Сите оние што сакаат да ја покажат својата љубов кон упокоените и да им овозможат реална помош, можат тоа да го направат на најдобриот начин – со молитва за нив, а посебно со спомнување на Светата Литургија, кога честичките извадени за живите и упокоените се ставаат во Крвта Господова со зборовите: „Измиј ги, Господи, со Твојата света Крв, гревовите на споменатите слуги Твои, со молитвите на Твоите светии“.
Роднини и блиски на упокоените! Сторете за нив сѐ што им е потребно и сѐ што можете – употребете ги вашите пари не за надворешно украсување на гробовите, туку за да им помогнете на сиромашните, за вечен помен на упокоените.
Свети Јован Битолски, Шангајски и Архиепископ Сан-Франциски
Избор од фејсбук страната на: Петар Георгиевски