Симптоматичен елемент е и самиот празничен поздрав. Според новиот тренд на сите либерални, т.е. лаицизирани општества, поздравот Merry Christmass, кој рака на срце и самиот е ни-вода-ни-киселина, во превод: Радосен Божиќ, Пријатен Божиќ..., веќе не е во употреба. За да не се навредат оние што не го празнуваат раѓањето Христово.