логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 lestvica1.jpg

Свети Јован Лествичник

4. За борбата со осумте главни страсти

г) Борба со гневот


20.  Злобното паметење е крајна граница на гневот. Тоа е паметење на гревовите на нашите ближни против нас, отстапување од правилото, кое ни го постави Бог: простете – за да ви биде простено. Затоа е тоа – загубување на сите претходно задобиени добродетели, отров што ја погубува душата, црв што го нагризува срцето, срам – за да не можеме да ги изговориме зборовите од Господовата молитва: „Прости ни гидолговите наши, како што им ги проштаваме и ние на нашите должници“ (Матеј 6,12), клинец – забиен во душата, грев што не престанува, беззаконие што не заспива и постојано зло.


21.  Оној што го скротил својот гнев – тој ѝ ставил крај и на злобата, зашто децата можат да се раѓаат само од жив татко.


22.  Тој што придобил љубов – станал оддалечен од непријателството, а оној што го зголемува непријателството – ги зголемува во себе и трудовите, кои не знаат за спокој.


23.  Ако си злобен, биди злобен против демоните, и ако непријателствуваш, биди му секогаш непријател на твоето тело. Телото е неблагодарен и неверен пријател; кога му угодуваат, тоа уште поголеми штети нанесува.


24.  Злопаметењето е погрешно толкување на Светото писмо, кое ги искривува зборовите на Светиот Дух, за да си угоди на себеси. Но таквиот нека го посрами молитвата која ни е дадена од Самиот наш Господ Исус Христос, која не смееме да ја изговараме, ако имаме злопаметење во нашето срце.




25. Ако, откако се потрудиш многу и не можеш да го отстраниш ова бодило од твоето срце, појди и покајно смири се пред оној, против кого непријателствуваш, макар само и со зборови; засрами се од долговремената лицемерност пред него и потруди се да го прифатиш со љубов, бидејќи си измачуван од својата совест, како со оган.


26. Но не мисли дека тогаш си избавен од оваа рана, кога ќе се помолиш за оној што те навредил, или ќе  му дадеш дарови или ќе го поканиш на трпеза, но тогаш, кога ќе слушнеш дека му се случила некаква несреќа, душевна или телесна, тогаш – ако почувствуваш мака и заплачеш за него, како за себеси.


27.  Спомнувањето на страдањата на Господа Исуса Христа го лекува злопаметењето, кое бива длабоко посрамено од Неговата незлобивост.



28.  Некои поради простувањето на своите гревови се предаваат на големи трудови и на пот, но незлопаметливиот и незлобивиот ги испреваруваат. Зашто вистински се зборовите: „Проштавајте и ќе ви биде простено“ (Лука 6,37).


29.  Незлопаметењето е знак на вистинско покајание, оној што мисли дека живее покајно, а го памети злото што му го направиле, тој е сличен на човек, кој сонува дека трча.


30.  Сум видел јас злопамтливи луѓе, кои на други им давале совет да не бидат злопамтливи, но најпосле се посрамувале од своите сопствени зборови и се ослободувале од оваа страст.


Извор: ДОБРОТОЉУБИЕ – Том II

За Преминпортал

 Подготви: Светланка Трајчева

17-ти февруари 2018 лето Господово

 

 Друго:

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2983
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2819
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Свети Наум Охридски (02.07.2022 )

Митрополит Струмички Наум: Свети Наум Охридски (02.07.2022 )

Согласно опитот на сите Свети, единствен темел на вистинскиот духовен живот во Црквата е вистинската вера. Вистинска вера може да биде само една. Учеството во вистинската вера во Црквата истовремено...

БEСEДА  за угледувањe на мравкитe

БEСEДА за угледувањe на мравкитe

Вoлјата на Твoрeцoт, Кoј нè испратил вo oвoј свeт e да твoримe дoдeка смe вo свeтoт. Самиoт Гoспoд Исус запoвeда: Твoрeтe, стражарeтe! Oн ги фали oниe кoи ги умнoжуваат дадeнитe...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

При толкувањето на евангелието за жената Самарјанка ви реков: „Водата што Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во...

БEСEДА за близина на Судијата

БEСEДА за близина на Судијата

За eдeн дeн, братe, мoжeш да ја дoбиeш цeлата вeчнoст. И за eдeн дeн, братe, мoжeш да ја изгубиш цeлата вeчнoст. Ти сe дадeни илјада дeнoви на зeмјата да сe...

Жарко Ѓоргиевски: Недела на Светите Отци од Првиот Вселенски Собор

Жарко Ѓоргиевски: Недела на Светите Отци од Првиот Вселенски Собор

Секој човек, па дури и најнесреќниот, жеден е за животот и постојано бега од смртта. Бог го создал човекот не за да умре и да се претвори во прашина, туку...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

о.Михаил Трајковски: ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН (02.06.2022)

о.Михаил Трајковски: ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН (02.06.2022)

Колку прекрасна и радосна вест! Ако човекот во темнината на својот морален пад можел да ја наѕре светлината од божественото Сонце, кое се раѓало на Исток, сепак, сенката на сомнежот...

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Ако Он не се жртвуваше на Крстот за нас и наше спасение, и ние не ќе можевме во Големиот Вход од Светата Литургија да се принесеме самите себе и целиот...

« »