Старче, кога со благодарност го прифаќам укорот поради грешката која ја имам направено, дали тогаш тоа што го чувствувам е чисто и без заблуда?
– Гледаш, ако направиш штета, па те укоруваат, а ти не кукаш заради тоа, веќе си среќен и велиш: “Славата нека е Твоја Господи, ова ми беше потребно“, твојата радост ќе биде непотполна. Но, ако не направиш штета, и неправедно те укоруваат и тоа ти го прифаќаш со добра помисла, тогаш ќе доживееш својата полна радост. Прифати ја неправдата кога ќе ти се случи и радувај се.
Постојат четири стадиуми на прилики во соочување со неправдата. Некој, на пример, без никаква причина те повреди. Ако се наоѓаш во првиот стадиум, ти ќе му возвратиш. Ако си во другиот стадиум, ќе почувствуваш во себе голема вознемиреност, но се воздржуваш, дури и ништо не кажуваш. Во третиот стадиум, не се вознемируваш. Но, ако се наоѓаш во четвртиот стадиум, ќе почувствуваш голема радост, голема душевна сладост.
Кога некој доживее неправда и докажува дека не е крив, ќе се оправда и добива задоволување со доживување само на некаква земска радост. Но, ако со неправдата духовно се соочува, со добри помисли, и не настојува да ја докаже својата невиност, чувствува духовна радост. Тоа значи дека тој човек во себе поседува Божја утеха, се наоѓа во состојба на славословење на Бога. Знаете ли каква радост ја преплавува душата на која и било нанесено неправда, кога таа не се оправдувала за да и речат „браво“ или „прости“? Таа радост е многу поголема ако не се осмелува да се оправда. Многу не доаѓаат во ситуација, кога на оние кои му нанеле неправда им заблагодаруваат бидејќи доживеале толку многу радост во овој живот, но и му осигурале и радост во вечниот.
Колку се разликува духовноста од световноста! Во духовниот живот се чини дека сѐ е наопаку. Ако го задржуваш за себе неубавото, се чувствуваш убаво. Ако тоа го предадеш на другиот, се чувствуваш неубаво. Ако ти ја прифатиш неправдата, а го оправдаш ближниот свој, го примаш во срцето многунапатениот Христос. Тогаш Христос престојува во тебе и те исполнува со мир и сладост. Ајде, чеда мои, вкусете го животот во таквата радост! Ќе ја познаете духовната радост не световната. Како да е секој ден Воскресение!
Нема поголема радост од онаа која ја чувствувате кога ја прифаќате неправдата. Камо среќа сите луѓе да се неправедни спрема мене! Најискрено ви кажувам, најблажена духовна радост сум почувствувал кога ми нанеле неправда. Знаете колку се радувам, кога некој ми каже дека сум во заблуда? Слава Тебе Господе, велам, од ова ќе имам награда. Меѓутоа, кога ме поистоветуваат со светител, паѓам во долгови. Не постои ништо поблажено од неправдата.
Старец Пајсиј Светогорец
Извор: Преспанско- пелагониска епархија