На оној којшто Го прашал како да се спаси, Господ му одговорил со прашање: „Што е напишано во Законот? Како читаш?“ (Лк. 10,26). Со тоа покажал дека за решавање на сите недоумници треба да се вртиме кон словото Божјо. За да нема недоумици, најдобро е да се чита Светото Писмо. Читај со внимание, расудување, сочувствување, поврзувајќи сѐ со својот живот: она што се однесува на мислите – исполнувај го во мислите; тоа што се однесува на чувствата – преку чувства и расположение, а за делата – преку дела.
Оној што го слуша словото Божјо собира светли поими за сето она што е во него, околу него и над него. Тој себеси си ги разјаснува должностите во односите што се јавуваат во животот, и сите тие правила, како скапоцени бисери, ги нанижува на нишката на совеста што, потоа, точно и определено му укажува како и кога да постапува на богоугоден начин. Тој ги зауздува и страстите. Оти, читањето на словата Божји секогаш има смирувачко дејство врз страстите. Ако почнеш да го читаш словото Божјо, страста, каква и да е, ќе започне да слабее, за на крај сосем да исчезне. Кој се богати со знаење на словото Божјо, го здобива столб од облак, кој Израилците ги водеше низ пустината.
Св. Теофан Затворник
Извор: http://pravoslavie.mk.
Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/sv-teofan-zatvornik-25-nedela-po-pedesetnica/ .