логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

16-ти јули, лето Господово 2013

 ТИВКА АПОКАЛИПСА
  Krst.slika.jpg
 
Годината започна загрижувачки, како што Писмото говори: ужасни појави, земјотреси по светот, метежи и војни...и морето се вознемирило  и разбранувало... Според Словото, пред нас  е
 „почетокот на болката“  (Мт. 24:8).
 
И ние загрижено ги следиме последните новости, ги разгледуваме, се ужаснуваме, но, не забележуваме како туѓата несреќа и болка  стануваат  дел од глобалната шоу програма.
Темата за апокалипсата веќе одамна  стана моден бренд во индустријата на забавата, различен од вистинската содржина на овој важен збор.
Зборот „апокалипса“ се преведува како „откровение“ – тоа е она што Бог  го откри за нашето вразумување, за да бидеме трезвени, за да се сеќаваме на вистинската цел на земниот живот, како неопходност за постигнување единство со Бога.

 Поимот на апокалипсата кај нас упорно се поврзува  со страшни, катастрофални случувања од светски размери. И сите ние знаеме за надворешните  знаци  за приближувањето на космичката катастрофа.
 Многу зборуваме за нив,  ги анализираме, но, постојат  и други, многу поважни, сокриени признаци.
Господ говори дека во последните  времиња  " бидејќи безаконијата ќе се умножат, кај мнозина љубовта ќе олади "
 (Мт. 24:12).
 Апостол Павле додава -   токму за нас – дека  луѓето ќе станат  "саможиви, среброљупци самофалци, горделиви, хулители, непокорни спрема родителите, неблагодарни, неправедни, недружељубиви...
(2 Тим- 3:2).
Ете на што треба да обрнеме внимание , ете од што најмногу треба да се плашиме, повеќе отколку од земјотресите , цунамито, радијацијата...
 
Живееме во време н глобална промена на климата. Не говориме за времето - со тоа нека се занимаваат метеоролозите.  Говорам за катастрофалната промена на човечката природа.

 Некој ќе рече дека од гревовниот пад  ништо не се променило  ниту во човекот, ниту во човечкиот род во целина .
Но, не е така. Инаку не би бил ни Сеопштиот потоп и пропаста на Содома и Гомора - тие горчливи примери на масовна и катастрофална деградација  со сите последици кои оттаму потекнуваат. Природата на човекот  во општеството во целина  “склона е на грев“, по зборовите на Светите Отци.

 Во нашево време  тоа е особено очигледно. Вистинската  апокалипса  тивко и незабележително се одвива  во нашите срца, само што нејзините размери не ја достигнале онаа критична точка  кога стихијта запалувајќи се, ќе ја разгори и земјата за сите дела на  неа да изгорат.

 Духот Христов  заминува од нашите животи , а силно влегува другиот,  страшниот, сатанскиот дух на користа, прагматизмот, распуштеноста, равнодушноста и неограниченото самољубие.
 
Еве,  живи примери од неодамнешните мои  средби:
Човек не може нормално да оди,  се движи многу тешко  и бавно, со ситни чекори, повремено застанува и не може од место да се помрдне. Стои, префрлувајќи се од нога на нога , собирајќи сила.  
Молчалив, восредоточен човек. Неколкупати му понудив помош,  но тој учтиво ја одби. Се гледа дека му е важна таа лична борба.
 Тој доаѓа во храмот по секакво време: лете, по жештините  од кои асфалтот се топи, на есен по големите лапавици,  зиме, по голиот мраз (што е особено опасно за неговата состојба) и на пролет,  кога се` се растопува.
Тој доаѓа и доаѓа во храмот , како да се искачува на сопствената невидлива Голгота. И дури овие дена, случајно разбрав за неговата приказна.
 
 Борбениот, вработен маж, грижлив татко и верен сопруг до неодамна имал напорен , исполнет живот, но, се рзболел. Нешто се случило со неговите зглобови , така што сега едвај може да се движи.
  Понатаму се случило нешто, што дури и во нашето  бездушно време е тешко да се поверува.  Сопругата негова  и нејзината мајка го исфрлиле  од куќата ... едноставно, така, заради ништо...зашто се разболел и станал товар. Го исфрлија...
А тој  не тргнал да се суди со  нив. Посакал да претрпи Христа ради, да го понесе крстот свој.
Бабата и жена му  го воспитуваат неговиот единаесетгодишен син така, за да се срами од татка си. А тој, трпи се` смирено и едноствно, никого неосудувајќи, вели, дека синот кога ќе порасне  можеби ќе размислува поинаку...

 Го  прими сиромашниот комшија  во сроната колиба од кал со пропаднат кров и урнати прозорци. А во близината, во удобен дом, со камена ограда, остана неговата жена која што го исфрлила и оние кои што тој и сега, со восхитувачка незлобливост, продолжува да ги смета за свои роднини.

Понекогаш нема што да јаде. Тогаш внимателните  и милосрдните баби му собираат во пакет масло, гриз, конзерви и леб – што ќе најдт. И тој е искрено благодарен, заблагодрубвајќи му од срце на Бога и на бабите...

 Еве и друга приказна , исто така, од скоро.
Ми дојде жена, целата во солзи.   
Слушав и ми се чинеше дека западнав во некој кошмарен сон. Жената е сопруга на добростоечки господин. Живееа во законит брак многу години  и се покажало дека жената е болна од рак  и дека лекувањето ќе биде скапо.
Тогаш мажот отишол кај докторот и го прашал какви се шансите за оздравување. Докторот чесно му признал  дека шансите се мали, зашто болеста е запуштена.
Тогаш мажот и рекол на својата жена:
 „Драга, проштевај , но не можам на тебе да се трошам ... не се исплатува.
 Сфати: шансите да закрепнеш се многу мали, а јас можам да изгубам се`“.
Раскажувајќи жената  за ова, гласно плачеше, а јас не наоѓав зборови за да ја утешам. Сфатив дека апокалипсата веќе настпува.
Овде и сега.
 
И  повторно некој ке каже: така било отсекогаш!
Да, во светот отсекогаш постоела подлоста и равнодушноста и користољубивоста. Но, ако ја користиме актуелната терминологија,
 „нивото на радијација“ било поинакво.
Не било критично. А  сега, не е во „границите на дозволеното“, туку веќе одамна е „смртно опасно“.

Ние толку се плашиме од радијација , толку зборуваме за неа, особено денес, а не забележуваме  дека „честичките  на гревот“ во воздухот веќе одамна ја надминуваат дозволената граница.
Меѓутоа, ние таа опасност не ја чувствуваме, зашто престанавме да го слушаме гласот на сопствената совест, тој  "Гајгеров бројач" кој што  Бог  грижливо го положи во  душата на секој човек. И се` заради тоа  што совеста непрестајно ја газиме , престануваме да слушаме , заглушувајќи ја со гревовната навика  и животот во безаконие.
 
Се плашиме од сите возможни катастрофи , а Господ говори: "не бојте се од оние што го убиваат телото " (Лк. 12:4).
Страдањата, па дури и самата смрт , можат да станат пречка за топење  на добрата душа, така што таа, налик на очистено злато, да достигне до Царството Небесно.
Но, кога  е изгубен Духот Христов, кога душата е лишена од благодат, тогаш таа уште овде на земјата живее во предворјето на вечната смрт.
Треба да се има срце закоравено за тоа да не се почувствува.  Во тоа и се состои главната несреќа, признакот на апокалипсата - во нашата бесчувствителност.

Во тоа што не сфаќаме што е вистинско добро и вистинска среќа.
 Во самозаборавената опиеност од страстите , во потрагата по наслади , удобност , изобилие  и успех по секоја цена,  наспроти  духовните и морални норми.
Во тотална поробеност од гревот,
во страсна  зависност.
Воопшто,   зависноста  во наше време не е тесно – психијатриски термин, туку дијагноза на опшетството кое не ја изгубило верата, но кое се одрекло  од силата нејзина  - преку начинот на живот, губењето на традицијата  и моралните норми.

Денес  речиси сите веруваат, но таа вера е магловита , необврзувачка вера ,
вера „за секој случај“.

И што е најтажно, таа вера не само што  не се спротивставува на мноштвото зависности , туку на нив и се прилагодува, така  што ништо не треба да се менува во својот живот.

Така се јавуваат многубројни „страсни“ вери: вера која помага во бизнисот,
која се додворува на похотата, властољубието, самољубието и гордоста...
Освен зависностите, очигледно погубни и социјално опасни, како што се алкохолизмот, наркоманијата, зеленаштвото, постојат и помали, маргинални зависности , ако така може да се каже, но не  помалку опасни како за самиот човек , така и за општеството. Тоа е истиот оној блуд кој се шири  со брзина на погубна епидемија .

 Воопшто не е метафора кога велам „погубни“.
 Колку само семејства урива, оставајќи деца, ако не потполно, тогаш половина-сирачиња, осакатувајќи ги душите нивни, формирајќи уште од детството изопачена, погрешна претстава  за семејството , за односите меѓу мажот и жената.

 Младината неконролирано, како полудена,   ја развратува и ја  осакатува сопствената душа, не сфаќајќи дека ќе мора да јаде горчливи плодови за своето безумие.  Зашто "плата за гревот е смртта" (Рим. 6:23) – распаѓање на душата. Делувањето на тој закон може да го измени само длабокото и искрено покајание.
А на покајанието допрва треба да се пријде.
 
Постојат звисности  кои што од точката на гледањето на современиот свет одлучно ги сметаат за добродетели, но од точката на гледање на Православната вера  не се помалку погубни и опасни  за душата од „грубите“ страсти.
Овие страсти и зависности се и токму затоа опасни , зашто навидум  се добри. Нивната опасност е во тоа што душата ја убиваат , ја лишуваат  од духовниот живот и не одалечуваат од Бога,  ако така може да се каже, на најнезабележителн начин.

Во овие „незабележителни“ страсти може да се вбројат страста на успехот,  благосостојбата , кога човекот  за темел на својот живот  го потикнува статусот  во општествоот, граѓанска кариера, изобилие и успех.
Сите овие се опседнатости кои понекогаш се нарекуваат „здрава амбициозност“, во суштина  го одалечуваат човекот од сфаќањето за вистинската цел  и вредност на човечкиот живот, го прават роб на една од најопасните страсти – гордоста – и нејзините деца - самољубието и славољубието.
 
 "Најуспешниот" човек може да биде во исто време,  во вистинска смисла – духовен мртовец, токму затоа што сопствената благосостојба и самозадоволноста го заслепиле.  Тој може да загине за Царството Божјо, цел живот послужувајќи му на сопствената саможивост.
 Таквиот човек, често пати станува неспособен да го види сопствениот грев , да се покае за него – а тоа  е и вистинскиот признак за духовната смрт.

Наведов само пример на поразувачката бездушност во однсот кон блиските луѓе. Меѓутоа, постои и спротивна, „душевна“, која убива милиони луѓе, незабележително за нив самите.
Говорам за "грижите на овој свет " (Мт. 13:22),  со кои апсолутно поголемиот број на крстени луѓе го оправдува отсуството на свесното христијанско живеење.

 Господ говори: " Само пазете се вашите срца да не бидат преоптеретени со прејадување и пијанство и грижи за овој свет " (Лк. 21:34).
Би се рекло дека ова е за изненадување:
 Христос, би се рекло, такво природно, па дури позитивно дело како световните грижи ,  го вбројува во  смртни гревови,  угодувањето на стомакот и пијанството.
Зошто?
Затоа што  на човекот  во конечните грижи на овој свет, најлесно му е да заборави на Бога , на душата, па дури и на совеста ,  прикривајќи така најсрамни гревови: кражби, измами, апашлук, корист, безбожност – „добри“ грижи за своето семејство и ближните.
Во тоа и се состои  главната опасност на овие „тивки страсти“.  Во тоа што убиваат незбележително , но без никакво сомнение.  
Уште повеќе, на закоравениот пијаница или на  прождрливиот полесно му  е да стане свесен  за својот грев , да се покае за него, отколку на „грижливиот семеен човек“, кој што ќе ги оправдува  најстрашните гревови со „високата цел“.

Потсетете се  на  филмот „Кум,“ таму всушност се` било изградено токму  на таа „добра“ идеја за семејниот живот. Страшно е да се каже, но и семејството и грижите за овој свет можат да станат  идол кој го повлекува  човекот во пропаст.
 Затоа Господ говори:
"Кој милува татко или мајка повеќе од Мене не е достоен за Мене; и кој милува син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене " (Мт. 10:37).

Љубовта спрема семејството, трудот и кариерата, стекнувањето на парите  - се` е тоа добро и правилно, ама, само во случај ако човекот не заборави на својот главен призив  - да живее во согласност со Бога.
Ако сите свои помисли, зборови и постапки,  добриот семеен човек ги проверува не` спрема мислењето на болниот свет, туку според Законот Божји. Тоа е единствениот темел  за вистински радосен, здрав и слободен живот.
 
Во Светото Писмо се говори:  
"А Господ е Дух,  , а каде што е Духот Господов, таму има слобода."
(2 Кор.3:17).

Ете ја формулата на вистинската слобода која треба во нашите срца да биде напишана , така што во животните сложености ние, пред се`, треба да имаме грижа да останеме  во заедница со Духот Христов, да постапуваме христијански.
Иако таквото однесување, таквиот начин на живот може да противречи на нормите  кои што се прифатени од современото општество , па дури и да му прави проблеми во животот на човекот , на крајот, сепак, самиот човек ќе биде најголемиот добитник – добитник на вистинската, највисока  слобода во учеството на Божјата вистина , убавина и љубов.  
И тоа воопшто не се апстрактни поими , туку најголемата реалност, во однос на која ние го изградуваме сопствениот живот.
 
Кога ќе се случи катастрофа , во општеството започнуваат сите возможни проверки, анализирања, тестирања... Луѓето тежнеат да се обезбедат, да спречат несреќа. И тоа е сосема нормално. Но, зошто го игнорираме советот на Оној , Кој што знае,  како  во    стварноста   да  ги избегнеме сите тие несреќи?!
"Бидете будни и молете се" (Мт. 26:41), говори Господ.
Да се биде буден  значи да не се дозволи себе си да бидеш измамен  од духот на времето, се говори и постапува со трепетна свесност за Неговото присуство.
И треба да се молиме  не само читајќи одреден број зборови , туку со живо срце, обраќајки му се на Живиот, Севозможен Бог, со болка, надеж и вера.
 
 Вознемирувачки вести доаѓаат  од Земјата на изгрејсонцето  и како да не се потсетиме  дека Фукушима во превод од јапонски значи „Островот на среќата“ .
Можеби страшната трагедија  последните недели  е уште само едно потсетување  за сите нас  кои живееме на Земјата , дека среќата без вера е како  куќа соѕидана на песок.
Дека технолошкиот рај може лесно да се претвори во технолошки – АД.. Затоа  што е најголема среќа – согласноста со Бога.
 И  Царството Негово во нас.
Само треба да се пронајде.
 
Преведе: Мирјана Даниловска

http://www.svetosavlje.org/biblioteka/Apokalipsa/TihaApokalipsaSiskin.htm
 
Превод са руског:
Станоје Станковић



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3124
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7597
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная