Стефан Бранковски - „Слово за Емануил“
Тварта ја преобрази, вселената ја преуреди!Со збор од устата Своја ја порази земјата и беше над законите на природата, и водата му се покори, и демоните од Него затрепериа, и Сонцето и Месечината неможејќи да ја гледаат убавината Негова се помрачија, во денот на жалната радост.Сѐ, ама баш сѐ, Му се покори на Неговото величие.


Црквата, основана на Педесетница, во било кој момент од векторот за нејзиното постоење кој е во континуитет на движење до есхатонот, ја има истата благодат на Светиот Дух, нема ништо помалку од тоа што ималa тогаш, па дури и нејзината цел е иста да го доближи народот до Христа и Христа до народот.
Но, среде забрзаниот ритам и трилијардата планови зад кои доцниме, веруваме дека оваа листа со пет нешта ќе ни помогне на сите да бидеме поефективни, повосредоточени и пред сѐ, порадосни и посмирени. Од сите to-do листи, оваа е сепак поинаква: нејзиното сидро е фрлено во вечноста.

Неодамна руските научници од универзитетот во Санкт Петерсбург
материјално докажале дека чудесните излекувања се поврзани со духовноста
и откриле голем број телесни и душевни промени кои човекот може да ги
доживее во моментот на молитва или верски обред. Научниците докажале
дека кај верникот кој е продлабочен во молитвата потполно е исклучена
мозочната кора, а тоа ги означува потполната сигурност и отсуството на
стрес.
























