логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Маловерието на св. ап. Петар

И веднаш ги покани Исус учениците Свои да влезат во кораб и да минат на другата страна пред Него, дури да го распушти народот. Па штом го распушти народот, Он се искачи на планината, за да се помоли насамо. И таа вечер остана таму Сам. А коработ беше веќе на сред море и брановите го удираа, зашто ветрот беше спротивен. Но на четвртата стража, преку ноќта, дојде Исус при нив, одејќи по морето. А учениците, штом Го видоа како оди по морето, се уплашија и рекоа: „Тоа е привидение” и од страв извикаа. Но Исус веднаш почна да зборува со нив и им рече: „Не бојте се! Јас сум, не плашете се!” А Петар, одговарајќи Му, рече: „Господи, ако си Ти, позволи да дојдам при Тебе во водата!” И Исус му рече: „Дојди!” Па штом излезе од коработ, Петар тргна по водата за да оди при Исуса; но, кога го виде силниот ветар, се уплаши, почна да потонува и извика: „Господи, спаси ме!” Исус веднаш му подаде рака, го фати и му рече: „Маловернику, зошто се посомнева?” И кога влегоа во коработ, ветрот престана. А оние, што беа во коработ, се приближија до Него, Му се поклонија и рекоа: „Навистина, Ти си Син Божји!” Па откако преминаа, дојдоа во земјата Генисаретска. Мт. 14,22-34

Откако добил согласност од Господа, св. ап. Петар излегол од коработ и пошол по водата. Меѓутоа, набрзо се исплашил и започнал да тоне. Неговата одлука да направи едно така необично дело, надевајќи се на Господа, не било достојно за прекор, зашто во спротивно Господ не би дозволил таков потфат. Меѓутоа, за прекор е тоа што тој не го задржал првобитното расположение на душата. Тој бил исполнет со надеж во Господа и Неговата семоќ, која му дала храброст да зачекори по брановите. Така и направил неколку чекори по новиот пат.

Требало само да ја запази надежта, гледајќи Го Господа Кој бил близу. Но, апостолот се впуштил во човечки мудрувања: „Ветрот е силен, брановите високи, а водата не е цврста“. Тоа ја поколебало верата и ја ослабело силата на надежта. Поради тоа тој се разделил од раката Господова и, бивајќи препуштен на дејството на природните закони, започнал да тоне. Господ го прекорил: „Маловернику, зошто се посомнева?“, покажувајќи дека изворот на секоја несреќа е маловерието. Маловерието на св. ап. Петар

Маловерието на св. ап. Петар

Ете поука за сите што превземаат нешто, мало или големо дело, со цел да Му угодат на Господа! Треба да го чуваме првобитниот поредок на верата и надежта, од кои се раѓа една голема доблест – истрајност во добродетелноста, која пак е основа на богоугодниот живот. Ако се одржува таквото расположение, не престанува вдахновеноста во напорот за превземениот пат, а проблемите, колку и да се големи, воопшто не се забележуваат. Кога таквото расположение слабее, душата веднаш ја исполнуваат човечки заклучоци за човечките начини за зачувување на животот, како и успехот за започнатите потфати. Меѓутоа, бидејќи ваквите нешта се слаби, во душата навлегува страв: „Дали ќе издржам?“ Па се двоумиме: „Дали да продолжам?“, за на крај сѐ да се напуштиме.

Затоа, треба да се држиме до одлуките: започна – истрпи! Отфрлај ги мислите што ти прават смут и биди храбар во Господа, Кој е секогаш близу.

Св. Теофан Затворник

Извор: http://pravoslavie.mk.

Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/bidi-hrabar-vo-gospoda/ .



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2144
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2160
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 607
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

25/05/2026 -понеделник

Свети Епифаниј, епископ Кипарски; Свети Герман, патријарх Цариградски; Светиот маченик Панкратиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски  учители 24/11 мај 2026

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски учители 24/11 мај 2026

Рамноапостолни  учители на словенските земји, богомудри Кириле и Методие,Владиката на сите молете Го,

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

  Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната...

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован  21 мај / 8 мај 2026

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован 21 мај / 8 мај 2026

Благочестива усто на откровението, на дар сѐ доби, дарум Христос преку тебе сѐ ни предаде,да знаеме и да веруваме, да...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная