логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


27 април

(Протоѓакон Славе Пројковски, секретар на Архиепископскиот Црковно-просветен совет и главен и одговорен уредник на „Весник”, службен лист на МПЦ)

Не знам зошто толку бол и бес – политички, партиски, богоборечки околу обновата на православен храм на Плоштадот. Дотолку повеќе што во непосредна близина на тој простор во Скопје отсекогаш имало храм, дури и во османлиско време, кога државна религија беше Исламот. Кому тоа му оди во прилог, по сите основи да се минимизира македонската нација и нејзиниот низ вековите белег – Православието?! Зошто, и во самостојна независна и суверена Република Македонија, не можеме да ја вдишуваме радоста на животот? Излеговме на референдум не за да си ја урнисаме државата, туку да се чувствуваме слободни и свои на своето, иако само на дел од македонската земја и тоа само во делот што при кобната поделба беше приклучен кон кралството на СХС...

Како потсетување, кога по земјотресот се размислуваше да се гради Катедрален храм во центарот на градот, централниот простор на градот беше се уште слободен простор. Тогаш Катедралниот храм, според глобалниот урбанистички план беше виден како централен објект на широкиот плоштад. Набргу потоа, уште пред да се дефинира локацијата, се отиде на други размислувања и решенија што ќе го задоволат партиското видување на религијата. Така храмот беше издвоен од центарот со реализирање на проектот градски ѕид, а самиот проект на камбанаријата намален за цели десет метри, божем камбаните ќе пречеле на седниците на ЦК на СКМ. Црквата го разбираше времето во коешто живееше, и не се гласеше со поинакви ниту размислувања, а камо ли ставови. За протести и да не говориме.

Сега е друго време! Сега Република Македонија не само што не е административна единица на некогашната федеративна заедница Југославија и нема некаков сојузен централен комитет којшто би и ги диктирал начините на сопствениот развој и растеж, туку е суверена држава.

Но, дали е навистина друго време? Дали Македонците конечно ги остварија вековните сониште на своите предци, коишто гинеа за македонското достоинство и прадедовската вера? Дали денес Македонецот, за жал, може да се чувствува послободен, материјално посигурен, пореализиран одошто беше во федеративната заедница на народи и народности? Дали денес ѓаволот помалку шета по македонските простори одошто тогаш? Дали полесно се доаѓа до работа и формирање ново семејство?

Каде се плодовите од осамостојувањето?! Кои се придобивките?! Имавме зрелост, или се уште доминираат силите што со подбишега го следеа осамостојувањето?

Македонецот денес како да се чувствува изгубен во времето и просторот, за жал, и во сопствената држава. А така се чувствуваат и малцинствата од други етнички заедници, освен нивните и некои наши „водачи” и „политичари”, „државници”. Но, за среќа, и покрај се, никој свесен во Маке-донија не сака да ја прифати безнадежноста, иако условите се такви какви што се. Раскрчмивме многу нешта во името на некаква европска демократија, којашто никој од нас не може да ја види во ниту една европска земја. Кај нас се инсталираа состојби и „вредности” кои како дамоклов меч висат над главата на државата, (читај на секој жител на Македонија). Народот, самиот не може да ја раководи државата, оти дури тогаш ќе биде анархија. Меѓутоа, жестоко и критички се напаѓа секоја македонска влада, па и сегашнава, и граѓанинот не може со бистар поглед да ги види оние што во негово име можат да ја водат државата чесно и достоинствено, со целосна одговорност за нејзините приоритети, кои никако да се дефинираат.

Навистина, секоја власт што ги водела владите на Република Македонија од нејзиното осамостојување до денес, е бирана од самите граѓани, кои послушно и со надеж за подобро утре излегуваа на сите досегашни избори. Немавме наметнати луѓе од надвор, туку сите беа „наши”, самостојни, избрани од нашата свест и совест! Или бевме притоа кусогледи и малоумни, па само така си мислевме? Оти над државата, над нејзините интереси, над интересите на граѓанинот имавме партии со пови-соки приоритети од самата држава, некои партиски приоритети станаа „верују”, кои ако не го исповедаш, скраја да е, ти како и да не постоиш. А притоа се критикува и се омаловажува се, и што не чини, ама уште повеќе и што чини, што е добро и што дава реална надеж за подобро утре. Не доживеавме критика од која би произлегло подобрување на вкупната состојба, туку секогаш, за да се урне владата, и власта да се преземе „од нивните” во свои раце. Било важно не како ќе се владее, туку кој ќе владее, а сето тоа врз грбот на сите граѓани на Македонија, освен привилегираните.

Кој тоа, и после скоро две децении самостоен живот се уште шири безнадежност во Македонија и за кои лични или, каков апсурд, општи интереси? Ако и на Господ почнеме да Му ги затвораме вратите, односно срцата, дали тоа значи дека сме подготвени да се фатиме под рака со самиот ѓавол, и кон што тоа ќе не одведе?! Само кон безбожен двоен морал, кој ниту на Црквата (црквите/џамиите, сеедно) ниту на Државата може да им до-несе нешто добро.

Деновиве гледав емисија како се создавала Шведска, чие име за прв пат се спомнува во четиринаесеттиот век. Тогаш нејзиниот су-верен на најрадикален начин расчистил со двојниот морал, со мафи-јата, нештедејќи ги дури и своите најблиски по крв. И, денес Шведска, има со што и да се пофали, иако историски брои неколку векови. Значи, за да соз-дадеш нешто здраво и способно за живот, треба да го очистиш и заштитиш од сите можни инфекции, и да му обезбедиш имунитет. Државата е како дете, потребна и е и заштита и љубов, за да може да расте и да се развива.

Црквата на плоштадот не може да инфицира, туку да даде насока на движење за обезбедување подобра иднина, којашто е благословена од Севишниот, а не од моќниците на денот. Верниците во Македонија веруваат во тоа, без оглед дали го слават Исус Христос или Иса Пејгамбер, или Мухамед, кој од оние што ја бараа неговата глава беше спасен од добриот христијанин. Затоа на плоштадот во главниот град на македонската држава и би личел храм на Христа Спасителот, Кого сите верници, секој на свој начин, го почитуваат.

Но, со што се занимаваат оние што не веруваат, ниту во Севишниот Бог, ниту во иднината на Република Македонија?! За кого тие одработуваат?! Секако ни за Бога ниту за Македонија!

МИА, 27 април 2009 г.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3126
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7599
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/11/2024 - сабота

Св. свештеномаченик Акепсим, епископ Наесонски ; +Св. великомаченик Георгиј – Ѓурѓиц; Преподобен Илија Египетски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Тропар на преподобниот Христов подвижник Јоаникиј Велики 4 ноември / 17 ноември 2024

Јоаникие оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот,  прибежиште Синот, а покров Духот Свети,  моли се о ти...

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните,помошник на владетелите,

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Страдалници Господови, блажена  е земјата, која се напои од вашата крв,  и свети се населбите кои ги примија телата ваши. На боиштето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная