Старец Паисиј Светогорец - Поука на денот (26.08.2016)
Треба да се молиме за сите што зборуваат лошо за нас, и да бараме од Бога да им подари покајание, просветлување и здравје, а во себе да не оставиме ни трага од омраза кон нив. Да го задржиме само искуството на преживеаното искушение, да го исфрлиме од себе сиот отров, и да се потсетиме на зборовите на св. Ефрем:





За да го спаси човекот, кој преку првородниот грев отпадна од Бога и стана смртен, по предвечниот Совет на Света Троица, покорувајќи се на волјата на Отецот, Синот Божји слезе на земјата, се роди со дејството на Светиот Дух од Секогашдева Марија, им го објави на луѓето Вистинскиот Бог Отец и Неговата Божествена волја, ги поучи на вистинското почитување на Бог...











„Бог не допушта да паднеме во искушение што ги надминува нашите сили. Мајсторот лесно ги потчукнува кристалниот и стаклениот сад за да не ги скрши, а на сребрениот и бакарниот сад нанесува силни удари; така, за раслабените се допушта лесно, а за силните – потешко искушение.“-

























