Поуки од свети Марко, извадоци од неговите други слова
Молитвата бива различна, зашто едно е да Му се молиме на Бога со нерасеана мисла, а сосем друго, да стоиме на молитва со нашето тело, а мислата да ни биде расеана. А, исто така, едно е да одбираме кога ќе молиме, односно откако ги завршиме разговорите и работите во врска со овој свет, а сосем друго да ја претпоставуваме молитвата над сè друго, над сите светски грижи, да постапуваме според зборовите на апостолот,