За борбата со гревовите – Св. Василиј Велики

Премолчаниот грев е гнојна рана во душата. Како ние што го нарекуваме благодетел не тој, којшто го остава штетното во телото, туку напротив, оној којшто го вади надвор… така, очигледно е, дека да се крие туѓиот грев, значи да се подготвува смрт за болниот. Зашто е речено: „Осилото на смртта е гревот“ (Кор. 15,56).




За да го спаси човекот, кој преку првородниот грев отпадна од Бога и стана смртен, по предвечниот Совет на Света Троица, покорувајќи се на волјата на Отецот, Синот Божји слезе на земјата, се роди со дејството на Светиот Дух од Секогашдева Марија, им го објави на луѓето Вистинскиот Бог Отец и Неговата Божествена волја, ги поучи на вистинското почитување на Бог...











„Бог не допушта да паднеме во искушение што ги надминува нашите сили. Мајсторот лесно ги потчукнува кристалниот и стаклениот сад за да не ги скрши, а на сребрениот и бакарниот сад нанесува силни удари; така, за раслабените се допушта лесно, а за силните – потешко искушение.“-


























