логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

young_women_praying.jpg

 

 Пост

✤✣✤

За Постот

(На своеволниот волјата, на спасениот рај)

✤✣✤

 

Св. Јован Лествичник: Постот е присилување на природата, оставање на сѐ што го задоволува вкусот, гасење на телесните возбуди, истребување на лукавите помисли, ослободување од скверните сновиденија, чистота на молитвата, светило на душата, запазување на умот, истребување на срдечната нечувствителност, врата на умилението, смирена воздишка, радост на сокрушеноста, воздржание од празнословие, причина за безмолвие, чувар на послушноста, олеснување на сонот, здравје на телото, виновник за бестрастието, разрешување на гревовите, врата на рајот и небесно насладување.

Протојереј Валентин Амфитеатров (Извадок од книгата Великиот Пост): Поминаа две недели од Великиот Пост, во којшто Православната Црква нѐ повикува кон поправање, кон покајание. Таа, како нежна и грижлива мајка, ни предлага да ја поминеме Светата Четириесетница под нејзино раководство. Ни предлага и ни нуди правила на живот, едни поучувајќи, други кротко разобличувајќи, а трети, пак, поддржувајќи ги и укрепувајќи ги на вистинскиот пат.
Но многу од нас нејзиниот совет не го слушнавме, или, пак, не обрнавме внимание на тие повици. Многу од нас времето нѐ носи напред како бурен виор, нѐ влечка по себе, како некакви бездушни предмети, лишени од сопствените сили. И ние, влечејќи се сѐ подалеку и подалеку, наликуваме на луѓе кои имаат очи, но не гледаат, имаат уши, но не слушаат. Времето незапирливо си врви, и ние само ги броиме деновите и страшните беди и несреќи што ни се случуваат, не замислувајќи се над нивното внатрешно значење. А во тие страшни денови се крие една страшна и длабока поука. Всушност би требало причината за несреќите што ни се случуваат да ја видиме во самите себе. Се уништува себеси одреден поединец, се уништува себеси и цела нација поради гревот. Умножувањето на гревовите ги умножува болестите и видовите на болести, скратувајќи го така нашиот живот.

Очигледен и јасен грев на нашето време е самољубието, коешто го презира и законот Божји, и законот на државата, и законот на природата. Човекот не сака да ги ограничи своите похоти, не го смета за потребно тоа да се воздржува. Кому не му е јасно дека цела маса народ гине од неумереност и од пијанство? Почетокот на тие два грева се наоѓа во тоа што луѓето ги занемаруваат повиците на Црквата, која бара од нив воздржание и трезвеност. Доколку човекот ги наруши тие барања, сигурно ќе ги наруши и оние закони што му ги налага општеството. Во дните на востановениот пост луѓето водат срамен живот, не разликувајќи го Постот од другите денови. Кога луѓето несовесно го нарушуваат Постот и пред општеството, тогаш тие одат уште подалеку: се прејадуваат и опиваат и на тој начин го нарушуваат и третиот закон – законот на природата. Казната за нарушување на тие закони не доцни: ние гледаме цела низа на несреќи што произлегле од невоздржанието. Секако и душевните пороци носат со себе неброени несреќи.


Црквата, како нежна мајка, учи на смирение, Државата – кон самоуважување, природата – кон запазување на човечкото достоинство во себеси. И повторно ние ги нарушуваме овие закони, а по нарушувањето следат таги и болки за нашето тело. Каде е причината за сите наши внатрешни и надворешни тешкотии? Во не сакањето да го исполниме законот Божји. Каде е причината за нашите несовесни потфати и несреќи и неуспеси од тие потфати? Во тоа што ние се залагаме не за свое дело, се нафаќаме горделиво да го поминеме коработ преку бурната морска шир, кога сме сѐ уште неопитни во пловење по река со чамец. Каде е причината за отсуството на карактер и волја во нас? Во тоа што ние премногу своеволно живееме, не поставувајќи си себеси ни мерка ни цел. Тоа е причината што живееме долго, а животот ни минува без задоволствата и насладите што Бог ги предвидел за човекот на земјата. Човекот не влегува во храмот, не ги знае насладите што му ги дава Божјото Слово, Божествените служби. Човекот себично живее во семејството, се љуби само себеси – од тоа тој не ја сфаќа семејната радост и не ги чувствува во себе самиот благородните чувства на великодушност, преданост, љубов. Навикнат да живее само за себе и во себе, тој не ја разбира народната тага, не ги разбира народните болки, и наликува на камена статуа, која каде и да е поставена, ќе биде безгласна и нечувствителна.

Но Црквата одново незамолчливо повикува кон поправање. Спасителот нѐ повикува кон верата. Да поверуваме и ќе се исцелиме; и тогаш Он ќе ни каже, како што му кажа на исцелениот фатен во Евангелието: „Синко, ти се опростуваат гревовите твои“ (Мк. 2, 5). Амин.

 

Извор: Бигорски манастир

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7708
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная