логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


„Како што телесната грозница има многу, а не само еден извор за нејзино настанување, така и за распламтувањето и појавата на гневот како и за останатите наши страсти има многу различни причини“ - забележува Св. Јован Лествичник.

Уште во ранохристијанската литература страстите, според природата на човекот се поделени на душевни и телесни, меѓу кои има осум основни: стомакоугодие, блуд, среброљубие, гнев, жалост, униние, славољубие и гордост. Првите две се телесни страсти бидејќи ги будат нашите сетила, а останатите се духовни.

Страста која е тесно поврзана со гордоста или директно произлегува од неа е гневот. Сите се гневиме, често, речиси секојдневно. Се гневиме  кога имаме, а уште повеќе кога немаме право. Се гневиме најчесто на послабиот, дотолку повеќе ако сме покорни додворувачи на оние кои  се посилни од нас. Многупати го оправдуваме сопствениот гнев со својата природа или пак со неразбирањето, неблагодарноста и непослушноста на другите луѓе кон нас. Дури и кога последиците од гневот се погубни за нашата околина, ние тогаш се обидуваме  да ја смириме нашата совест и пред другите се оправдуваме со празни и неубедливи зборови. Впрочем, нема никакво сомневање дека гневот е показател за нашата гордост. Наспроти ова Св. Јован Лествичник вели: „Негневливоста е пораз на природата, која се манифестира во нечувствителноста за навреда која произлегува од големи подвизи и изобилно пролиена пот“. Учителите на Црквата, зборувајќи за гневот, точно воочуваат дека во него две човечки волји се спротивставуваат една на друга. Оттука христијански правилно е  полека да се учиме на одрекување од сопствената волја, бидејќи ако е по нашата волја, гневот сигурно ќе се јави, а со него и волјата за осветување на оној кој н# навредил.

Од искуството на светите отци можеме да видиме што тие велат за гневот: „Најнапред грижи се да се запазиш себеси од зла волја кон луѓето, бидејќи кога натрупуваш зла волја кон луѓето, натрупуваш отров кој порано или подоцна ќе те уништи како човек“. Кога некој ќе н# навреди или кога ние така ќе доживееме нечија афективна состојба кон нас, прво што треба во себе да постигнеме - посебно за импулсивните луѓе - е подвигот веднаш, во истиот момент да не се возврати со иста мера. Значи, потребно е да се премолчи барем онолку долго колку што е потребно присебно да се преиспита содржината на изговорените зборови. Вистинскиот христијанин кој секогаш се смета за грешник и должник, а притоа не запаѓа во состојба на очај и депресија, најнапред ќе ја сослуша другата страна што му вели, надевајќи се дека во неговите зборови ќе ја открие вистината за себе, нешто за себе што с# уште не  знаел  или нешто што порано на овој или оној начин сам го открил. Во двата случаи христијанинот може само да биде благодарен на својот божемен непријател, навредувачот. Ако пак човек и покрај грижливото преиспитување не успее од префрлањата на другиот човек да најде нешто корисно за својата борба, тогаш с# уште може да мисли дека гордоста го спречила да препознае или пак ако заклучи, што поретко се случува, дека е во прашање само клевета, ќе се растажи над навредувачот и нема да чувствува потреба што било да му одговори. Гневлив одговор секако во ниту еден случај не му доликува на христијанинот. „Гневливиот човек - вели Св. Јован Лествичник - е доброволен падавичар кому тоа му преминува во навика, а таа пак потоа и против неговата волја го растргнува и му причинува зло. Сум видел тројца монаси кои во исто време претрпеле навреда од ист вид. Првиот се навредил, но премолчел. Вториот се зарадувал заради себеси, но се разжалостил заради оној кој му ја нанел навредата. А третиот, помислувајќи на тоа каква штета ближниот си нанел на самиот себеси, заплакал со врели солзи“.

Процесот на христијанизација на човештвото, процес кој трае скоро две илјади години, од далеку с# уште не е завршен. Која е на пример, реакцијата на т.н. природен човек (паганскиот или може дури и старозаветниот) кон навредувачот, кон оној кој предизвикува гнев? Зарем не е да возврати со иста мера? А што бара Христос од нас ако сакаме да се наречеме христијани? На овие прашања постојат навидум неприродни и невозможни одговори. „Сте слушале дека е речено: Око за око, заб за заб. Јас, пак ви велам: да не се противите на злото. Ако некој те удри по десниот образ, заврти му го и другиот“ или „Сте слушнале дека е кажано: Љуби го својот ближен и мрази го непријателот. А Јас, пак, ви велам: Љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат“ (Мт.5,38-39; 43-44)

Светоотечкото предание н# учи дека вистински плод на нашата душа не е некоја беседа или текст кој грижливо сме го припремиле и дотерале. Наш плод е оној збор што ќе „излета“, кој неконтролирано го изговараме, оној збор кој извира од нашето срце. А она што извира од нашето срце не е само зборот, тоа може да биде и движење, дело кое спонтано го правиме, накратко - тоа е нашата прва реакција. За секоја пофалба е кога првата реакција ќе н# наведе да направиме некое добро дело. Меѓутоа, секојдневна појава е нашата прва реакција да биде гневлива, полна со нетрпение и себичност. Вистина е дека по првите реакции на нашето срце, го ублажуваме грубиот збор што сме го изговориле и се трудиме да ја поправиме реакцијата која „едноставно нѝ излетала“. Иако и оваа дополнителна добрина има своја вредност, сепак вистински христијанин е оној кој има христијански рефлекси, кој спонтано мисли, работи и зборува во евангелски дух. Тука би го навеле примерот на преподобниот ава Роман кој умирајќи им зборувал на своите ученици: „На ниеден од вас не сум му наложувал ниту едно послушание доколку претходно не сум ставил на ум да не се гневам ако мојот збор не се исполни“.

Навистина процесот на чистење и преобразување на стариот човек е крајно мачен, долг и тежок. Што подлабоко во нас се вселува Светиот Дух, толку е поголем отпорот на нашата старозаветна душа и паганско тело. Овој процес не може да помине без одредени душевни и телесни промени. Да замислиме само на пример, што с# се случува во организмот на еден човек кој се држи до правилото на строгиот Велигденски пост! Секој кој барем еднаш го издржал ова правило, од сопствено искуство знае какви  душевни и телесни промени доживува во тоа време. И секако, сега  во овој период кога се подготвуваме за светиот Велигденски пост, период кога повторно ќе се напојуваме од непресушните извори на благодатта - постот и молитвата,  размислувајќи за гневот, можеме да заклучиме дека против овие страсти не можеме да се бориме без одрекување од својата волја поточно без одрекување и газење на своето самољубие и славољубие.  Како што вели и Св. Јован Лествичник „Како што змијата не може да ја соблече од себе старата кошула ако не се протне низ тесен отвор, така и ние не можеме да ги отфрлиме старите навики, старата кошула на душата и наметката на стариот човек, доколку не поминеме низ тесниот пат на пост и понижување“.

         Ви посакувам богоугодни пости и пред с# успешна борба со сите душевни страсти,  посебно со гневот со кој се соочуваме секојдневно и со смирение да го практикуваме молитвеното правило кое ќе нѝ помогне да се избориме со оваа душевна страст.

отец Дејан Трајков



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3124
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7597
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная