логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



 


Бог го бара секој човек, и секој човек е поврзан со него, без разлика дали е тој свесен за тоа или не.
КАКО СТАНАВ ХРИСТИЈАНИН

 Роден сум во целосно дехристијанизирана средина, која во извесна мерка наликува на онаа вашата, со тоа што сепак има голема разлика, кај нас не постоеше некоја хомогена и милитантна атеистичка идеологија. Моите родители беа наставници, завршиле педагошки школи во она време кога таму биле презентирани само листи атеистички идеи.
Во детството, за реалноста на западнате конфесии, фактички, не знаев ништо. Католицизмот за нас беше само некаква апстрактна експлоатичарска сила, која во свеста беше поврзана исклучиво со инквизицијата и крстоносните војни. А, протестантизмот ни најмалку не ме привлекуваше. За себе можам да кажам дека можеби пред се` бев паганин: ја сакав убавината на вселената и се воодушевував од неа. Меѓутоа, во протестантизмот нема место за убавината: постои само некаква лична поврзаност со Бога. Таму не можев да ги сместам ниту убавината, ниту космосот.
Едно прашање ме возбудуваше многу повеќе од другите: тајната на човечкото лице. Што е лицето? Тоа е само крв и месо, но сепак, зошто тоа понекогаш бидува озарено со некаков чуден сјај? Зошто од лицето излегува светлина подива од светлината на сонцето и на небото? Зошто? Особено ме возбудуваа лицата на луѓето во поодминати години. Постари селани. Избрчкани со печатот на  искуството од проживеаниот живот. Човечкото лице ме потсетуваше на ларваод која во догледно време ќе излета пеперутка. За мене, навистина беше тоа една голема загатка.
Почнав да читам книги од областа на историја на религијата  (Мирча Елијадие) и сфатив дека е тоа некоја реалност за која никогаш не ми зборувале ниту дома, ниту на училиште, ниту во лицејот. Дека постои духовна димензија на реалноста. Токму поради тоа постои мистиката, постојат светителите, постојат големите градители и создавачите на убавото. Десет години висев во воздух по тој свет на религија и духовна традиција. Но, се поставуваше прашањето во која насока да тргнам?
Во тоа време го напуштив родниот крај, југот на Франција, и се преселив во Париз.Бев сам, во тешка, речиси трагична  состојба. Водев, пред се` по своја вина, хаотичен и страстен  начин на живеење. Од една страна „ не постоев“,  а  од друга страна себе си се сметав за „ ништпжен и безвредник”, како  што зборува Сартр ( а, тоа беше време на Сартр).
Случајно купив една икона, триптих (велам случајно, иако добро знаеме дека сето она што го нарекуваме случајно фактички е средба со вечноста). Тогаш се сретнав со Евангелието. Ме вѓаши Исусовата порака „ јас сум пат, вистина и живот“. Што значи тоа? Би можело да се помисли дека Исус е без памет, или би можело таа порака да се релативизира.Исто така би можело да се каже дека е Исус голем посветник, како Буда, или голем пророк како  и другите. Во тој случај би можела да се прифати концепцијата на трансценденталното единство на религијата. А, би можело да се заклучи и тоа дека е исус во право, едноставно да му се поверува. Се двоумев. Во тоа време не бев начисто дали треба да постојам или помислата на смртта е само искушение. Бев на граница на метафизичко самоубиство. И токму тогаш се случи таа средба со него. Одеднаш во мене се создаде чувство дека сето она што го знам за будизмот, за древните религии, треба да го ставам во заграда, и дека сега треба само да му верувам. И тоа е се`.
Од тој момент, мојата потрага се здоби со поинаков карактер. Во Евангелието ги најдов зборовите:„ Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, ќе влезе во вечниот живот”. Каде може да се прими телото и крвта Исусова? Така пред мене се појави проблемот – Црква. Тогаш почнав да го голтам Достоевски и Берчаев. Филозофијата на духот беше книга во која ништо не разбрав, ама ме преобрази. И тогаш си реков себеси: можно е да се биде христијанин! Тука имаше чудесни нешта. Секоја тревка расте в Црква. Никогаш за христијанството не сум размислувал на таков начим. Тоа беше сосема поинаков христијански збор.
Исто така и Злосторството и казна, кога Раскољников ја слуша Соња како го чита Евангелието, она место за воскреснувањето на Лазар. Колку зачудувачки е сето тоа: убиец и проститутка го читаат Евангелието! За мене, христијанството, пред се` било досадно морализирање. Кога бев мал, еднаш ме одведоа на ноќна миса. Беа отслужени три миси една по друга, на латински јазик. Ништо не разбрав, бев ужасно бесен. Си заминав револтиран. Па потоа, сите приказни на тема за сексуалниот морал, тој пиететизам и морал. И одеднаш  -  Достоевски и Берѓаев.
Тогаш се запознав со книгата на Владимир Лосков. Мистичното богословие на Црквата од Исток. За мене , тоа беше решението на дилемата за единството и различноста. Решението на таа дилема, се разбира, може да предизвика чудење, па дури и подсмев. Тоа решение беше догмата за Светото тројство.  И човекот личи на Светото тројство. А, тројството е целосно, апсолутно целосно единство, како кај индиската мисла. Но, истовремено тоа е и таинствената разлика во љубовта, разликата помеѓу „ мене” и „тебе“ која ја најдов во еврејската традиција и во најдоброто наследство на европската и француската уметност.
Историјата се темели на тајните на заедништвото на светите и заедништвото на грешниците. И покрај тоа, светите се исто така грешници, но грешници кои се свесни за својот грев и наедно се свесни дека гревот им е простен. Книгите кои ги прочитав ми открија нови димензии на христијанството, ми го открија православието. И тогаш решив да запознам луѓе. Не го познавав Берчаев, кој се упокои точно онаа година кога се доселив во Париз. Но, некако се случи, Берчаев својата последна статија да ја објави во весникот Бел коњ, а во него се појави и мојата  прва статија.
Го запознав Владимир Лосков кој ме воведе во кругот на православните христијани. Тогаш, се` уште постоеше православна средина. Тоа беше она православие кое беше добро вкоренето во рускиот живот и кое, наедно, беше многу отворено кон современата европска реалност, па дури и кон католичката мисла. Владимир Лосков водеше расправи со идниот кардинал Даниелум, ама тие, сепак, му припаѓаа на истиот круг. Ми се чини дека денес во нашиот православен интегризам малку и сме зборувале на оваа работа.
Ме прашавте како станав христијанин, ама кас се` уште не сум сигурен дека воопшто станав христијанин! Можам да кажам дека се трудам. Благодарност за се` и` должам на Православната црква: таа ме научи на се` - да го разберам Евангелието, да ја разберам мислата на отецот, нивното чудесно наследство!

РУСИЈА И ЗАПАД
 
Русија може на луѓето на Запад да им го пренесе релното искуство од најзамрзнатиот „сибирски” нихилизам. А, наедно и искуството од воскресението! Тоа што ние, овде, на Запад, исчекуваме е сведоштво за воскресението, сведоштвото за длабокото евангелско христијанство, искуство на луѓето кои поминале низ смрт и ад, и доживеале катарза. Искуство на голема едноставност: дека постои смрт и љубов, и дека љубовта е посилна од смртта. И дека постојат многу едноставни нешта: почитување, пријателство. Ете, такво сведоштво очекуваме ние од Русија. А, од друга страна, Западот ја забрзува историјата и ја турка кон „крајните прашања”. Мисијата на Западот е е трагањето (средовековна тема за потрага по Гралот). Тоа е прва цивилизација во историјата која самата себе се спознава како хетерогена и самата себе се критикува до граници на  мазохизам.  Тоа е прва цивилизација  во која луѓето се трудат да ги разберат другите култури, другите пристапи. Западот настојува да ја спознае Кина, Индија, древните религии, суфизмот. Сето тоа Западот го разбира, ама која му е појдовната точка? Поставувајќи си го ова прашање, Западот се приближува кон оние крајни прашања за битието и небитието.
На памет ми падна една приказна, не знам дали е вистинита, но тоа е приказна од оној вид приказни кои  се повистинити и од самата вистина – еве за што станувава збор. Во Русија, во времето на НЕА (таканаречената нова економска политика, од 1921 до средината на триесттите години) постоела релтивно  слободна верска  пропаганда. Во една пригода се водела расправа од атеистички позиции.  Агитаторот многу долго зборувал против христијанството, а своето излагање го завршил со зборовите: „ Сега му го препуштам зборот, пет минути, на некој што би сакал да изнесе контрааргументи! Некој од слушателите се качил на бината: Знаете, другар, мене не ми се потребни пет минути. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! Сите во исто време станале и громогласно возвратиле:НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!. Или ова, за време на велигденските празници во Русија, неранимајковците би викале на цел глас  -  Бог е мртов, а народот им отпоздравувал: Христос Воскресна!“
Ете тоа е средбата помеѓу Русија и Западот. Ние денес на секој чекор доживуваме дека Бог е мртов – но насекаде се случува и Неговото воскресение. Но, сепак, на крај ми се чини дека разликата помеѓу Русија и Западот е далеку помала од она што обично се мисли.
 Единствено би било драматично доколку руското православие потклекне под искушението на рускиот национализам. Тогаш, тој би  му се спротиствил на западното христијанство, и можноста за дијалог би ишчезнала. А, на Запад, исто така, постојат некои вредности кои на Русија и` се неопходни: критичност, отвореност, внимание спрема другите.

Преземено од Премин

Подготви: Стојанка  Тежак


Почина познатиот француски православен богослов Оливие Клеман (17.01.2009)


На 15 јануари се упокои познатиот православен богослов Оливие Клеман, роден во 1921 година во Франција. Се упокои едно од големите имиња на православната мисла. Ученик на Владимир Лоски, овој француски богослов беше всушност една од главните фигури во таканаречената Париска школа која што го доживеа својот процут во рамките на Православниот богословски институт „Свети Сергеј Радонешки“ во Париз. Институтот станува средиште на големата духовна и богословска обнова, којашто започна во Русија кон крајот на 19 век и којашто продолжи на Запад после болшевичкиот преврат во 1917 г. (т.н. Октомвриска револуција).

Оливие Клеман е роден во 1921 година во семејство на атеисти. „Јас израснав во една дехристијанизирана средина... Не бeв ниту крстен, ниту религиозно просветен.“ Уште во младите години тој си ги поставува првите духовни прашања. Ја сака поезијата. Покрај Рилке ја чита и Библијата, но за убедениот атеист Евангелието е на моменти неподносливо...

Подоцна како студент по историја осознава до кој степен сите цивилизации на човештвото се одбележани со духовното, со религијата. Во тој момент потпаѓа под интелектуално влијание на својот професор, познатиот религиозен антрополог Алфонс Дјупрон. Во Втората светска војна и двајцата учествуваат во одбраната.

После Киркегор, Њуман и Шестов, Клеман се сретнува со индуизмот. Интересот го држи десет години. Подоцна тој вели дека во тој период се чувствувал притиснат од идејата дека сѐ во светот на индуизмот е колку сакрално толку и безлично од владеачкиот океан на една безлична божественост. Вниманието му е постојано насочено во друга насока: кон личноста и кон тајната на нејзината безусловна уникатност.

Неговата средба со Православието е преку „Мистичното богословие на Источната Црква“ на Владимир Лоски – учењето за човекот како образ на Света Троица. Но, заедно со православното богословие Оливие го открива христијанството и во неговата етичка светлина, читајќи го Достоевски, Берѓаев – големата руска литература.

После зборовите на Самиот Христос: „Јас сум патот и вистината и животот!“, вистинско, полно обраќање се случува еднаш, кога во еднa париска антикварница си купува икона на Спасителот и застанува молитвено пред Него. Лице во лице. „Во еден момент Христос Самиот ме побара и јас тргнав по Него. Ги оставив настрана сите знаења за религијата и Му се доверив“.

Заедно со Лоски, започнува вдлабочено да ги изучува светите Отци.

Клеман ги надживува соблазните на младината преку лутањето, поминувајќи го Ниче, Фројд и Маркс. Просветлен духовно од крштелната благодат, тој самиот станува наследник на Лоски; станува еден од најистакнатите претставници на Париската школа, којашто веќе не е само руска. Личноста и авторитетот на Оливие Клеман стануваат мост за подзаборавената на Запад автентична духовност, сочувана на Истокот.

Неговата богословска мисла се влева во вселенскиот принос на Православието како учење и полнота на светата соборна и апостолска Црква.

Во врска со упокојувањето на Оливие Клеман соборот на православните епископи во Франција излезе со соопштение во кое се вели дека кај Клеман „беше својствен добротољубивиот поглед на свет: тој беше навистина вљубен во Божествената убавина, за којашто се трудеше да ја открие и да ја одгатне во светот и во секоја човечка личност“.

 

Бог да го прости!

 Извор: Дверибг.нет, La Croix



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3136
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7614
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная