о. Стефан Фримен - За ликот
Ништо од човечкото тело не е толку интимно како лицето. Ние често мислиме на други делови од нашето тело кога кажуваме „интимни“, но нашето лице е тоа што открива најмногу за нас. Лицето е тоа што бараме да го гледаме за да видиме што сакаат другите да кажат, па дури и за тоа кои се тие. Важноста на лицето (ликот) повеќекратно е потцртана во Светото Писмо.