логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Рождество на Господ Исус Христос

Ти се воплоти во пештера тајно, но небото Те објави на сите, Спасителу, како уста употребувајќи ја sвездата, и таа Ти ги приведе мудреците кои со вера Ти се поклонија. Со нив и нас помилуј не.

А кога се наврши времето, Бог Го испрати Синот Свој Единороден (Гал. 4, 4) за да се спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовеста којашто архангелот Гавриил Ѝ ја јави на Пресветата Дева во Назарет велејќи: „Радувај се, благодатна..., еве ќе родиш и ќе зачнеш син“ - во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се попише сиот народ во римското царство.  Повеќе...

bogorodica-more

Еден човек по име Јован бил поразен од гревот и станал крадец. Уште повеќе, тој станал и предводник на една разбојничка дружина од сто крадци, но сепак длабокот ја почитувал Богородица. Секое утро и вечер го читал Канонот кон Пресвета Богородица.

Сакајќи да го спаси поради неговата голема почит кон Богородица, милостивиот Бог испратил еден свет монах да биде запленет од дружината на разбојникот. Штом паднал во нивните раце, монахот им рекол: „Ве преколнувам, однесете ме кај вашиот водач, имам да му кажам нешто за ваше добро.“

Тие го послушале и го однеле кај својот водич. Монахот му рекол: „Викни ги сите твои луѓе да дојдат тука, за да ви кажам нешто.“

Разбојникот ги викнал, и тие дошле. Но, монахот рекол: „Нема ли уште некој?“

– Има, еден готвач – одговорил главниот крадец.

– И него викни го.

Штом дошол готвачот, тој го криел неговото лице и не можел да го погледне монахот во очи.Тогаш монахот пристапил до него, и му рекол: „Во името на нашиот Господ Исус Христос ти заповедам да ми кажеш кој си, кој те испратил и што бараш тука!“

Готвачот му одговорил и рекол: „Јас сум лажго кој секогаш зборува лаги. Но, бидејќи ме обврза во името Христово, не можам, а да не зборувам вистина. Јас сум ѓавол и бев испратен од мојот господар да работам за водачот на оваа дружина, и да чекам ден кога тој нема да го прочита Канонот кон Богородица – во истиот тој ден да го заробам во пеколот. Веќе четиринаесет години пазам на него, и немаше ден, а да не ѝ се помоли на Богородица.“

Монахот одговорил: „Во името на Света Троица ти заповедам да исчезнеш и веќе да не ги искушуваш христијаните“. И во истиот момент ѓаволот исчезнал како чад.

Тогаш монахот ги поучил крадците. Некои од нив станале монаси, други се ожениле и правеле добри дела, спасувајќи се.

Затоа и ве поучувам, вас, чеда, да го научите Молебниот канон кон Пресвета Богородица, и да се молите со него.

Свети Козма Етолски

 

 

Извор: http://pravoslavie.mk.

Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/razbojnikot-koj-sekoj-den-se-molel-na-bogoroditsa/ .



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 13, 2025
SV.JOVAN.Kronshtatski

Акатист кон Светиот и праведен отец Св.Јован Кронштадски Чудотворец

Љубављу својом озари нас, грешне и немоћне, удостој нас да принесемо плодове покајања, и да се неосуђено причешћујемо Светим тајнама Христовим. Силом својом веру у нама оснажи, у молитви нас подржи, немоћи и болести исцели, од искушења и непријатеља видљивих…
Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.

Света Троица во Стариот Завет

Јун 30, 2024 Полезно и Потребно 2325
Avraamovo.GOSTOLJUBIE
„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 2649
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 4898
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Најново од духовност

Православен календар

 

08/01/2026 -четврток

Собор на Пресвета Богородица; преп Никодим Прилепски

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан  9 јануари/27 декември  2026

Тропар на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан 9 јануари/27 декември 2026

Со добар подвиг се подвизуваше, првомачениче Христов и апостоле, ја изобличи безбожноста на мачителите.  Каменуван од рацете на беззакониците,

Тропар на св. Христови преподобномаченици и исповедници Теодор и Теофан Начертани  9 јануари/ 27 декември   2026

Тропар на св. Христови преподобномаченици и исповедници Теодор и Теофан Начертани 9 јануари/ 27 декември 2026

Запишани во непропадливата книга небесна, двајцата жигосани по лицата,  светите Теодор и Теофан,денес црквата ги возвеличува,  Христос ги прославува,

Тропар на соборот на Пресветата Мајка Божја  8 јануари/  26 декември  2026

Тропар на соборот на Пресветата Мајка Божја 8 јануари/ 26 декември 2026

Дојдете сите верни ум да подигнеме кон Небесата, со Ангелите да ја восфалиме ОнааКоја е поширока од Небото,умилно песни да...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная