логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


  

dete.veronauka.jpgДемократрско право на секој човек е да си го каже своето мислење за одредена проблематика. Каде и како ќе успее да го изнесе своето мислење, зависи од него, но и од некои други (од медиумите, на пр.). Демократско право, пак, на „консументите“ на неговото мислење е истото да го прифатат, да го отфрлат или (одлучувајќи се за средина меѓу овие две крајности) да полемизираат во врска со него.

Во изминатите неколку години, во печатените медиуми се изнесени релативно мал број мислења (веројатно не повеќе од 30-тина) во врска со потребата од воведувањето веронаука во училиштата. Кога досега изнесените мислења би биле резултат на добро подготвен ум, споменатата бројка можеби би била соодветна на тежината на „проблемот“. Но кога мислења за потребата од веронаука изнесуваат луѓе коишто претходно не го подготвиле соодветно својот ум (мислам на повеќегодишно, ако не и повеќедецениско ангажирање во проучувањето на сите аспекти поврзани со воведувањето веронаука во училиштата), се поставува прашањето: која е придобивката од демократското право на изнесување свои мислења? Мала. Задоволена е суетата на мислителот, и пополнет е просторот во дневното издание на медиумот. На читателите, во најдобар случај, им е ускратено демократското право на словесна информација, а во полош случај во нив се вкоренува погрешна слика за нештата.

Типичен пример за изнесено мислење коешто не е доволно долго ферментирано во умот е написот објавен во весник от Шпиц на 02.06.2008, во рубриката Трибина, под наслов Бесплатни богови во клупите. Бидејќи од текстот човек не може да добие одговор на прашањата: „Колку е навистина опасна веронауката, за да ì се забрани секаков пристап во клупите?“, или, пак, „Зошто навистина ни е потребна веронауката?“, ќе се обидам да одговорам на прашањето: „Зошто од вакви недозреани текстови нема полза дури ни самиот автор, а камо ли некој друг“.

Цитирам: (различни богови) „лежат на масичката, и треба да ги научат (децата) дека земјата е грев а небото слобода, ... дека молитвата е оружје за преживување, ... а наведнатата глава е најдобра положба  кога се споменува името Господово.“ Не ми е познато дека христијанството (другите религии не ги познавам) учи оти сè што е на земјата е грев (не учи дури ни дека небото е слобода за сите!!). Дека одредени постапки на човекот се грешни – тоа да. Дали авторот на текстот смета дека на децата треба да им го ускратиме сознанието за тоа што е гревовност? Дали педофилијата, хомосексуалноста, проституцијата... треба да ги сметаме за доблести? Понатаму, молитвата воопшто не е оружје за преживување (макар што може да биде и тоа!), туку е разговор на две словесни битија – човек и Бог. Кои се придобивките од тој дијалог, можат да кажат само оние на коишто молитвата и дишењето им станале едно, но не и автор кој не ја знае барем дефиницијата за молитвата. А тоа што не ја наведнуваме главата пред Господа, резултира и со ненаведнување на главата пред други авторитети – родителите, на пр. Убава порака до младите: ти си единствениот авторитет, и не му се покорувај на никој.
 
Цитирам: „Слободниот избор е едно од основните начела на демократијата. Ако вие сте верник, бидете. ... Одете во црква, молете се... Тоа е ваш избор. Но кога тоа се внесува задолжително за најмалите, тоа веќе станува проблем на целото општество.“ Интересно е како едно основно демократско начело може да биде истовремено и основно и неосновно, односно да ја менува својата основност според потребите. Никако не ми е јасно зошто тоа основно демократско начело на слобода на избор не е применливо и кога е во прашање изборот дали децата да ја изучуваат „теоријата“ на Дарвин (којашто, патем кажано, воопшто не е научно докажана, како што тоа го тврди авторот на текстот – односно нема „материјални докази“ дека човекот настанал со еволуција од некој вид праисториски мајмун)? Зошто моето дете мора [мора, зашто друга вистина не му се нуди во училиштето!] да го прифати за точно учењето дека животот на планетата Земја настанал сам од себе, а не може [не може, зашто таквата вистина во училиштето не му се нуди] да го прифати како точно учењето дека животот не е спонтана, случајна појава, туку е дело на некој повисок Интелект? И едното и другото учење се научно недокажани „вистини“. Тогаш, и за двете треба да важи иста „демократска основа“ на слободен избор.

Цитирам: „Целата природа и сите луѓе ги создал Бог... а човекот е само бледа копија на доброто и редок оригинал на грешното.“ Очигледно се работи за недоволно обработена мисла во умот. Бог воопшто не создавал копии, така што ни  човекот не го создал како („бледа“) копија на нешто (па макар тоа нешто било и „добро“). Зошто Бог, кој според авторот на текстот е „совршен“ – би создавал „бледи“ копии? Па, такви бледи копии не создава дури ни „бледата копија човек“ во своето творештво. Уште понесловесен е делот од реченицата „...редок оригинал на грешното“. Па, нели Бог го создал човекот како копија (бледа, навистина!) на доброто? Кога и зошто го пресоздал како „редок оригинал на грешното“? Техничка грешка на Бог при создавањето? Превид? И што е сега човекот – копија или оригинал? И, ако човекот не е единствениот оригинал на грешното, туку само редок, тоа значи дека има и други оригинали на грешното во светот, што воопшто не оди во прилог на еден „совршен“ Бог: Тој е или несовршен, па затоа и создал несовршен свет со извесен број „оригинали на грешното“, или е совршен, но намерно создал грешни оригинали во еден совршен свет (од самоНему познати причини). На таков Бог навистина не му е местото во училишните клупи.

Она што е точно во текстот (макар што авторот тоа, всушност, го користи во обратна смисла) е дека „атеизмот и свртувањето кон себеси“ значат дека стануваш „злобна наказа“ (свртувањето кон себеси е самољубие, гордост, суета, односно, збирно кажано – наказа од човек); дека „носењето товар, преминувањето пречки и трчањето по калливи патеки“ е невозможно без Бог; дека „бегањето од верските догми“ навистина е ѓаволско дело, зашто верските догми (зборувам за христијанските верски догми, зашто други не познавам) имаат позитивни атрибути (на пр., не убивај, не кради, не лажи...) а бегањето од позитивните работи со мирна совест можеме да го третираме како ѓаволско дело. 
Цитирам: „Не ги уништувајте децата“ (се подразбира: со веронаука!!), „оставете им да се исправаат на две нозе... да се бунтуваат и да го бараат невозможното, и притоа да бидат реални.“ Денес сме сведоци колку младите се „исправени“ на две нозе (тривијално е да се нагласува степенот на „исправеноста“: деликвенција, криминал, дрога, ...), и тоа без да имале трошка допир со веронауката во своето образование. Колкава ли тек ќе биде нивната „исправеност“ ако баучот веронаука, недај Боже, сепак се спровне во образовниот систем? Децата ќе ни станат духовни инвалиди, ќе одат со наведнати глави, ќе ползат, нема да творат...! 

Кога конечно ќе измислат космодиск за умот?


Михајловиќ д-р Драган,

 


Бесплатни богови во клупите
Благица ИВАНОВА

(Шпиц - 02.06.2008)

Детскиот џагор завладеа со нечистиот училиштен двор. Смеата на детската безгрижност и испитувачкиот поглед ја засенија и грдата фасада на старата зграда. Празнината и тишината на летните месеци завршија. Стартува учебната година. Малите мозочиња дотерани за први септември седнуваат до старото другарче, погледот им лута горе, долу, лево, десно, но им запира право.
Православниот, католичкиот, исламскиот, еврејскиот и евангелистичкиот Бог лежат на масичката. Треба да ги научат дека земјата е грев, а небото слобода, молитвата е оружје за преживување, насилството е оправдано кога е за грешните, а наведната глава е најдобра положба кога се споменува името Господово. И сето тоа демек бесплатно со
пари од сите граѓани, ем задолжително.

Наместо наука, веронаука

Македонија е секуларна држава, црквата и останатите верски објекти се одвоени од државата, што значи дека се надвор од јавната сфера како што се државните основни училишта. Со владината одлука за воведување веронаука, се прави директно прекршување на уставното начело.
Слободниот избор е едно од основните начела на демократијата. Ако вие сте верник, бидете. Тоа е ваше индивидуално право. Одете во црква молете се, палете свеќи верувајте во она што е напишано, никогаш не се сомневајте. Тоа е ваш избор. Но, кога тоа се внесува задолжително за најмалите, тоа веќе станува проблем на целото општество. Од старт родителите имаат избор меѓу веронаука и запознавањето на религиите, но немаат избор да не изберат ништо од понуденото. Запознавањето на сите религии е добра опција, затоа што ќе се одбегне создавање идоли и слепо приклонување кон само една религија, а од страв да се „мразат“ сите останати. Сепак, веројатноста дека просечен граѓанин во Македонија ќе дозволи детето да му учи за религијата на „другиот“, која е еднаква на ерес и е „нечиста“, е иста како веројатноста дека на пладне кога пече сонце можете да видите ѕвезда што паѓа и да потрчате да си замислите желба. Најголем број од родителите ќе одберат децата да им учат за она во што и самите веруваат. Само не сфаќаат дека децата се како брод што плови сред бура и дека правецот наместо сомнежот, критиката, дебатата, аргументираните вистини, ќе им го одреди религијата, која, пак, се базира на догми и која не дозволува двоумење и испитување туку очекува верниците да веруваат оти така треба.

Животот е возможен и без уставните богови

Целата природа и сите луѓе ги создал Бог, што значи тој е најмоќен, совршен и сеприсутен, а човекот е само бледа копија на доброто и редок оригинал на грешното. Од друга страна, ако добро се сеќавам, во петто одделение децата ја учат Дарвиновата теорија, според која, човекот е потомок на вид праисториски мајмуни, а во еволуцијата нема ништо мистично, ниту божествено. За втората има материјални докази, за првата нема.
Ќе им го кажат ли тоа верските лица на децата? Ќе им кажат ли дека атеизмот и свртувањето кон себеси не значи дека си злобна наказа, која ти обезбедила билет за најжешкиот ражен во пеколот? Ќе им кажат ли на децата дека кога ќе пораснат и кога се излезат од стакленото ѕвоно на родителите и Бог и ќе се соочат со светот и себеси ќе мора сами да го носат товарот, да преминуваат пречки, да учат трчање на калливи патеки и дека сето тоа е возможно без било кој од уставните богови? Кој ќе им каже дека слободата на духот и бегството од прангите на верските догми не е ѓаволско дело?
Верските лица сигурно нема, родителите не знам, уставните судии се
колебаат.
Не ги уништувајте децата, оставете им да дејствуваат, да се исправат на две нозе, а не да ползат, оставете им да создаваат, да размислуваат да се бунтуваат и да го бараат невозможното и притоа да бидат реални.


Друго:

ЗОШТО НИ Е (ИТНО) ПОТРЕБНА ВЕРОНАУКА

 

Посети:{moshits}
 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3122
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7592
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

14/11/2024 - четврток

+Светите Козма и Дамјан; Светиот маченик принцот Ерминигелд; Преподобниот маченик Јаков со учениците Јаков и Дионисиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная