логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Порака (=поука) до свештеникот за Божествената благодат

Свети Василиј Велики

Внимавај на себе, свештенику, и на оние кои ќе ги учиш, и гледај на службата која си примил да ја исполнуваш; бидејќи не ти е доверена земска служба, туку небесна; не човечка, туку ангелска.
Погрижи се себеси да се претставиш пред Господа како непосрамен работник, кој правилно управува со словото на Вистината (1. Тим. 3, 15). Никогаш немој да дојдеш на Собрание (=Питургија) имајќи непријателство кон некого, да не го изгониш (Духот) Утешител во денот на Собранието (=Питургијата). Не суди, не карај се воопшто, туку оттргни се престојувајќи во Црквата, моли се и читај до часот кога треба да го извршиш Божественото Тајноводство (=светата Евхаристија), и така застани во умиление [и чисто срце] пред Светиот Жртвеник, не гледајќи лево и десно, туку со страв и трепет стоејќи пред Небесниот Цар. Немој заради угодување на луѓето да ги брзаш молитвите, или да ги скратиш, ниту молејќи се да гледаш на лицето на луѓето (Лука 20, 21), туку гледај само на Царот што стои пред Тебе и Силите (небесни) кои стојат наоколу. Направи се достоен себеси за Свештените Канони; немој да сослужуваш со оние на кои канонот им забранил (=кои се под забрана). Гледај пред Кого стоиш, како свештенодејствуваш, и на кои ќе им предадеш (Причест). Гледај да не ја забораваш Владичната (=Христова) заповед и онаа на светите Апостоли: „Светињата, вели, не ја давајте на кучињата, и не си го фрлајте бисерот пред свињите"; „Пазете се од кучињата", итн. (Мат. 7, 6; Филип. 3, 2). Гледај, пак, немој од страв да отстапуваш пред човек, уплашувајќи се од човек - на свој пад. Не предавај го Синот Божји во рацете на недостојни. Гледај, немој да се засрамиш од славните на земјата, ни од оној кој носи круна немој да се исплашиш во оној час, кога ќе застанеш да (Му) служиш (на Господа). Гледај како ќе им дадеш на оние кои сакаат (Божествениот) Дар да (го) земат во домовите[1]; јас немам нешто (=учество) во тоа, ти ќе видиш! - На достојните, пак, за Божествена Причест дај им бесплатно, како што си добил и ти. На оние на кои Божествените Канони не им дозволуваат (Причест), немој да им даваш, бидејќи се сметани за незнабошци, и ако не се повратат, тешко [и ним и] на оние кои им даваат. Гледај, јас немам нешто (пристрасно), ти ќе видиш! Гледај, пак, глушец или нешто друго да не се допре до Божествените Тајни, ниту од немар твој да се навлажнат (=сплескаат), или да се изгорат, или да се употребат од несвештени и недостојни.
[Гледај како ќе ги употребиш Светињите по завршувањето на Божествената Литургија; немој од брзање да (ти) падне честичка; гледај да не остане вино во Светиот Путир па да се извалка (или за’рѓа), туку кога обете ќе ги средиш, тогаш замини. Гледај, ако остане од Светите Дарови, не е дозволено со нив да се причестат (=да ги употребат други) освен само свештениците; а ако не, тогаш има доволно мудри деца (paidia s9frona), доведи ги и нив да се причестат, и нека останат постејќи до 11 часот. Гледај муви да не паднат во Светиот Пугир, или да не слетаат на Артосот; гледај ништо друго да не се допре до Божествените Тајни].
Ова и слично на ова запазувај, и ќе се спасиш себеси и оние кои те слушаат.

Извадок од книгата
„Свештени канони на Светата Православна Црква".
________________
[1] Во Египет го имале овој обичај, како што сведочи свети Василиј (Писмо 93 )

Извор: Амвон



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная