логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Според свети Симеон Нов Богослов, „за оние што станале деца на светлината и синови на денот што ќе дојде, за оние што секогаш одат во светлината, денот Господов никогаш нема да дојде, зашто тие секогаш се со Бог и во Бог. Значи, денот Господов нема да им се јави на оние што се веќе озарени од Божјата светлина, а ненадејно ќе им се открие на оние што живеат во мракот на страстите, на оние што живеат според овој век, приврзани кон пропадливите блага. Овој ден ним ќе им се јави одненадеж, неочекувано, и за нив тој ќе биде страшен како огнот што не може да се поднесе.“

Божјата светлина станува начело на нашата свест: во неа ние Го познаваме Бог и се запознаваме самите себе. Таа ги испитува длабочините на битието кое се соединува со Бог. Таа за него станува суд Божји, пред Последниот Суд. Зашто според свети Симеон, постојат два суда. Едниот е овде на земјата. Тоа е суд за спасението. А другиот, по крајот на светот, е за осуда. „Во сегашниот живот, кога преку покајанието слободно и доброволно влегуваме во Божјата светлина ние сме обвинети и судени. Меѓутоа, со Божјата љубов и милосрдие, ова обвинување се врши во тајност, во длабочините на нашата душа, за наше очистување и за прошка на нашите гревови. Тогаш само Бог и самите ние ги гледаме длабочините на срцата наши. Оние што во овој живот трпат ваков суд нема што повеќе да се плашат од друг испит, но оние што не сакаат уште овде да влезат во светлината за да бидат обвинети и судени, на оние што ја мразат светлината, второто Христово доаѓање ќе им ја открие светлината која засега останува скриена и ќе им разјасни сѐ што било тајно. Сѐ што ние денес скриваме, не сакајќи да го откриеме дното на нашето срце во покајанието, ќе се отвори тогаш во светлината, пред лицето Божјо, пред целата вселена, и она што сме ние во реалноста ќе се покаже отворено.“

Полната свест во сите ќе се оствари во Божјата светлина, при Второто доаѓање Христово. Но, таа не ќе биде свест која слободно се отвора во благодатта, во согласност со волјата Божја. Тоа ќе биде свест што, така речено, доаѓа однадвор. Која се отвора во личноста против нејзина волја, светлина што надворешно се соединува со битијата односно надвор од благодатта… Љубовта Божја која ќе стане неподносливо измачување за оние што не ја стекнале во самите себе, според свети Максим Исповедник. Според свети Исаак Сириски, „оние што ќе се најдат во пеколот ќе бидат камшикувани со стапот на љубовта. Колку горчливо и сурово ќе биде ова измачување со љубов! Оние што сфаќаат дека грешеле против љубовта трпат поголемо страдање од страдањето што го причинуваат најстрашните маки. Болката што го обзема срцето на кое му недостасува љубов е постара од секоја друга мака. Не е точно да се рече дека во пеколот грешниците се лишени од љубовта Божја… Но, љубовта делува на два различни начини – таа станува страдање во осудените и радост во блажените.“

 

Извор:

http://mpcaus.org/%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d1%83%d0%b4%d0%be%d1%82-%d0%b1%d0%be%d0%b6%d1%98%d0%b8-%d1%81%d0%bf%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%b4-%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%be%d1%82%d1%86%d0%b8/



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3120
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7589
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Света девојко Анастасио,ние кои те прославуваме,срцата кон Небесата  ги подигнуваме,со солзи духовни радосно твоето име го повикуваме,моли се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная