логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Ирина Монахова

Раѓањето одозгора
(Расказ)
oblakoder.jpgРаѓањето одозгора, или пројавувањето на вистината, или откровението за вистината – е, едноставно, светлина по темнина којашто траела во текот на сиот претходен земен живот. Само светлина – и ништо повеќе, но тоа е главното. Како што без дневна светлина не би имало живот на земјата, така и без светлината на вистината не би имало друг живот – вечен живот. Да се живее без таа светлина е исто како и постојано да се наоѓаш на темно место и да не можеш да ги видиш околните предмети и појави, односно да не можеш да разбереш какви се тие и што се случува околу тебе – да можеш само да претпоставуваш и да се обидуваш – според звуците, мирисот или допорот – да составиш целосна слика за светот. Притоа, претпоставките воопшто не мора да бидат правилни и да ја објаснуваат вистинската состојба на нештата – попрво е обратно.

Што може да се разбере од околната средина, ако цел живот сме слепи? Сигурно не тоа што таа средина реално претставува, туку своја фантазија за неа, фантазија којашто не ја одразува самата средина, туку оној што фантазира. Што може да се разбере за животот, восприемајќи го на слепо, без светлина – некакви фрагменти на чувства и мисли, коишто никако не се вклопуваат во нешто цело, завршено и разбирливо, колку и да се трудиме. Јасно е дека на слепиот му е поважно да стекне вид, одошто подробно да ја објаснува својата околина. Зашто, со стекнувањето на видот, во еден миг, без какви и да е дополнителни усилби, тој може одеднаш да разбере сè. Потребна е само светлина.   

Така и вистината не претставува некаква сложена творба на умот – нејзината пројава не содржи никакво дејствие, никаква суета, никакво странично влијание, таа ништо не засега, не преместува, не поставува од едно место на друго. Едноставно, само сè осветлува. А самата претставува светлина во споредба со која земната, сончевата светлина е – темнина.    
     Значи, ако човекот ја нашол вистината, тоа воопшто не значи дека тој одел некаде по неа, дека специјално ја барал или трудољубиво ја конструирал. Таквите активности од негова страна воопшто не се потребни, и не се потребни никакви способности да се оди по вистината или таа да се конструира – напротив, потребни се некои сосема други способности. Зашто, ниту некаде треба да се оди ниту нешто треба да се конструира. Пројавувањето на вистината може да се нарече светлина којашто го исполнува сиот простор што дотогаш бил темен, а може да се нарече и стекнување вид по вродено слепило. И тогаш вистината се гледа без какви и да е усилби, како некој предмет што се наоѓа пред нас. Може да се каже дека пројавувањето на вистината, или раѓањето одозгора – претставува истовремено и пренесување информација којашто дотогаш била сокриена, и стекнување умешност да се види таа информација. Притоа, таа умешност, еднаш стекната, останува трајна, а светлината на вистината, откако еднаш ќе се пројави, веќе не исчезнува.
***
Раѓањето одозгора, или пројавувањето на вистината – значи и целосен пресврт на она што, приближно, можеме да го наречеме скала на вредности. Сета содржина на таа скала (односно, сите вредности на овој живот, подредени една по друга според мерата на намалувањето на нивното значење) се превртува наопаку и застанува, наместо на глава – на нозе, и тоа што било на почетокот се преместува на крајот, и обратно. И буквално, наместо на главата, застанува на нозе, односно од некоја совршено неправилна, лажна состојба, преминува во нормална, вистинска. Понатамошниот живот, со таква превртена скала на вредности, меѓу маса луѓе (не сите, но сепак големо мнозинство), кај кои скалата на вредностите е обична, земна – е мошне тежок, па дури и невозможен. Да се издржи таквото егзистирање и да се продолжи да се живее како ништо да не се случило, е можно само при големо смирение – и на сметка на самото тоа смирение. Во спротивно... Да се знае – и тоа совршено точно – дека во реалноста не е сè онака како што изгледа, како што произлегува од околниот живот и од поредокот на нештата којшто царува во тој живот, да се стане инороден за тој свет и истовремено да се остане негов составен дел – за некој што е премногу острастен и нетрпелив може да се покаже како неиздржливо тешко.

Дотолку повеќе, како што им се покажува, како што им се открива на родените одозгора, тој привлечен живот, земен живот, којшто многумина го сметаат за најголема скапоценост, всушност и не е највредното што постои – „има и посилен магнет“. Зашто, раѓањето одозгора не е само пројавување на вистината којашто сè осветлува и ја превртува скалата на вредностите, односно примање информација којашто се однесува на овој, земен свет, туку и примање информација за друг свет. Впрочем, сето тоа е взаемно поврзано, и самиот факт на присуството, на постоењето на друг свет, со соодветни други (квалитативно други – спротивни) својства, всушност и претставува извор на вистината и на светлината и истовремено причина за превртување на сета скала на вредности (или сила којашто го остварува тоа превртување).

***
Другиот свет и раѓањето одозгора се условени со тоа што е невозможно човек да се роди по втор пат, кога веќе живее на земјата, кога е роден тука. Раѓањето одозгора има смисла и е можно, имено, затоа што постои тој друг свет, во кој човекот влегува при тоа второ раѓање. Слично како што при своето прво раѓање влегува во земниот свет.

На второто раѓање му соодветствува друг свет и друг живот во тој свет. Слично како што раѓањето во земниот свет означува почеток на нов живот, така и раѓањето одозгора означува почеток на друг живот во друг свет. Притоа доживуваш чудно,  необично, но и интересно, великолепно чувство на нов живот откриен во недогледната иднина. Тоа е совршено конкретно чувство  на огромна, бесконечна иднина неспоредлива со димензиите на земниот живот. Во споредба со неа, преостанатото време од земниот живот има безначајно мало значење (тоа, исто така, е сложен и подмолен момент – од гледна точка на зачувувањето на рамнотежата, поради истовременото постоење во две различнии димензии).

Истовремено разбираш дека преостанатиот дел од земниот живот со секој изминат ден, како шагренска кожа, се скратува, и ја чувствуваш бесконечноста на своето постоење во другиот живот. Во најраните години, во самиот почеток на земниот живот, не ни е дадено да почувствуваме толку буквално што сè стои пред нас, како што тоа го чувствуваме во почетокот на вториот, бесконечен живот. Да не зборуваме за тоа дека и самата смрт – главниот страв, главното „плашило“ на земниот живот, тој постојан „дамоклов меч“ надвиснат над секој од нас – дури и таа потемнува, се префрла на втор план, и од некаков вџашувачки настан на крајот од нашиот живот, а за некого – просто катастрофа, се претвора во некаков краток интервал на застанување на единствениот и непрекинат пат без крај. И, се покажува дека нема слепа улица, ѕид што се попречува и во кој, на крајот од краиштата, удира сè што постои, туку, обратно, постои толку безмерна, безгранична перпектива, којашто не може, со ограничените земни можности, да се восприема и да се согледа целосно. 

Нема смрт, нема живот што завршува (или се прекинува) – има смрт којашто го менува животот – само го менува. Друго е прашањето – како, на кој начин таа смрт го менува секој конкретен живот. И дали на сите луѓе таквата перспектива на промена и на вечен живот ќе се покаже како велелепна. На сите ли им е потребна таа бесконечна перспектива, во која смртта е само кратка пауза, меѓуинтервал? Можеби некој ја претпочита смртта како целосен и конечен крај – за веќе да нема никакви неизвесни промени (и промени коишто не може да ги контролира), и сè да исчезне без каква и да е трага. За таквите, вечноста, неизбежната вечност, навистина претставува голем проблем.

***
Така, може ли на оние што се родени одозгора таа перспектива да им се претстави во поинаков вид, освен како радост, како светлина, како великолепие на некои дотогаш невидени и непознати простори.
Да се каже дека великолепието на тие непознати простори се состои во нивната красота и величие  не е сосема точно. Поточно, овие зборови и поими означени со нив целосно му припаѓаат на земниот живот и означуваат впечатоци од земните појави. Раѓањето одозгора, или пројавувањето на друг свет, или пројавувањето на вечноста  е неземна појава. Красотата и величието  тие поими, макар што и можат според искуството на земните впечатоци приближно да ги означат и впачатоците од пројавувањето на другиот свет (пројавувањето на вечноста), сепак се мошне далечни и слаб, дури и искривени.

Великолепието во пројавувањето на другиот свет не е во неговата красота и величие  таму нема такви нешта. Светлината којашто осветлува сè, до самиот крај, до дното, светлина на вистината  ете што има таму. Атмосфера којашто целосно се состои од љубов, само од љубов, како што земната атмосфера се состои од воздух  ете што има таму. И, уште, целосно отсуство на времето, на временоста и на материјалноста. Да се пренесе целосно тоа со земни зборови, преку земни сетила, е невозможно, на земни јазици тоа е непреводливо. Но секој оној што има очи  гледа, односно, секој оној што е роден одозгора, добивајќи при тоа раѓање уште еден свет, вечен свет  го гледа тој свет. И тоа е единствената варијанта на спознавањето на тој свет  само директно, непосредно да се види. Или при отсуство на такво непосредно спознание  да се верува. Да се нацртаат неговите контури со помош на наши земни символи и поими е невозможно. Колку далечни, ограничени и бедни се нашите земни зборови, поими и размери што им ги даваме, во присуство на друг свет, во присуство на вечноста и на вистинскиот свет, свет без сенки, граници и прегради. Колку и да е тешко да си го претставиме тоа, но светлината на вистината и „атмосфера“ што се состои од љубов (слично како што  земната се состои од воздух)  нешта коишто се својствените на другиот свет  далеку и недостижно го превасходат сето она што во земното поимање е превознесено до највисок степен, така што подалеку и повисоко и не може да се помести. И ете тоа, што таму слободно и бесконечно се наоѓа, превосходејќи сè што е земно  тоа се само вистината, само љубовта  „само“ од гледна точка на земната реалност, кадешто тие претставуваат ефемерни нешта и се вечно истиснувани на некое зафрлено место, истиснувани на заден план. И уште за вечноста: не дека е ефемерна во овој свет, туку  тука воопшто ја нема. 

И ете, од тие ефемерни нешта, нешта коишто не се земаат сериозно, коишто се пренебрегнуваат, е сочинет, како од градежен материјал, целиот свет  исто како што и земниот свет е создаден од земја, вода и воздух, при што првиот од нив, ефемерниот, е многу поцврст. На тие нешта, на кои тука не сме навикнати да водиме сметка, таму не само што мора да сметаме, туку мора и да им соодветствуваме.     

Но, тоа е веќе друго прашање коешто внесува драматична подробност во општото великолепие на другиот свет  свет на радост. Тоа е, можеби, свет на радост, и тоа не за сите, туку за оние коишто учествуваат во него, или, поточно, за неговите деца, со еден збор  за оние што живеат во него. За оне што живеат во него уште додека се во овој живот. Односно, за родените одозгора, за оние на кои другиот свет им е даден, подарен.

(Можеби ќе продолжи...)

д-р Драган Михајловиќ

Посети:{moshits}
 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3123
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7595
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная