логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Свети Григориј Палама, Архиепископ Солунски

Кон пречесната Ксенија – за страстите и добродетелите


30.  Како да прави вовед во Светото евангелие, со своите кратки искажувања за блаженствата, само со првото блаженство за бедните по дух, Господ опфатил толку многу добродетели и отсекол толку многу лоши расположенија и ги лишил од блаженството? – Но, овде има и нешто друго. А што е тоа? Тоа е укажувањето на разни смирувачки искушенија, кои треба радосно да ги претрпува оној, кој сака да Му принесе плод на Обработувачот на нашите души. Како што е потребно растенијата да претрпат студ за време на зимата, за да дадат плод, така се потребни и неопходни тешките искушенија, за да го дадеме добриот плод. И оној што нема храбро да го претрпи тешкиот товар на искушенијата што го среќаваат, тој нема да роди достојни плодови за небесните амбари и ризници. – Секој што ревнува за совршенството го добива преку поднесувањето на доброволните и недоброволните трудови и лишуввања, од кои едни доаѓаат однадвор, а други – одвнатре. Но, оние, доброволните, не се така благотворни, како што се оние што ни доаѓаат однадвор и не по наша волја. А нашата љубов кон Бога најдобро се проверува преку претрпувањето на недоброволните искушенија. Доброволните лишувања ја подготвуваат душата за претрпување на оние недоброволните, зашто, откако ќе свикне при првите, да не ги смета за ништо животните пријатности и славата, тогаш душата лесно ќе ги претрпува и последните. А бедниот по дух, според самиот дух на ваквата сиромаштија, не само што не се збунува со страдањата, зашто има потреба за уште посилни покајни лекарства. Затоа и живее дење и ноќе во очекување на секакви страдања и секое искушение го прима, како нешто што го заслужил, му се радува кога е посетуван од него, кога со него навлегува во чистилиштето на својата душа, правејќи од него предмет на најскрушена и најсилна молитва, како извор и одбрана на своето добро душевно расположение. Па затоа, не само што не мисли лошо за оние преку кои му доаѓаат искушенијата, туку им искажува и благодарност и се моли за нив како за свои добротвори. И за ова не само што добива простување на своите направени гревови, според ветувањето на Спасителот, туку бива удостојуван и со Божјиот благослов и со царството небесно, бидејќи е ублажуван од Господа поради својата долготрпеливост до крајот во духот на смирението.


31. Откако го стекнал богатството на сиромаштијата со духот, која никој не може да ја одземе, единствено Блажениот ги објавува заедничари на Своето блаженство оние што плачат, велејќи: „Блажени се оние што плачат, оти ќе се утешат ( Матеј 5, 4). А зошто нашиот Господ Исус Христос така тесно ја сврзува телесната бедност со плачот? Затоа што тој никогаш не е одвоен од неа. Затоа апостолот вели дека жалоста поради световната сиромаштија е смрт за душата, а жалоста од сиромаштијата по Бога „предизвикува неопходно покајување за спасение“ (2. Кор. 7, 10). А потоа, за недоброволната сиромаштија следува недоброволниот плач, а за доброволната сиромаштија следува доброволен плач. И доколку овде ублажуваниот плач се соединува со сиромаштијата по Бога, тогаш, се разбира, дека тој е поради неа и од неа; од неа, како од причина, зависи во сѐ; и само во врска со неа – тој е и духовен и доброволен. – Но, да видиме како блажената сиромаштија го раѓа блажениот плач.


32.  Ние пред малку покажавме четири вида сиромаштија, од кои се раѓа овој особен плач: во мудрувањето, во воздржувањето на телото, во световната состојба и во искушенијата, кои доаѓаат однадвор. Но, никој од вас, кога го слушате ова, да не мисли дека се тие и вистински разделени меѓу себе, зашто тие обично сите заедно се пројавуваат, па затоа се сите заклучени во едно блаженство, а што го покажува прекрасно и тоа каде е нивниот корен и извор, а имено, дека е во нашиот дух. Зашто тој, откако ќе го внедри во себе духот на благодатта евангелска, како што е речено, го дава од себе изворот на сиромаштијата, која го напојува сето лице на земјата на сиромаштијата, односно нашиот надвореш човек и го прави да биде рај на добродетелите.



33.   Од секој од овие четири вида сиромаштија се раѓа особен плач, заедно со соодветната утеха спрема него. Од сиромаштијата во издржувањето на телото со смирение, која ја сочинуваат гладот, жедта, бдеењето и воопшто секое лишување и умртвување на телото, а, освен тоа, и строго запазување на чувствата, се раѓа не само плачот (жалоста и тагата), туку се раѓаат и солзите. Зашто, обично, од пренадразнетоста како сите видови телесни задоволства, обично, се раѓаат нечувствителноста, огрубеноста и ожесточеноста на срцето, така и од воздржливоста и од слабата храна се раѓаат скрушеноста на срцето и умилението, со кои е уништувана секаква мака од телесните лишувања и му се дава заедно со нив тивка сладост на животот. Се вели дека без скрушеноста на срцето е неможно да се избавиме од гревовните чувства, а срцето го приведува во скрушеност тројното воздржување: во спиењето, во храната и во телесниот спокој. Душата, кога ќе се ослободи, преку скрушеноста на срцето, од таквите чувства и од нивната горчина, ќе прими место нив духовна радост. И тоа е токму таа утеха, заради која Господ ги ублажува оние што плачат. А свети Јован, кој ни ја изградил духовната скала, говори вака: „Жедта и бдеењето го скрушуваат срцето, а од скрушеното срце се пролеваат солзи. А оној што го искусил ова, говори: ‘блажени сте вие, што сега гладувате, оти ќе се наситите‘ (Лука 6, 21), ќе се наситат со блажена смеа, како што ветил Господ“ (Лествица 6, 13). Така, од богољубивата телесна сиромаштија се раѓа плачот, кој ги утешува блажено оние што го придобиле.


34.  Со смирението на душата секогаш живее самопонижувањето; а во почетокот тоа е доведувано во најсилна напрегнатост со стравот од вечните маки, замислувајќи пред своите очи дека во едно исто мачилиште живее заедно со демоните, а кон ова го додава уште и стравот од тоа што се овие маки неискажливи, дека нема зборови со кои би можеле да се изразат, а и нивната бесконечност уште повеќе го зголемува ужасот од нив. – Жештина, студ, темнина, оган, вериги, страшилишта, гризење на црвот што никогаш не спие; сето ова се собира во една единствена казна. Но, и со сето ова уште не може да се замисли целиот ужас, таков каков што е, судејќи според кажаната спротивна положба, кога се говори за убавините на блажениот живот во царството небесно: „Око не виде, уво не чу, ниту на човека на ум му падна... (1. Кор. 2, 9). О, колку ужасен ќе биде тој плач, кој нема да има крај! Овде, кај оние што грешат кај Бога, стравот доаѓа од сознанието за своите согрешенија, кој бива намалуван од сознанието и надежта за помилување. А таму, во изобличувањата и осудувањата, без каква и да е надеж на помилување, без никаква можност за спасение, не доброволно изобличување и грижа на совеста – со плачот наш, прекумерно ќе ја зголемуваме тамошната мака. И овој плач, и секогаш плач, и ова сознание за неговата непрестајност, раѓаат нов плач! Исто така, ќе има темнина врз темнина, и горештина врз горештина, без освежување. И сѐ ќе опфати бескрајната  бездна на очајанието.



35.  Сега овде плачот е скапоцен. Зашто, нашиот плач сега го следи Бог. Кој слезе дури до нас и нѐ посети, и на тие што плачат им даде ветување дека ќе се утешат, зашто Самиот е и се именува Утешител. Дали си видел таков плач, кој произлегува од смирената душа и самиот од себе принесува утеха? Впрочем, и самото самопонижување, само по себе, е како острило за умствениот дел на душата, тешко ја притиска душата, исцедува духовно вино, кое го весели срцето на човекот. А ова вино е скрушеното умиление, кое прку плачот ги скрушува страстите, а душата ја исполнува со блажена радост, откако ќе ја избави од страшната тешкотија. Затоа се блажени и оние што плачат (сп. Матеј 5, 4).


36.  За отсуството на лакомоста или сиромаштијата од имот, кога се соединува со духовната сиромаштија, зашто само во таков случај таа Му е угодна на Бога, - за тоа како од таквата сиромаштија доаѓа плачот и утехата што е во него, - слушај и внимавај разумно, што ќе ти кажам. Кога човекот ќе остави сѐ, кога ќе се одрече од среброто и од златото и од целиот свој имот, отфрлајќи го и, потрошувајќи го според послушноста на заповедите, тогаш, откако ќе ја ослободи својата душа од грижата за сето тоа, ѝ дава можност да почне да се грижи самиот за себеси, да се ослободи од делата на овој свет и од сите нивни расеаности. А кога умот ќе се ослободи од сите материјалности, издигнувајќи се над сите грижи за сето тоа, ќе почне да се загледува во својот внатрешен човек, и тогаш, кога ќе го види своето до одвратност извалкано лице од своите талкања во низините, брза, пред сѐ да го измие со солзите на својот плач, а потоа, откако ќе ја симне од него напластената нечистотија, зашто душата негова веќе не се интересира за недостојни работи, прибрано навлегува во нејзините внатрешни сокровишта, и таму Му се моли на Отецот, Кој, пред сѐ, му дарува мир на помислите, како и подготвено живеалиште за благодатните дарови, а заедно со тоа и совршена смиреност, која се состои во за секого смирени смирени зборови и однесувања, но тоа, што е посведочувано од благиот и божествен Дух, тоа го изградува духот – „дух вистински обнови во мене“ (Псал. 50, 10). А во мирот и смирението, како во силно ограден духовен рај, растат сите видови дрвја на вистинските добродетели, меѓу кои се издигнува светата царска палата на љубовта, а во предворието, како некој претпочеток на идниот живот, цути радоста, која е неискажлива и која никој не може да ја одземе. Зашто, отсуството на лакомоста е мајка на безгрижноста, вниманието и молитвата. Плачот и солзите ги бришат сите поранешни гревови, а по ова лесно се оди по патот на добродетелите, зашто тогаш се отстрануваат сите пречки и душата станува беспрекорна во сѐ. Од сето ова произлегуваат радоста и блажената душевна смеа (сп. Лука 6, 21). Тогаш горчливите солзи се претвораат во сладост, Божјите зборови стануваат „слатки за грлото мое... послатки се од мед во устата моја“ (Псал. 118, 103), во молитвата прозбата се изменува во благодарност, поучувањето во Божјите вистини станува радост во срцето, со радост непосрамена. Тогаш се доживува она што го вели пророкот: „Вкусете и ќе видите, колку е благ Господ!“ (Псал. 33, 9), Кој е веселба на праведниците, радост на навредените, надеж на онеправданите и утеха на оние што плачат заради Него.


37.  Но, ќе говориме уште, верувајќи во она што го кажале светите отци наши и другите, кои нѐ уверуваат во вистинитоста на она што го пишува апостолот: „Имајќи го, пак, тој ист дух на верата, како што е напишано ‘поверува и затоа зборува‘веруваме, па затоа и зборуваме“ (2. Кор. 4, 13; Псал. 115, 1). Кога ќе биде изгонета секоја страст, која се вгнездува во нас, и умот, како што рековме, да се врати кон себеси и кон другите душевни сили и преку извршувањата на добродетелите – да ја украси душата, тежнеејќи кон сѐ поголемо совршенство, приготвувајќи се кон уште повисоки издигнувања, па, измивајќи се со Божјата помош, тој не само што тогаш го отфрла она што е лошо, туку и сето она што придојдува – го изгонува, макар и да му припаѓа на доброто, па откако ќе се издигне над сѐ духовно и сите мислења за него, кои се без мечтаења, а сето тоа го прави со љубов и од љубов кон Бога, откако ќе го отфрли, станува како глув и нем (сп. Псал. 37, 14), петстои  пред Бога. Тогаш, ништо надворешно не чука на вратите од неговиот ум, затоа што благодатта го држи внатрешното во најдобро расположение и во неискажлива и прекрасна светлина, која го осветлува, усовршувајќи го на овој начин внатрешниот човек. А кога на тој начин „денот осамне и Деницата засветли во вашите срца“ (2. Петр. 1, 9), тогаш, според зборовите на пророкотː „Човекот излегува по своја работа и работи до вечерта, и, користејќи се со таа светлина, ќе појде по патот, кој води кон вечната гора и ќе стане гледач на вечните работи во таа светлина.

 

38.  Затоа божествениот Нил говориː „Сегашната состојба на умот е духовна височина, која е слична на небески цвет, во кој, за време на молитвата, се појавува и светлината на Света Троица“. И пакː „Ако сакаш да го видиш умот во неговата вистинска состојба нека се испразни од сите свои помисли, тогаш ќе го видиш сличен на сафир или како небесен цвет. Но, ова не може да биде направено без бестрасност, зашто за ова е потребна Божјата помош и излевање на Неговата божествена светлина.“  - И свети Диодох говориː „Две добрини ќе ни даде светата благодат прку крштевањето, од кои едната неизмерно ја надминува другатаː прво, таа нѐ обновува во водата и го осветлува она што е создадено во нас според Божјиот образ, отстранувајќи ја од нас секоја гревовна нечистотија и, второ, што таа почнува да дејствува заедно со нас. И така, кога умот ќе почне со потполно чувство да вкусува од убавината на Божјиот дух, тогаш треба да знаеме, дека благодатта како да почнува да слика во нас врз она што е создадено по образот и по подобието на Бога, а совршенството на подобието го познаваме од просветувањето.“ – И пакː „Никој не може да ја придобие духовната љубов, ако потполно и уверливо не биде просветен од Светиот Дух, зашто, ако умот преку просветувањето не го прими во совршенство она што е според подобието, тогаш, иако може да ги има сите добродетели, останува сѐ уште неисполнет со совршената љубов.“ – Исто така, и свети Исак Сирски говориː „Облагодатениот ум, за време на молитвата, ја гледа својата чистота слична на небесеки цвет, кој од старците на Израилот бил нарекуван ‘Божјо место‘ кога го виделе на планината.“ И пакː „Постои чистота на умот, во која, за време на молитвата, болснува светлината на Света Троица. Но, тој што ќе се удостои со таа светлина и телото свое што ќе го соедини со неа – пројавува многу знаци на божествената убавина, стоејќи според божествената благодат и телесноста на телото и му дава сила за тоа, за што таа самата нема сила. Оттука произлегува боговидното добродетелно расположение, кое не може да биде подражавано, кое воопшто нема склоност кон злото и не пројавува никаква желба за него.“


39.  Еве до каква височина издигнува блажениот плач на смирените по срце и бедните по дух. Но, ќе кажеме за ова уште нешто. Тој оди заедно и со сите видови на недоброволната и световна сиромаштија. Зашто, како да не жали оној кој дење и ноќе е во немаштија, кој гладува, кој е пренатоварен со тешка работа и од никого не е почитуван? – За неговиот плач нема утеха сѐ додека продолжува неговата сиромаштија, особено, ако нема вистинско знаење. Зашто, таквиот сладостите и горчините не им ги потчинува на разумот, туку самиот им се потчинува ним; неговиот ум го привлекува повеќе отколку што е потребно не само без никаква полза, туку и со голема штета за неговата душа. Тој се изложува на јавно изобличување затоа што не верува во Божјото евангелие, на пророците пред него и на Христовите следбеници по него, кои биле испратени да благовестат, кои во својата немаштија имале сѐ што им било потребно, преку понижувањата – неискажлива слава, преку лишувањата – постојано задоволни, преку претрпување на искушенијата – избавуување од вечните маки и страдања.  Сето ова го изоставаат оние што го засакале тукашниот неуреден живот и не сакале да одат по тесниот пат и низ тесните врати да влезат во вечниот блажен живот. Добро рекол апостолотː „Световната мака доведува до смрт“ (2. Кор. 7, 10). Зашто, ако вистинскиот живот на душата е светлината, која доаѓа од плачот по Бога, како што веќе рековме, со зборовите на отците, тогаш смртта на душата ќе биде во страшна темнина, која ја исполнува душата од жалоста на овој свет, таа темнина за која свети Василиј Велики говориː „Гревот, кој го има своето постоење во скудноста на доброто, со своите неправди го образува духовниот мрак.“ – А божествениот Марко Подвижник пишуваː „Како може оној што е опфатен од лоши помисли да го види гревот, кој се наоѓа под нив, зашто е темнина и магла за душата, а тие доаѓаат од лошите помисли, зборови и дела? А оној што не го гледа овој општ грев, кога ли ќе почне да се моли за неговото простување и за очистувањето од него? И оној што не се очистил, како ќе го најде местото на чистата природа? А, ако не го нашол, како ќе може да го види највнатрешното Христово живеалиште.“


40.  И така, потребно е да се молиме постојано, со молитва да го бараме ова живеалиште, но не само да го најдеме, туку и да го запазиме. Зашто, има такви луѓе, кои го загубиле она што го нашле. Голо знаење за тоа и случајно искуство за него можат да имаат и некои не учени и млади; сите немаат знаење што се добива со трпеливо дејствување и она што можат да ни го дадат само искусни и многуопитни старци. Со ова е согласен и свети Макариј Велики, кој имал небесни знаења, а со ова се согласни и сите преподобни отци.


41.  Но како што овој мрак го добива своето постоење од сите прегрешенија, така, ако ја испитуваш жалоста на светот, ќе најдеш дека таа се раѓа и се одржува од страстите. Таа го носи образот или почетокот, подобието или залогот за идниот бескраен плач за оние, кои не сакале да го одберат за себе плачот, кој го ублажува Господ, - кој не само овде што донесува утеха и служи истовремено како залог и на вечната радост, но ја зајакнува и добродетелта и на душата ѝ дава сила да му се спротивставува на злото. Зашто, и оној што осиромашил, што се смирил и што се скрушил пред Бога, ако, преуспевајќи во доброто, притоа не придобие плач, тој може лесно со своите мисли да се врати кон она што го оставил. А, ако, останувајќи постојано расположен кон блажената сиромаштија и, ако ја запазува, а притоа го внедри во себе  и плачот, тогаш останува постојан и не се согласува да се врати на она што го оставил зад себе, не се враќа кон злото кое го правел и од кое избегал. Така говори и апостолотː „Скрбта по Бога предизвикува неопходно покајување за спасение“ (2. Кор. 7, 10). Затоа некои и од отците говорелеː „Плачот дејствува и запазува“. – И не е само тоа од плачот; тоа што човекот станува речиси неподвижен кон злото и што не се враќа лесно кон некогашните гревови, туку и тоа што тие гревови стануваат како никогаш и да не постоеле. Зашто, бидејќи во почетокот тој плачел поради нив, Бог ги смета како да не ги направил доброволно; а она што не е направено доброволно, Бог не го смета за кривица. Оној што плаче поради својата сиромаштија, со тоа сведочи дека таа не е за него доброволна, затоа што, заедно со оние, „кои сакаат да се обогатуваат“ или кои веќе се обогатиле, паѓа во демонска примка, и, ако, откако ќе се измени не избега од овие мрежи, преку тоа самиот ќе биде виновен што ќе отиде во вечните маки (сп. 1. Тим. 6, 9), така и оној што се покајал и своите денови ги минува во плач, тогаш неговите гревови, со право, му се сметаат како не доброволни, и тој, тогаш, заедно со оние што не згрешиле како него, без соблазна за нив, ќе оди заедно со нив по патот што води во вечниот живот.


42.  Таков е плодот на почетокот од плачот, кој е поврзан со болка, зашто со него е соединет стравот Божји. Но, понатаму тој прекрасно се соединува со Божјата љубов и го раѓа преслаткиот и свет плод на утехата што ја дава Утешителот, па така плачот станува особеност на неговиот карактер и за оние што не го искусиле тоа претставува нешто нечуено и неискажливо. Зашто, ако сладоста и вкусот на медот никој не може да му ги опише разбирливо на оној што самиот не го вкусил, тогаш како може да им се објасни сладоста на радоста и на благодатта, кои се од Бога, на оние што благодатта не ја доживеале?



43.  Почетокот на плачот е како некое барање за обручување со Бога, кое се чини недостижно. При што, тие изговараат некакви зборови пред обручувањето и, бидејќи силно го сакаат тоа, плачат и срцето им се кине пред Младоженецот, Го повикуваат со силен плач и со ридање. Крајот на овој плач е брачното соединување во совршена чистота. Затоа апостолот, откако ја нарекол таа тајна „голема“, соединувањето на мажот и на жената во едно тело, говориː „Јас ви зборувам за Христа и за Црквата“ (Ефес. 5, 31-32). Зашто, како тие што биваат едно тело, така и оние Божјиот дух го имаат со Бога, како што рекол апостолотː „Кој се соединува со Господа, еден дух е со Него“ (1. Кор. 6, 17). Кои се тогаш тие што говорат дека благодатта е нешто создадено? – Треба да знаат дека со тоа тие изрекуваат хула против Самиот Свет Дух, со Кого се соединуваат светиите.


44.   Ќе дадеме и еден друг пример, со кој, можеме, уште подобро да го објасниме ова за што зборуваме. Почетокот на стравот е сличен со враќањето на блудниот син, зашто и тој го исполнува оној што плаче со срам и го тера да ги изговори зборовитеː „Татко, згрешив против небото и против тебе, и не сум веќе достоен да се наречам твој син“ (Лука 15, 21). А крајот му е сличен на среќавањето и прегрнувањето со небесниот Отец, кога, по богатството  на неискажливата Негова милост, се удостоил пак да се нарече Негов син и да се исполни со радост и смелост, е целиван и целива, и влегува во домот, заедно со Отецот и седнува на трпезата заедно со Него, насладувајќи се со небесната радост.


45.  Затоа, дојдете и ние, со дух на блажената сиромаштија, и да паднеме и да заплачеме пред Господа, нашиот Бог (сп. Псал. 94, 6), за да ги измиеме некогашните гревови и да се направиме себеси неподвижни кон злото, да се удостоиме да се присоединиме кон Светиот Дух Утешителот и постојано да бидеме од Него утешувани. Нему да му воздадеме слава со беспочетниот Негов Отец, со Пресветиот и Единороден Негов Син, сега, секогаш, во сите векови и во сета вечност. Амин.


Изворː ДОБРОТОЉУБИЕ – Том V

 

За Преминпортал

Подготви: Светланка Трајчева 

25-ти февруари 2018 лето Господово

 

Друго:

Преподобен Јован Карпатски: За да не му позволуваме на нашиот ум да лета и да се расејува



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3136
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7613
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная