Еден ден магарето на еден фармер паднало во бунар. Животинчето рикало со часови додека фармерот размислувал што да направи. На крај, тој одлучил дека животнто е старо и дека бунарот секако треба да биде затрупан; едноставно не вредело да се обиде да го спаси магарето.
Ги викнал комшиите да дојдат и да му помогнат. Тие ги зеле лопатите и почнале да фрлаат земја во бунарот. Отпрвин, магарето сфатило што се случува и почнало ужасно да рика. Потоа, сите се зачудиле кога магарето се смирило.
После неколку фрлени лопати земја, фармерот конечно погледнал во бунарот. Бил зачуден од тоа што го видел. Со секоја лопата земја која паѓала врз него, магарето правело нешто чудесно. А магарето само ќе ја истресело земјата од него и ќе се качело врз купчето земја.
Како што продолжувале со полнењето на бунарот, магаренцето продолжувало да ја тресе земјата и да се искачува нагоре. Наскоро, сите биле зачудени кога магарето излегло од бунарот и среќно си потскокнало!
Поука
Животот фрла земја врз вас, секаков вид на земја. За да излезете од бунарот, треба само да ја истресете земјата и да се искачите нагоре. Секој проблем е само нов чекор на скалилото. Од најдлабоките бунари можеме да излеземе само ако никогаш не се откажуваме!
Истресете ја земјата и искачете се нагоре.
Запомнете ги следните пет чекори кои носат среќа:
1. Ослободете го срцето од омраза - Простувајте.
2. Ослободете го умот од грижи – Повеќето од нив секако не се остваруваат.
3. Живејте едноставно и ценете го она што го имате.
4. Давајте повеќе.
5. Очекувајте помалку од луѓето, но очекувајте повеќе од самите вас.
За ПреминПортал: И.Г.