логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Иноците Калист и Игнатиј Ксантопул

Поука на оние што безмолствуваат


91.  За светата Причест и за тоа со колку големи блага се удостојуваме, ако се причестуваме често и со чиста совест


Ништо толку не ни помага во очистувањето на душата, во просветувањето  на умот и осветувањето на телото, изменувајќи ги и душата и телото со божествено изменување, со отфрлање на страстите и бесовите, за натприродното соединување со Бога и божествено сорастворување, со чисто срце и со чисто расположение, колку што е можно ова за човек, причестувањето со светите, пречисти, бесмртни Тајни, со самото пречесно Тело и пречистата Крв на Господа и Бога и Спасителот Исус Христос. Затоа е неопходно потребно да проговориме посебно и за ова и потоа да го завршиме нашето пишување.


За тоа, дека причестувањето со Светите Христови Тајни е извонредно потребно, не говорат само светите отци, туку говори самиот Живот и самата Вистина и со зборови јавува за ова, велејќиː „Јас сум лебот на животот. А ова е лебот што доаѓа од небото, и оној, кој јаде од него, нема да умре. Јас сум живиот леб што слезе од небото; кој јаде од овој леб, ќе живее вечно; а лебот што ќе го дадам Јас, е Моето тело, што ќе го предадам за животот на светот“ (Јован 6, 48, 50, 51). Уштеː „Вистина, вистина ви кажувамː ако не го јадете телото на синот Човечки и не ја пиете крвта Негова, не ќе имате живот во себе. Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден. Зашто Моето тело е вистинска храна и Мојата крв – вистинско питие. Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв, ќе биде во Мене и Јас во него. Како што Ме прати живиот Отец, и Јас живеам преку Отецот, така и тој што јаде од Мене, ќе живее преку Мене. Ова е лебот што слезе  од небото, а не како татковците ваши што јадеа мана и изумреа; кој јаде од овој леб, ќе живее до века“ (Јован 6, 53-58). И светиот апостол Павле говориː „А јас го примив од Господа она, што ви го предадов; а тоа е дека Господ Исус Христос онаа ноќ, кога го предадоа, зеде леб, и откако заблагодари, го прекрши и речеː ‘Земете, јадете, ова е телото Мое, кое се крши за вас; правете го ова за спомен Мој!’ По вечерата, исто така, зеде чаша, па речеː ‘Оваа чаша е Новиот завет во Мојата крв; ова правете го, кога ќе пиете за Мој спомен!’ Оти, кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша вие ќе ја објавувате смртта на Господа, додека Он не дојде. Затоа, оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема телото  и крвта на Господа. Но, човекот да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша. Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово. Па затоа меѓу вас има многу немоќни и болни, а мнозина и умираат. Оти, ако бевме се испитувале сами себе, тогаш немаше да бидеме осудени. Но, судејќи нѐ, Господ нѐ накажа, за да не бидеме осудени заедно со светот“ (1. Кор. 11, 23-32).

92.  Неопходно е да го знаеме чудото на Светите Тајниː што се тие, зошто ни се дадени и каква е ползата од нив


Свети Јован Златоуст пишуваː „ Треба да го знаеме чудото на Светите Тајни, - во што се состои ова чудо, зошто ни се дадени Светите Тајни и каква е ползата од нив. Речено еː ,Едно тело сте и еден Дух, како што сте и повикани кон една надеж на вашето звање’ (Ефес. 4, 4). Да внимаваме на овие зборови ние што сме посветени! Па така, не само со љубов, туку и на дело да бидеме членови на Христовото тело, да бидеме соединети со Неговото тело. А ова станува преку храната, која ни ја дарувал Христос, за да ја искаже Својата љубов спрема нас. Затоа се соединил Себеси со нас, го растворил Своето тело со нас, така што ние да составиме нешто како тело, соединето со Него – со Главата. И тоа е знак на најсилната љубов. На ова укажува и многустрадалниот Јов, кога говори за своето семејство, кои го сакале толку многу, што сакале да се соединат со него, да станат едно тело со негоː ,Не велеа ли луѓето од мојот шаторː -О, кој не се наситувал од неговите месни гозби?’ (Јов 31, 31). Тие говореле така, сакајќи да ја искажат својата силна љубов кон него. Така постапил Христос со истата целː за да нѐ воведе во поголема дружба со Него, за да ни ја покаже Својата љубов спрема нас, Он им дал на оние што сакале не само да Го видат туку и да Го допрат, да Го вкусат и со забите свои да се допрат до Неговото тело, и да се соединат со Него и да ја задоволи секоја нивна желба“ (Беседа на Јовановото евангелие 46, стр. 551-552, дел први). – Уштеː „Оние што се соединуваат со оваа крв, стојат заедно со ангелите, со архангелите и со останатите горни сили, облечени во царска облека Христова и имаат духовно оружје. Но, со ова јас уште не сум кажал ништо големо, тие се облечени во Самиот Небесен Цар. А, колку е голема и чудна оваа тајна, исто толку е точно и тоа, ако ѝ пристапиш со чистота, ти ќе пристапиш кон спасение; а, ако пристапиш со нечиста совест, Причеста ќе ти биде за казна и за измачување, зашто, како што е реченоː ,Кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување’ (1. Кор. 11, 29). Ако и оние што ја валкаат царската пурпурна облека се казнуваат еднакво како и оние што ја раскинуваат, тогаш чудно ли е, дека оние што го примаат Христовото тело со нечиста душа, ќе бидат подложени на иста казна заедно со оние кои ги прободеле Неговите раце и нозе со клинци. Слушај на каква страшна казна укажува светиот апостол Павлеː ,Ако оној, што се одрекол од Мојсеевиот закон, пред двајца или тројца сведоци, безмилосно се накажува со смрт, тогаш, колку ли потешка казна, мислите, ќе заслужи оној, што го подгазил Синот Божји и ја сметал за нечиста крвта на заветот, преку која е осветен, и Го похулил Духот на благодатта?’ (Евр. 10, 28-29)“ (Таму, стр. 550-560). – И уштеː „Кога се причестуваме со телото на Господа и кога пиеме од Неговата крв, треба да знаеме дека се приопштуваме до она тело, кое седи горе и на кое му се поклонуваат ангелите, кое се наоѓа близу до вечната сила, зашто токму ова тело ние го јадеме. О, колку патишта кон спасението ни се отворени! Он нѐ направил Свое тело, ни го дал Своето тело, и сето тоа сепак не нѐ оддалечува од злото!“ (Беседа на Посланието од Ефесјаните, трета, стр. 47). – И пакː „Еден прекрасен старец  ми раскажуваше, дека се удостоил да види и да слушнеː ако оние што се на смрт се причестат со чиста совест со Светите Тајни, тогаш ангелите, заради Светата Причест, ќе ги пренесат до Господа“.


И божествениот Јован Дамаскин ( во својата книга За православната вера, книга четири, глава тринаесетта) говориː „Бидејќи сме двојни по природа, тогаш треба да имаме и две раѓања, а и јадењето ни е сложеноː Раѓањето ни се дава преку верата и Духот, а јадењето ни е животниот леб – нашиот Господ Исус Христос, Кој слегол од небото.“ – Уштеː „И како што во крштението луѓето се мијат со вода и се помазуваат со елеј, Он ја соединил со елејот и благодатта на Духот и тоа го направил да биде бања на преродувањето, па како што обично јадеме леб и пиеме вода и вино, Го соединил Он со нив Своето Божество и направил Своето тело и Својата крв, така што со она што е обично и со она што станува по природа, да нѐ издигнува до она што е над самата природа. Телото е навистина соединето со божественото, тоа тело, кое од Света Дева, не затоа што самото тело, кое се вознело на небото, слегува, туку затоа што самиот леб и вино се претворат во тело и крв на нашиот Бог и Господ Исус Христос. Ако сакаш да знаеш како станува ова, тогаш доволно ќе ти биде да слушнешː со Светиот Дух, така како што од Светиот Дух и од Дева, Самиот Себеси и во Самиот Себеси Господ го составил Своето тело. Повеќе од ова ништо друго не знаеме, туку знаеме само тоа дека Божјото Слово е вистинско, вистинско и сесилно, а како и на кој начин, - ова е неиспитливо и не знаеме и да не иследуваме.“ – И уштеː „На оние што се причестуваат со вера и достојно, Светата Причест им е за простување на гревовите и за вечен живот, за запазување на душата и на телото, а за оние, кои се причестуваат без дела и недостојно – за осудување и за измачување, како и смртта на Господа. И не се само лебот и виното образ на телото и на крвта на Господа Исуса Христа. Не, никако! – Туку самото обожено Христово тело и Христовата крв служат за укрепување на душата и телото, но не се распаѓаат и не се подложуваат на гниење. Зашто Он говориː „Моето тело е вистинска храна, и Мојата крв – вистинско питие“ (Јован 6, 55). – И уштеː „Телото и крвта Христови служат за поткрепување на нашата душа и на нашето тело, но не се уништуваат и не се подложни на гниење и распаѓање, а ни се за запазување и очистување од секаква нечистотија. – Бидејќи сме очистени од нив, се соединуваме со Христовото тело и со Неговиот Дух и стануваме тело Христово. Овој леб е почеток на идниот леб, кој е насушен. Насушниот леб е лебот на идниот живот или укажува на овој што го примаме во Светата Причест – за запазување на нашето битие. Зашто телото на Господа е животворниот дух, затоа што е зачнато од животворниот дух, а она што е родено од Духот – Дух е. Ова го говорам без да ја откажувам природата на телото, туку сакам да ја покажам неговата животворност и божественост.“ – И уште, при самиот крај на оваа главаː „Телото и крвта во Светата Тајна се нарекуваат местообразни на идните не како невистински тело и крв Христови, туку затоа што сега преку нив се причестуваме со Христовото Божество, а тогаш – духовно само преку созерцанието Негово.“


И божествениот Макариј говориː „Како што виното оди во сите делови на телото на оној што го пие, и е виното во него и тој во виното, така и оној кој ја пие Христовата Крв – се напојува со Духот на Божеството, се разлева по целата душа, и сета душа е во него и, откако ќе се освети на тој начин, - станува достојна за Христа Господа. Зашто и апостолот говориː ,Сите сме со еден Дух напоени’ (1. Кор. 12, 13). Исто така, и оние кои вистински се причестуваат со лебот во Евхаристијата, се удостојуваат да се причестат со Светиот Дух, така достојните души можат во веки да бидат живи. И како што за телото неговиот живот не е од него самото, туку е надвор од него, односно од земјата, така и за душата благоволил Бог не од нејзината сопствена природа, туку од Самото Божество, туку од Светиот Дух и од Божјата светлина да ја имаат храната,и питието, и облеката, кои се вистински живот на душата. Зашто и божествената природа го има Лебот на Животот, Кој реколː ,Јас сум лебот на животот’ (Јован 6, 48). И вода жива и вино што развеселува и елеј на радоста.“


И свети Исидор пишуваː „Приопштување – се нарекува причестувањето со божествените Тајни, затоа што со причестувањето се соединуваме со Христа и тоа нѐ прави да бидеме учесници во Неговото царство.“


И свети Нил Синајски пишуваː „Не можно е верникот да се спаси на друг начин, и да добие простување на своите гревови и да се удостои со царството небесно, ако не се причестува со пречистите Тајни на Телото и на Крвта Христови.“


Слично на него пишува и свети Василиј Велики во своето писмо до благородниот Кесаријː „Убаво е и многу корисно да се причестуваме, да ги примаме светото Тело и светата Крв Христови, зашто и Самиот наш Господ Исус Христос јасно говориː ,Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв, ќе биде во Мене и Јас во него’ (Јован 6, 56) и ,Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен’“ (Јован 6, 54). Зашто никој не се сомнева дека присоединувањето со животот е засилување на животот. Ние се причестуваме четирипати седмичноː во господовиот ден (недела), среда, петок и сабота, а и во другите денови, ако е празникот позначаен и на некој голем светител.“ (Том шести, Писмо 89).


Јас мислам дека светителот во тие дни служел света литургија, зашто секој ден можел да го прави тоа, бидејќи бил зафатен со многу работи и грижи. И свети Аполос реколː „Монасите се должни, ако можат, да се причестуваат со Светите Тајни секој ден, зашто оној што се оддалечува од Светите Тајни, тој се оддалечува и од Бога, а кој се причестува постојано, тој постојано го прима во себеси Спасителот, зашто и самиот Спасител велиː ,Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв, ќе биде во Мене и Јас во него’ (Јован 6, 56). И така, ова е многу корисно за монасите, зашто, преку ова тие постојано прават спомнување на спасителните Христови страдања. На тој начин тие треба да бидат постојано подготвени и постојано да се подготвуваат, за да бидат секогаш достојни да ги примат Светите Дарови, и да се удостојат со простување на гревовите“ (Лавсаик, стр. 169). Во братството на свети Аполос секогаш се запазувал таков начин на живеење (Таму, стр. 167). – Свети Јован Лествичник говориː „Ако едно тело, допирајќи се до друго тело, се изменува неговото дејство, тогаш како нема да се измени оној кој со своите непорочни раце се допира до Божјото тело?“ (Сл. 28, 52). – Исто така, во Отечникот  е напишаноː „Јован Вострски, човек свет, кој имаал власт над нечистите духови, ги прашал еднаш бесовите кои живееле во некои бесни девојчиња и кои правеле лоши работи преку нивната сила, велејќи имː ,Од кои работи се плашите кај христијаните?’ – Тие одговорилеː „Навистина, вие имате три големи работи: првата е она што го носите на вашиот врат; втората е она, со што се измивате и поросувате в црквата; и третата е она, што го јадете на вашите црковни собори.“ – Тие му одговориле: „Ако го пазите добро она со што се причестувате, никој од нас не би можел да ви направи какво и да е зло на вас христијаните.“ Значи, работите од кои најмногу се плашат нашите непријатели се: крстот, светото крштение, и светата причест.


Извор: ДОБРОТОЉУБИЕ, Том V.

 

За Преминпортал

Подготви: Светланка Трајчева 

4-ти април 2018 лето Господово

 

Друго:

  • Поуки од Светите Отци



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3136
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7614
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная