Штом го ислушав со внимание му реков да не го повторува ова што го прави, без разлика колку добро и да изгледа. Да оди во друг непознат град да најде работа – бидејќи имаше познавање и од водоводџиски работи – за да помага колку може и од неговиот недостиг, бидејќи таквата помош има поголема вредност. И кога некој нема ништо што би му дал на еден сиромав, а болува неговото срце, тогаш тој прави поголема милостина, бидејќи прави милостиња со крвта на срцето,
Поправање на грешниот живот – св. Никола Планас
Еден ден во Црквата на Пророк Елисеј дојде една несреќна девојка и со солзи исповедаше дека девет години живеела со некој, кој секогаш го одложувал законскиот брак. Тој и кажа дека многу ќе се моли за овој случај. „Но потруди се по секоја цена да го донесеш во црква за да се сретнам со него“,и рече.


Блажен е оној кој со ревност расне во молитвата; кон него, само ако таквиот е чист од секаква измама, нема да се приближи лукавиот.
Дошол еднаш тој во манастирот на посета, а и заради духовна корист на браќата. По вообичаените заемни поздравувања, тие пошле во светата Божја црква да отслужат служба. Блажениот Павле внимателно го набљудувал секој што влегувал во црква за да види со какво
Душевен мир се стекнува преку скрби. Писмото вели: Влеговме во оган и вода, и Ти нé изведе на слобода (Пс. 65:12). Патот на оние кои сакаат да Му угодат на Бога, минува преку многу скрби. Како ќе ги ублажуваме светите маченици заради страданијата што ги претрпеле за Бога, штом не можеме да истрпиме една треска?
Виното е потпалувач за вистинатата страст – распалителна материја, фрлена во огинот и го засилува пламенот. Грижи се секогаш за вечната слава, зашто земната слава секојдневно измамува. Гневот не е безопасен советник за секој човек – што е претприемено во гнев, никогаш не е благоразумно.
Затоа некои заминуваат од молитва како да излегуваат од вжарена печка, чувствувајќи олеснување од некоја нечистотија и вештество, а други пак, како озарени од светлина и облечени во двојна облека на смирение и радост. Оние што излегуваат од молитвата без макар едното од овие две дејства,
Кога Му се молиш на Бога, не говори: „Господи, земи го од мене ова и дај ми го она“, туку моли Му се вака: „Господи, Боже мој, Ти знаеш што е корисно за моето спасение; помогни ми и не давај ми да згрешам пред Тебе и да загинам во моите гревови, зашто јас сум грешен и немоќен; не предавај ме на моите непријатели,
На ѕвездата ѝ припаѓа светлината што е околу неа, на побожниот му припаѓаат сиромаштијата и смирението, зашто ништо друго не им било ставено како белег за распознавање на Христовите ученици, освен смирената мудрост и скромниот изглед. За ова насекаде зборуваат четирите Евангелија.
Кога ќе ја увидиш помошта во своето срце, знај дека не се јавила однадвор, туку дека проработила благодатта која таинствено ти била дадена на Крштението. Таа подејствувала во мерата во којашто си ја замразил помислата и си се одвоил од неа...
Некогаш свети Силуан разговарал со еден пустиник што велел: „Бог ќе ги казни сите атеисти, тие ќе горат во вечниот оган.“ Очигледно, помислата дека безбожниците ќе бидат казнети во вечниот оган му причинувала некакво задоволство…
Бог, Кој нé создал, ни го дал во употреба словото, за да ги откриваме еден на друг своите срдечни помисли – исто така, секој од нас, поради истородност на нашата природа, да ги предава мислите свои на ближниот, откако ќе ги изнесе од скривницата на своето срце. Ако ние живееме, имајќи душа со ништо необлечена, тогаш би се разбрале еден со друг – моментално, само преку мисла.
Усвој ги за себе мислите и духот на светите отци со читање на нивните дела. Светите отци ја достигнале целта: спасението. И ти ќе ја достигнеш таа цел по природниот тек на работите. Како единомисленик и единодушен со светите отци, ти ќе се спасиш.
Во секој христијанин Христос е Оној Кој војува и победува, и Тој е Оној што го призива Бога, и Кој се моли, и Кој благодари - сето тоа се дејствија на Христа, Кој се радува и весели кога ќе види дека во нас пребива тоа убедување, дека Христос е Тој кој го прави тоа.
„Се најдов во рајот, му рекол Андреј, чудесен и прекрасен, и, восхитен, се запрашав: што е ова? Знам дека живеам во Цариград, но како се најдов тука, не можам да сфатам. Бев во недоумение: дали сум во тело или надвор од телото. Бог го знае тоа. Се видов себеси облечен во најсветли облеки, толку светли како да се исткаени од молњи; на мојата глава имав венец исплетен од големи цветови; на половината бев опашан со царски појас
Голема е користа за секој човек ако Христос за него постане и негово срце и негов живот. И не само што е добро за тој човек, туку тоа е добро и за сите оние коишто се во негова близи¬на, бидејќи секоја сила секогаш се наоѓа во средината и оттаму таа се шири, како брановите, насекаде и делува на се она што на тој пат ќе наиде. И оној, кој најверојатно поради својата
Биди внимателен, воздржлив, не осудувај, чувај го умот и срцето од лоши помисли, и сметај дека сите луѓе се добри и дека Господ сите ги сака. Заради таквите смирени мисли, благодатта на Светиот Дух нема да те напушта и ќе велиш: Милостив е Господ.
Ти беше првиот учител на покајанието! Ти беше единствениот кој уште во утробата на мајка си поучуваше во вератa и пророкуваше за Христа, а сега си во прегратките на небесниот Отец. Тебе Иродијада те осуди неправедно и твојата глава беше донесена за време на царска гозба, не на глинена, ниту на сребрена, ниту на златна чинија, бидејќи тоа беше гнасно за тебе, туку на царот му
























