логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

свети Ефрем Сирин: Црквата не е собор на светители, таа е мноштво грешници коишто се каат, и, иако грешници, се свртеле кон Бога и се насочиле кон Него.


 

 Бог е љубов.
 Оној кој има љубов, не се плаши од смртта...
 За човек кој својот живот го ставил во рацете на Христа, речиси не постои разлика помеѓу Животот и Смртта. Светиот Павле рекол: И живи и мртви, Христови...
 Тогаш каде е проблемот?
 Проблемот е во тоа што ние луѓето сме си изградиле една цивилизација од којашто сме Го протерале Бог, и сме прогласиле царство на Човекот. Во ова царство царува Човекот, кој иако смртен, претендира на бесмртност, иако слаб, си набива комплекс на семоќност, иако направен од кал (земја), се прави дека е од злато (иако, за волја на вистината, има во неговиот состав и елементи на метал). Сите ја знаеме приказната за Вавилон, и овде не ни е целта да се потсетиме ниту на кулата, ниту на Лот, ниту на што и да е, (со примеси на антички трагизам) од Стариот завет меѓу Бог и Човекот.
 Прашањето за смртта, коешто деновиве на колективно ниво ја затресе Македонија, има егзистенцијална позадина и ни ја отвора вратата на соочувањето со себе самите. Како што велат старите - додека ме има мене, ја нема смртта, а кога ќе ме нема мене - што? Ние можеме само интуитивно да речеме дека - ништо, пак ќе ја нема смртта, бидејќи тоа е само миг, точка на премин помеѓу овде и таму, овој и оној свет, но, сепак, ако ги тргнеме настрана нашите лаички претпоставки за одредена есхатологија, базирани на некаква наша вера во одредена шема за постоењето, повторно останува прашањето - дали сме ние подготвени за смрт, и тоа на начин како што вели апостолот - смртта доаѓа како крадец, а некои ја идентификуваат со Бог. И тука се соочуваме со парадокс, бидејќи Бог е Живот, Источник на живот и нема ништо заедничко со смртта. Тоа го велат Светите коишто гореле од љубов кон Источникот и со нетрпение го чекале мигот на судниот час.
 И пак, апостолот вели: во љубовта нема страв, љубовта изгонува секаков страв од срцето. И зошто смртта ни втерува страв во коски?
 Апостолот вели: Внимавајте, бидете будни! Со почит кон сите атеисти или нихилисти или обични хедонисти на овој свет, сепак, овој живот иако ни е даден како подарок, неговата смисла подразбира остварување на одредена цел.
 Ова е варијабилно од цивилизација до цивилизација, но за христијанството, несомнено дека целта е една: човекот да се обожи, да стане бог по благодат, Христос. Христос значи Богочовек. Во него повторно се воспоставува целината на природата (човекот се ис-целува), суштински разбиена од падот, адамовата авантурата со гревот и напуштањето на Рајот.
 Како што вели светиот старец Силуан: „Смислата на христијанскиот живот е стекнувањето на Светиот Дух. Ниту едно добро дело не ни ги носи плодовите на Светиот Дух, ако не е направено од љубов кон Христа, ...како што е речено: „Бог не Го дава Духот по мера. Отецот го сака Синот и ставил сè во рацете Негови.“ Да, пријателу Божји, стекнувањето на овој Дух Божји е всушност целта на христијанскиот живот. Создателот ни ги дава средствата, но остварувањето му е препуштено на човекот.“

уредникот

„ПРЕМИН“



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3123
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7593
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная