино тивка: Прокимен: Господ се зацари: Ектенија, и остатокот како и обично.
На литија, стихири на храмот.
   Слава, и сега: глас 5: Сета твар, гледајќи Те како висиш на крстот необлечен – Тебе, Создателот и Творецот на сè, од страв трепереше и редеше: Сонцето си ја помрачи светлината, земјата трепереше, камењата се распаѓаа и завесата на храмот се раздра; мртвите од гробовите станаа и ангелските сили се исплашија, говорејќи: О чудо! Судијата е суден! И доброволно страда за спасение на светот и за негово обновување.
На стиховни, стихири самогласни.
Слава, и сега: глас 4: Господи, Кој му помагаше на Давида да ги победи иноплемениците, и на верниот народ наш помагај му, и со оружјето крсно одбиј ги нашите непријатели; покажи ги на нас, Милосрден, твоите древни милости, и да разберат навистина дека си Ти Бог и дека ние, коишто се надеваме на Тебе, победуваме, ние кои се молиме на твојата пречиста Мајка, да ни дарува милост голема.
   Тропар: Богородице Дево: (2-пати); и на крстот еднаш. Глас 1: Спаси ги, Господи, луѓето твои и благослови го твоето наследство, победи на благоверниот народ наш над непријателите давајќи му, и со крстот твој пазејќи го твоето население.
И остатокот од бдението, како и обично.


УТРЕНА
По Шестопсалмието: Бог Господ: според гласот од Осмогласник, и го пееме тропарот воскресен (2-пати). Слава: на крстот: Спаси ги, Господи, луѓето твои: И сега: богородичен: Кога Гаврил ти благовестеше: И обично сихословие (катизми). Седални воскресни. По полиелејните псалми, (ако некаде храмот е посветен на крстот) седален на крстот, глас 8.
Некогаш во рајот непријателот ме соголи поради јадењето од дрвото, нанесувајќи ми смрт: но на земјата беше насадено дрвото крсно, кое на луѓето им носи облека на животот, и целиот свет со радост секаква се исполни. Гледајќи го него возвисен, сите да Му запееме на Господа со еден глас: Храмот се исполни со Неговата слава. 2-пати
Степена од редовниот глас.
Евангелие утринско: Воскресение Христово: Псалм 50.
   Слава: глас 8: Вратите на покајанието отвори ми ги, Животодавче, зошто мојот дух поранува кон Твојот свет храм, носејќи го храмот телесен сиот осквернет: но како штедар, со твојата голема милост очисти го.
И сега: богородичен: По патот на спасението води ме, Богородице, зашто душата си ја извалкав со срамни гревови, и сиот мој живот го минав во мрзливост; но со твоите молитви избави ме од секаква нечистота.
Потоа, глас 6: Помилуј ме, Боже, поради Твојата голема милост, и заради мноштвото Твои добрини, очисти го моето беззаконие.
Мислејќи на мноштвото мои тешки гревови, бедниот јас треперам од страшниот ден суден: но, надевајќи се на Твојата милост, како Давид Ти викам: Помилуј ме, Боже, поради милоста Твоја голема.
Канон воскресен, и на Богородица, на 6, потоа од Триод на 8, творение на господин Теодор Студит. Глас 1.
Песна 1
Ирмос: Ден е на воскресение, да се просветлиме, луѓе! Пасха, Господова Пасха, зашто од смртта кон животот и од земјата кон небото, Христос Бог нè преведе, пеејќи ја победната песна.
Ден е на торжество, зашто со воскресението Христово смртта се покажа несигурна, зракот на животот засветли, Адам стана и со радост ликува: затоа да воскликнеме, пеејќи песна победна.
Ден е за поклонување на чесниот крст; пријдете кон него сите, зашто сега свети со сјајот на Христовото воскресение: да го целиваме, душевно радувајќи се.
Голем крсту на Господа, покажи се, откривајќи ми го божествениот изглед на твојата убавина; направи ме достоен поклоник на твојата слава, зашто, како да поседуваш живот, и ти пеам и те целивам.
Небото и земјата нека го прослават себлажениот крст кој лежи пред сите нас, зашто на него се жртвува Христос, прикован телесно: да го целиваме, душевно радувајќи се.
Слава: троичен: О Троице по лица, единице по суштина! Оче, Сине, и Духу едносилна Единице, со иста сила и волја; давајќи мир, светот запази го.
Богородичен: Дево пречиста, никако не знаејќи за маж, бессемено раѓаш Младенец, чисто носиш Рожба – Создателот на светот – Христос Бог: Него моли Го, да даде мир на сè.
Катавасија: Христе Боже, некогаш Мојсеј го предобрази твојот божествен крст, кога со жезалот го пресече Црвеното Море, и го преведе народот израилски, пеејќи ти песна победна.
Песна 3
Ирмос: Пријдете да пиеме нов пијалак, кој не е од карпата со чудо направен, туку е Христос – Изворот на негнилежност, кој од гробот потече, во Кого се утврдуваме.
Дојдете да пееме нова песна, разурнувањето на адот прославувајќи го, зашто Христос воскресна од гробот, откако смртта ја заплени, и целиот свет го спаси.
Дојдете да нацрпеме, верни, не од извор од кој тече вода расиплива, но од изворот на просвештението, со поклонување на крстот Христов, со кој и се фалиме.
Целивајќи го сега Твојот крст, што некогаш Мојсеј го предобрази со своите раце, го победуваме духовниот Амалик, Владико Христе, со кој и се спасуваме.
Со очите и усните чисти пеејќи песна радосна, на крстот Господов со радост да се поклониме, верни, и пеејќи да се радуваме.
Слава: троичен: Единствениот Бог беспочетен во три ипостаси Го почитувам, Кој е неразделен по суштина: Отецот, Синот, и живиот Дух, во Кои се крстивме.


Богородичен: Твојата тајна, Чиста, Мојсеј некогаш ја виде како предобраз во капината: како што неа пламенот не ја изгоре, така и огнот на божеството не ја изгоре твојата утроба.
Катавасија: На каменот од верата, со Твојот крст утврди ме, Христе, за да не ми се поколеба умот од нападите на лошиот непријател, зашто Ти си единствен свет.
Седален: глас 6: Крстот твој, Господи, се освети, зашто во него се случуваат исцелувања на болни во гревови: преку него, Тебе Ти се поклонуваме, помилуј нè.
Стих: Вознесете Го Господа, нашиот Бог, и поклонувајте се на подножјето од нозете негови, зашто е свето.
Денес се исполни пророчкото слово: зашто, ете, се поклонуваме на местото каде што стоеја нозете Твои, Господи! И, кога од дрвото на спасението вкусивме, слобода од гревовните страсти примивме, по молитвите на Богородица, единствен Човекољупче.
Слава: Штом се издигна дрвото на Твојот крст, Христе, темелите на смртта се разнишаа, Господи: оној што адот со задоволство го проголта, со треперење го отпушти. Ти ни го јави спасението твое, Свети, и Те славиме, Сине Божји, помилуј нè.
И сега: богородичен: Богородице Дево, моли Го твојот Син, Кој доброволно на крстот се прикова, и Кој воскресна од мртвите – Христа, нашиот Бог, да ги спаси душите наши.
Песна 4
Икосː Богоглаголивиот Авакум нека застане со нас на божествената стража и да ни го покаже светлоносниот ангел, кој јасно говориː Денес е спасението на светот, зашто воскресна Христос, како сесилен.
Ангелот им рече на жените мироносициː Ете, Христос воскресна, не плачете, одете и на апостолите кажете имː Радувајте се, денес е спасението на светотː тиранијата на непријателот со смртта се разруши.
Поклоничката радост на Твојот живоносен крст денес ја чувствуваме, Христе, како предвкус на Твоето сесвето страдање, кое си го извршил за спасение на светот, Спасителе, како сесилен.
Денес се случува радост на небото и на земјата, зашто преблажениот крст се покажува како знак Христов во светот, бидејќи тој, на оние што му се поклонуваат, вечна радост им приредува.
Што да Ти принесеме, Христе, за тоа што си ни дал на Твојот чесен крст да се поклониме? Оти на него Твојата света крв се излеа, на него и Твоето тело со клинци се прикова, а ние сега, целивајќи го, Ти благодариме.
Троиченː Три ипостаси на едното Божество пеам, неразделно, естествено, просто проповедајќиː Отецот безпочетен, Синот, и Духот Свети сопрестолен, едно господство, и едно царство, една моќ која е вечна.
Богородиченː Единствена ти меѓу жените се покажа најдостојна за восхитување, Пречиста, зашто ти си ја обновила природата, кога роди бессемено, останувајќи Дева, каква што си била и порано, оти родениот од тебе е Бог вистински.
Катавасијаː Кога големото светило (сонцето) Те виде на крст, Силен, затрепери и зраците свои ги сокри, а сета твар со страв го воспеа Твоето долготрпение, оти со твојата похвала се исполни земјата.
Песна 5
Ирмосː Наутро рано подрануваме и наместо миро на Господа песна да Му принесеме, и да Го видиме Христа – Сонцето на правдата, Кој на сите живот им засветли.
   Си засветлил од гробот, незаодна Светлино, на светот давајќи му нетление; си го уништил смртниот плач од краишта на светот, Господи, како милосрден.
Очистени со воздржување, да пристапиме топло целивајќи го сесветото дрво, на кое Христос, распнуван, го спаси светот, како милосрден.
Ликуваат весело ангелските чинови, заради поклонувањето на Твојот крст денешно, зашто со него си ги разбил непријателските полкови, Христе, Кој го спаси човештвото.
Црквата се позна како втор рај, наместо поранешното дрво на животот, имајќи го крстот Твој, Господи, од чие допирање се причестивме со бесмртноста.
Славаː троиченː Славам тоица собеспочетни, со една суштинаː Бога Отецот, Синот, и Духот, Светлина една трисветлосна, рамносилно царство, во неслеана суштина.
Богородиченː Си родила според законот на природата, но над  законот, зашто само твоето раѓање е бессемено; страшно е и надумно раѓањето твое, Сенепорочна.
Катавасијаː Поранувајќи наутро, Те воспеваме штедар Спасителу, зашто мир најдовме со крстот Твој, со којшто си го обновил човечкиот род, кон незаодната Светлина водејќи нè.
Песна 6
Ирмосː Христе, си слегол во долните места и си ги скршил вечните резиња, кои ги држеа врзаните и, како Јона од китот, си воскреснал од гробот.
Откако смртта ја уништи, си воскреснал, Христе, како голем цар, и од адовите бездни си нè повикал заради наслада во Царството небесно, во земјата на бесмртноста.
Радувајќи се со песни божествени, верни, на Бога да Му воскликнеме, крстот Господов целивајќи гоː зашто од него тече извор за осветување, на сите во овој свет.
Се исполнуваат зборовите на псалмопевецотː Ете, се поклонуваме на подножјето од нозете твои, Сесилен, на твојот чесен крст, на дрвото  најсакано.
Дрвото што во својот пророчки плач Еремија го виде измешано со твојот леб, тоа е крстот твој, Штедреː него целивајќи го, ги воспеваме твоите вериги, и погребение, копје и клинци.
Светиот крст што си го благоволил да го носиш на рамо, Христе, и на него да се издигнеш, и телесно да се распнеш, целивајќи го, собираме сила против вразите невидливи.
Троиченː Единица во три лица пеам, и Троица во една природа почитувана, и тројцата еден Бог, Светлина трисолнечна – Отецот, и Синот, и Светиот Дух.
Богородиченː Чудо поголемо од сите чудеса, во тебе се јави, нескверна Агнице, зашто Го роди Јагнето, Кое ги зема гревовите на светот. Него моли Го срдечно, за оние што те воспеваат.
Катавасијаː Јона, со раширените раце во утробата на китот, преднацрта икона на божествениот крст, и од ѕверот излезе, спасен со Твојата сила, Слове.
Кондак, глас 7. Самогласен.
Вратата на рајот повеќе не ја чува пламениот меч, зашто на негово место дојде крсното дрво; осилото на смртта отапе, и победата на адот се протера, зашто Ти си застанал пред него, мој Спасителе, викајќи им на оние во адотː Влезете пак во рајот.
Икосː Три крста на Голгота подигна Пилатː два за разбојниците и еден за Животодавецот. Кога адот Го виде Него им рече на оние долуː О слуги мои, и сили мои! Кој закова клинци во срцето мое? Кој со дрвено копје ненадејно ме прободе? Се раскинувам од внатрешните мои болки, утробата ми е ранета, чувствата мои ми го бунат духот мој, и сум принуден да го исфрлам Адама, и оние што се од Адама; оние што ми беа дадени од дрвото (забрането), истите нив дрвото (крсно) пак во рајот ги воведува.


 
СИНАКСАР
Стихови:
На крстот сета земја нека му се поклонува,
Преку него таа научи да Ти се поклонува Тебе, Слове.


Во оваа трета недела од постот, празнуваме поклонување на чесниот и животворен крст од овие причини: бидејќи за време на четириесетдневниот пост на некој начин и ние се распнуваме, умртвувани од страстите, паѓајќи во униние имаме чувство на жалост, ни се предлага чесниот и животворен крст за да не поткрепи и утврди и утеши, потсетувајќи не на страдањата на нашиот Господ Исус Христос. Ако нашиот Бог се распна заради нас, колку ли повеќе треба ние за Него да се трудиме, олеснувајќи ги нашите болки со предлагањето на страдањата Господови и со сеќавање и надеж на славата на крстот? Како што нашиот Спасител се искачи на крстот и се прослави, така треба и ние да правиме, та со Него и да се прославиме, иако нешто и жално претрпуваме. И друго: како оние што минуваат долг и тежок пат и, заморени, ќе најдат некое лиснато дрво со сенка, седнуваат под него да се одморат, па остоатокот од патот го минуваат како млади, така и сега во ова посно време и тежок пат и подвиг, светите отци ни го посадија на средината (од постот) живоносниот крст, кој ни дава олеснување и освежување, за да можеме остатокот од патот полесно да го минеме. Или, како што при доаѓањето на царот му претходат некои знаци, а потоа и самиот тој доаѓа, радувајќи се и веселејќи се на победата, со него се веселат и неговите послушници, така и нашиот Господ Исус Христос, сакајќи да ја покаже победата над смртта и славата што ќе дојде по воскресението, го испрати напред Својот скиптар, царското знамение - животворниот крст, за да не освежи и зарадува, и да не подготви да Го примиме самиот Цар и, како светол победник, да Го прославиме. Средината од светата Четириесетница е слична на горчливиот извор (1 Мој. 15, 22-25): како што божествениот Мојсеј во него стави дрво и водата ја направи слатка, така и Бог Кој не преведе преку духовното Црвено Море, со животворното дрво на чесниот и животворен крст, со постот во Четириесетницата ја осладува горчливоста и не утешува како оние во пустината се додека не не воведе во духовниот Ерусалим со Своето воскресение. Или, бидејќи крстот се именува и е дрвото на животот, тој е она дрво на животот што беше засадено среде рајот. Така и божествените отци го засадија крсното дрво среде Четириесетницата, потсетувајќи не и на Адамовото лакомство и на неговото ослободување со сегашново (крсно) дрво; оти, вкусувајќи од него, не само што не умираме, туку и оживуваме.
Со неговата сила, Христе Боже, запази не и нас од искушенијата на лукавиот, и удостој не да се поклониме на Твоите божествени страдања и на живоносното воскресение, откако светло ќе го минеме четириесетдневното поприште, и помилуј не, како единствен добар и Човекољубец. Амин.Песна 7
Икосː Единствениот благословен и препрославен Бог на татковците, Кој од печката ги избави момчињата, кога стана човек – страда како смртен и со страдањето смртното го облекува во убавина на нетлението.
Си воскреснал од гробот по три дена, како од сон, Господи, откако ги порази чуварите на адот со Твојата божествена сила, и древните праоци ги подигна, единствен благословен и најславен Боже на отците.
Пеејќи песни, да се зарадуваме денес, луѓе, со поклонување на крстот, славејќи Го Христа Кој се прикова на него, единствениот и најславениот Бог на отците.
Ти, Кој од еден инструмент за смрт направи средство за живот на светот – крстот твој Сештедре, освети ги оние што му се поклонуваат и го целиваат, единствен благословен и најславен Боже на отците.
Единствен милостив и милосрден Исусе, просветли ги и освети ги оние што верно се поклонуваат на Твојот крст, и на божествените страдања, единствен благословен и Најславен Боже на отците.
Славаː троиченː Го воспевам божеството – единица во три ипостасиː оти Светлина е Отецот, Светлина е Синот, Светлина е Духот, останувајќи единствена Светлина, при единството по природа, која светли со три лачи на Лицата.
Богородиченː Ти си онаа за која пророците проповедале на разни начиниː врата Божја, златна стомна, земја света, си се покажала Дево богоневесна, која по тело Го роди Исуса Христа, најславениот Бог на отците.
Катавасијаː Ти Кој ги избави момчињата од пламенот, откако прими тело, си дошол на земјата и, на крстот прикован, си ни дарувал спасение, Христе, единствен благословен и најславен Боже на отците.
Песна 8
Ирмосː Овој ден е наречен свет, единствен цар и господар на саботите, празник над празниците и торжество над торжествата, во него да Го благословуваме Христа во вековите.
За кого е мирото што го држите во рацете? Кого барате? Сега момчето (ангелот) кое се јави во гробот повикаː Воскресна Христос, нашиот Бог, Кој ја подигна човечката природа од бездните адови.
Радувај се, пребогато дрво и божествено, крсту, светлино на оние што се во темнина, кој ги осветлуваш четирите страни на светот со зраците на Христовото воскресениеː удостој ги сите верни да ја достигнат Пасхата.
Денес пријатно мириса крстот Христов, овој божествен извор на миро, ова живомирисно дрво; да ги помирисаме неговите боговдахновени мириси, верно поклонувајќи му се во вековите.
Дојди, пророку Елисеје, кажи јасно, кое е она дрво што го фрли во водата? – Крстот Христов, со кого од бездната на гнилежот се извлековме; нему поклонувајќи се, му пееме во вековите.
Некогаш Јаков, предобразувајќи го крстот твој, Христе, го благослови Јосифа и се поклони на краевите од божествениот жезол, откако го предвиде овој страшен жезол на Твоето царствоː нему сега ние се поклонуваме верно во вековите.
Да Го благословуваме Господа – Отецот и Синот и Светиот Дух.
Троиченː Едното суштество во три лица славејќи го, не ги славам трите еднолично, ниту го делам лицето на Отецот, и Синот, Со Духот; зашто еден е Бог над сите во Троица.
Богородиченː Единствена меѓу мајките си се покажала Дева, Богоневесто Марие, кога без маж го роди Спасителот Христа, и го запази печатот на чистотатаː тебе, ние верните, те славиме во вековите.
Катавасијаː Фрлен во јамата на лавовите, некогаш големиот меѓу пророците Даниил, откако рацете крстовидно ги рашири, се спаси од нив неповреден, благословувајќи Го Христа во вековите.
Песна 9
Ирмосː Светли се, светли се, нов Ерусалиме, зашто славата Господова на тебе засветли. Ликувај сега и весели се, Сионе; Ти, пак, Чиста, радувај се, Богородице, за воскресението на Твојата рожба.
Во гробот си слегол, Жизнодавче и Боже, и си ги скршил сите брави и резиња, и си ги воскреснал сите мртви, кои викаатː Слава на Твоето воскресение, сесилен Христе Спасителе.
Од гробот Твој живот ми потече, Христе, зашто Ти си господар на животот; на оние што живеат во гробовите, си повикалː Вие, кои сте во окови, ослободете се, оти јас дојдов за избавување на светот.
Со песни да заиграат сите шумски дрвја, гледајќи како денес се целива крсното дрво, зашто Христос на него главата си ја вознесе, како што божествениот Давид претскажува.
Јас, кој поради дрвото умрев, те најдов како дрвото на животот, Христоносен крсту мој, чувару мој непобедлив, сило над моќните демониː денес поклонувајќи ти се, викамː Со славата твоја, освети ме.
Весели се, радувај се, Цркво Божја, на дрвото најбогато поклонувајќи му се денес – на сесветиот крст Христовː нему, пак, му служат ангелските чинови, и со страв стојат пред него.
Троиченː Се поклонувам на Троица по лица, на единица по природа – Тебе, Божество свето, на Оца, и Сина, и на Светиот Дух; на едно начело, на едно царство, кое со сè владее.
Богородиченː Големата гора во која Христос се всели, се покажа ти, Дево, како што божествениот Давид викаː преку неа, себлажената, ние се вознесовме на небесата, откако преку Духот станавме синови Божји.
Катависијаː Мајко Дево, и Богородице вистинска, која Го роди бессемено Христа, нашиот Бог, Кој на крст се вознесе телесно; тебе, сите верни, со Него, сега достојно те величаме.
Егзапостилар воскресен. И на крстот.
Чесниот Христов крст гледајќи го денес изложен, да му се поклониме, и верно да се развеселиме со љубов целивајќи го, доброволно распнатиот на него Господа молејќи Го, да нè удостои сите нас, и на чесниот крст да се поклониме, та и воскресението неосудено да го достигнеме.
И сегаː богородиченː Нам, кои сега набожно се поклонуваме пред крстот, на кој Пречиста, се прикова Синот Твој и за нас ги рашири Своите пречисти раце, дај ни мир, и спасителните за светот сечесни страдања да ги пречекаме, и на светлата, за светот радосна Господова Пасха, да ѝ се поклониме, и на денот светлоносен.
На хвалитните земаме 8 стиха, и пееме 4 стихири воскресни од Осмогласник и 3 од Триод подобни, повторувајќи ја првата, глас 4.
Гласно да воскликнеме, со песни да го возвеличиме крстот чесен, целивајќи го, и кон него да повикамеː Крсту сечесен, освети ги нашите души и тела со силата твоја, и од секаква рана на непријателите, неповредени запази ги оние што набожно ти се поклонуват.
Пристапете и од неисцрпните води налејте, што благодатта на крстот ги излева, гледајќи го пред нас ова свето дрво, даруваниот извор, напоено со крвта и водата на Господарот на сè, Кој на него доброволно се вознесе, и земните ги воздигна.
Стихː Вознесете Го Господа, нашиот Бог, и поклонувајте се на подножјето од нозете Негови, зашто свето е.
Крсту сечесен, ти си тврдина на Црквата, моќ на царевите, похвала на монасите и спасениеː затоа, поклонувајќи ти се, и со срце и со душа денес  се просветлуваме, со божествената благодат на Оној што на тебе се прикова, и моќта на лажливецот ја разурна и клетвата ја уништи.
Стихː Бог е Цар наш од пред вековите, Тој го изврши спасението ссреде земјата.
И ја повторуваме првата стихира, потоа го кажуваме стихотː
Воскресни, Господи Боже мој, нека се вознесе раката твоја, не заборавај ги бедните до крај.И пееме самогласен, глас 8ː
Господарот на сите, со параболата нè научи да го одбегнуваме горделивиот разум на злите фарисеи, и да не мудруваме повеќе отколку што приличи да мудруваме, и нè поучи, Самиот Он давајќи ни пример на смирение, дури и до распнување, и до смртта. Затоа, благодарејќи, со митарот да речемеː Боже, Кој пострада за нас, и нестрадален остана, од страдањата избави нè, и спаси ги душите наши.
Славаː истото.И сегаː Преблагословена сиː Славословие големо. Кога ќе почне да се пееː Слава на Бога во висинитеː тогаш приоѓа јерејот, облечен во сите свештенички  одежди и, откако ја земе кадилницата, ја кади светата трпеза, и чесниот крст, потоа го зема со дискосот на главата своја, и излегува од левата страна на престолот преку северната врата, додека пред него се носат две свеќи со кадилницата, и одат до царските двери. По завршувањето на славословието и Трисвето, свештеникот возгласуваː Премудрост, простум. И почнуваме да го пееме тропаротː Спаси ги, Господи, луѓето твоиː (3-пати). И приоѓа свештеникот носејќи го чесниот крст пред светите двери и го полага на веќе подготвена за тоа масичка (аналој), и го кади крстовидно од сите страни.
Потоа го пееме тропарот, глас 6ː
На крстот Твој се поклонуваме, Владико, и светото воскресение твое го славиме (3-пати).
Потоа следи поклонувањето на чесниот крст, според старешинството. За време на поклонувањето, се пеат овие самогласни стихири, глас 2.
Пријдете, верни, на живоносното дрво да се поклониме, оти Христос, Царот на славата, откако на него доброволно рацете ги рашири, нè вознесе кон првобитното блаженство, од кое порано нè лиши непријателот, поради наслада, и нè протера далеку од Бога. Пријдете, верни, на крстот да му се поклониме, со кого се удостоивме на невидливите врази главите да им ги скршиме. Пријдете, сите племиња и народи, со нашите песни на крстот Господов почит да му оддадемеː Радувај се, крсту, на паднатиот Адам совршено избавување! Со тебе се фалат најверните наши цареви. Ние христијаните со страв сега те целиваме, на тебе Бога прикованиот Го славиме, говорејќиː Господи, Кој на него се прикова, помилуј нè, како добар и човекољубец.
Глас 8ː Денес Господарот на созданието, и Господ на славата, на крст се приковува, и во ребра се прободува; жолчка и оцет вкусува Оној што е црковна наслада; со венец од трње се обложува; со облека на потсмев се облекува, Оној што небесата со облаци ги покрива. Со валкани раце шлаканици прима, Оној што со раце го создаде човекот. По плеќите е биен, Оној што небото со облаци го покрива; прима плукања и рани, подбивање и шлаканициː и сè трпи заради мене осудениот, мојот Избавител и Бог, за да го спаси од измамата, како Милосрден.
Славаː глас 8ː Денес непристапниот по природа, за мене достапен станува, и страдања прима Оној што од страдања ме ослободува. Оној што свелина на слепите им дава, од усните на беззакониците се плука, и дозволува да биде камшикуван, за да ги  ослободи заробените. Него чистата Дева и Мајка, на крстот гледајќи Го, болно му велешеː Тешко мене, Чедо мое, што тоа си направил? Ти, Кој сите луѓе ги надминуваш по добрина, без дишење и изглед се покажуваш. Тешко мене, Светлино моја! Не можам да Те гледам како спиеш, утробата ми се ранува, и луто оружје срцето ми го прободува. Ги воспевам твоите страдања, се поклонувам на твојата добрина, Долготрпеливе, слава Ти.
И сегаː глас истиː Денес се исполни пророчкото слово, зашто, ете, се поклонуваме на местото каде што стоеја нозете твои, Господиː и, откако од дрвото на спасението вкусивме, од гревовните страсти слобода примивме, по молитвите на Богородица, единствен Човекољупче.
Потоа ектенија и отпуст.


Изворː ПОСЕН  ТРИОД

 

Подготви: Т.С.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная