логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



1.    Совети за покајание и подготвување за спасение

Фреска: Душите на праведниците во раката Божја

84.  Во овој живот сме туѓинци и придојдени и не знаеме кога од него ќе бидеме грабнати. Многумина што наутро се разбудуваат, вечерта не ја дочекуваат, а други навечер заспиваат, а наутро не се разбудуваат. „Човекот е како здив; дните негови одминуваат како сенка“ (Псал. 143, 4). И кој знае, дали не настанало времето на нашата телесна смрт? Да не бидеме безгрижни за нашето спасение.




85.  Блажен е оној што во смртниот час ќе биде жртва пријатна пред Господа; кој со радост ќе се оддели од телото свое и од животната суета. Ангелите Божји на небото кога ќе го видат, како рамен на себеси ќе го прослават, како искусен во Господа.

86.  „Скапа е во очите на Господа смртта на Неговите светии“ (Псал. 115, 6) „Но зла смрт го снаоѓа грешникот“ Псал. 33, 22), ќе дојде тој ден, неизоставно, ќе дојде нема да нѐ одмине денот кога ќе ги оставиме сите и сѐ и ќе појдеме сами, од сите оставени, голи и беспомошни, без закрилник и сопатник, неподготвени и без одговор, ако овој ден нѐ најде безгрижни и мрзливи – во ден кога не очекуваме и во час – што не го знаеме (сп. Матеј 24, 50) – тогаш кога се веселиме, кога богатство собираме, кога во раскош живееме и во наслади се предаваме. – Ненадејно ќе дојде тој час и тогаш крајот на сѐ. И тогаш ќе настане длабока страдална ноќ, тогаш како затвореник што водат, и нас ќе нѐ поведат. Човеку, тогаш ќе имаш потреба од многу помошници и од многумина што ќе се молат за тебе во тој час – кога душата твоја ќе се разделува од телото. При преминувањето во другиот свет, голем страв ја опфаќа нашата душа и голем трепет. Голема промена настанува тогаш. Тоа е нашиот час – час страшен и неизбежен. Таков е крајот за сите нас, страшен за сите. Тежок е тој пат, но сите по него мораат да одат; тесен и стрмен, но сите ќе чекорат по него. Тоа е таа горчлива и страшна чаша, но сите ќе ја испиеме. Со страв и ужас е исполнето сѐ, што тогаш душата го доживува, но никој од луѓето не го знае тоа, освен оние што пред нас по него минувале – оние што од личниот свој опит го дознале.



87.  Не ги гледаш ли тие што умираат? Не гледаш ли колку е тоа страшно? Не гледаш ли колку се побркани и како со очите свои гледаат на сите страни? И како понекогаш чкртаат со забите? Тогаш го гледаат она што никогаш не го виделе, го слушаат она што никогаш не го слушнале и го претрпуваат она што никогаш не го трпеле; бараат како да се спасат, но нема кој да им помогне.

88.  Некој од тие што умираат велат: „Проштевајте, браќа, проштевајте. На далек пат појдувам, на пат, по кој никогаш не сум чекорел; одам во нова за мене земја, од која никој никогаш не се вратил, во земја непозната и не знам кој таму ќе ме пречека. Еве појдувам, и никогаш кај вас нема да се вратам. Тежок е за мене овој час, зашто за него не сум подготвен. Страшна е оваа ноќ за мене; ме сечат како дрво неплодно. Тежок е овој пат за мене, зашто немам добар придружник. Сега гледам колку страшно сум се самоизмамувал кога велел: „Млад сум, јас ќе му се насладувам на животот; таму ќе се покајам. Бог е човекољубив, ќе ми прости. Така размислував секој ден, и лошо го живеев животот мој. Ме учеа, но јас не слушав и се подбивав. Го слушав Светото писмо, а еве умирам како да не сум го слушал; слушав за Страшниот суд, и шеги си правев, за смртта слушав, и живеев како да сум бесмртен. И еве, сега сосема неподготвен појдувам и помошник немам. Ќе ме нападнат бесовите мене непокајаниот и не ќе имам кој да ми помогне и да ме избави. Колкупати одлучував да се покајам, и пак продолжував да го правам лошото? Колкупати се приближував до Бога, и пак отстапував од Него? Колкупати Својата милост ми ја покажувал, и јас од Него се оддалечував и продолжував да Го огорчувам! А сега во безнадежна состојба појдувам. Воздивнете, браќа, и помолете се за мене. Заплачете и пролејте солзи за мене!“ – Ете вака оние што умираат со нас разговараат, и јазикот нивни одеднаш им се врзува, очите нивни се изменуваат, гласот пресекнува и устата занемува.



89.  Кога последниот час ќе се приближи, Бог испраќа ангели да ја земат душата и да ја одведат пред Божјиот суд. Кога ќе ги види дека му се приближуваат, тогаш кутриот човек, било да е тој цар, или властодржец или владетел на целиот свет, се збркува и како од земјотрес се исплашува, трепери како лист од ветар нишан; се плаши како птичка во раце на ловец. Потоа се здрвува и се избезумува, гледајќи ги страшните и грозни лица на демоните. Гледа нешто што никогаш не видел. Само тој сето тоа го гледа; кон нас своето внимание веќе не го свртува. Самиот во себе се моли колку што има сили за тоа. Од состојбата негова заклучуваме, дека гледа духовни сили, тогаш тивко еден на друг си велиме: „Молчете и не вознемирувајте го оној што на пат далечен појдува; не збркувајте го. Да молчиме, та со мир да појде душата негова и милост да најде кај Судијата!“

90.  Еве, заврши. Го нема. Го заврши својот живот, лежи неподвижен, без дишење и без глас. – Што е човекот? – Сон и сенка. Ангелите, кои ја зеле неговата душа, се издигнуваат кон небото, таму каде што се началствата и властите – управителите на нечистите духовни сили. Тие се наши лоши обвинители; овде на земјава тие нѐ соблазнуваат и искушуваат, запишувајќи ги нашите лоши дела, а таму се наши мачители. Тие ја среќаваат душата на овој нејзин пат, ја набљудуваат и гревовите нејзини ги набројуваат – гревовите на нејзината младост и на староста, волните и неволните, оние направени со дела, зборови и помисли. О, каков страв и каков трепет преживува таму душата! Неискажлива е маката, која тогаш ја има душата од множествата на мрачните непријатели, кои тогаш ја окружуваат душата, ја клеветат и не ѝ даваат да го продолжи патот кон небото, не ѝ даваат да влезе во царството на животот и да се насели во светлината на живите.

91.  И така, откако ангелите ја зеле душата, ја водат по патот, кој само на нив им е познат, а ние, откако ќе го исчистиме и подготвиме телото, во гробиштата го носиме и таму со нова и страшна тајна се среќаваме. Малите и големите, царевите и слугите, господарите и робовите, - сите во прав и пепел се претворуваат, во смрдеа и гниење. Тогаш сите се еднакви: и благородниците и простите, и младите и старите, и болните и здравите и силните – сите стануваат она што им е определено во почетокот – земја и пепел (сп. 1. Мој. 3, 19) – Разлика никаква нема меѓу нив. – Навистина, голема и страшна тајна стои пред нас! Гледаме дека разликите на возраста таму се губат, се изменува секоја тлесна убавина, убавината на лицето исчезнува, пријатната топлина на очите изгаснува, запечатени се убавите и румени усни, навитканите и сплетени коси изгниваат. Сѐ се скршило. Говориме и никој од нив не нѐ слуша; плачеме, и никој од нив за тоа ништо не знае.

92.  Ако ги прашаме оние што лежат во гробовите: „Каде, појдовте браќа наши? Каде сте сега и каде е вашето живеалиште? Проговорете! Сакаме со вас да поразговараме, како некогаш што разговаравме; гласот ваш сакаме да го чуеме! За нас би било поучно да го чуеме нивниот одговор. Еве, што тие би ни кажале: „Ние заминавме, ве оставивме вас, кои уште на земјата живеете. Нашите души се на места, какви што заслужиле. А она што го гледате пред вас, тоа е правот и смрдеата, што останале од нашето некогашно тело, кое некогаш толку многу сме го сакале. Тоа е остаток од телата на младичите и на девојките, кои некогаш толку многу сте ги сакале и во прегратките свои сте ги гушкале и бакнувале. Тие озабени дупки на черепите – вие дење и ноќе сте ги покривале со нечисти и грешни бакнежи. Овој гној и оваа одвратна влага, тоа се нашите некогашни тела, во чија прегратка на гревот му се предававте. Затоа, внимавајте и сфатете ја потресната вистина: гушкајќи ги и бакнувајќи ги вашите сакани, знајте дека прав и пепел гушкате и бакнувате. Знајте дека, кога делови различни на телото нивно бакнувате, смрдеа и гној бакнувате. Затоа знајте, кога со љубов кон нив се распалувате, дека предметот на вашите љубовни копнежи се: црвите, пепелта и смрдеата. Младичи и девојки, не предавајте ѝ се на заблудата. Не измамувајте се со суетната убавина на младоста; и ние, што сега пред вас лежиме, како изгниени мртовци, некогаш – тогаш кога живеевме, како и вие сега што живеете, и ние лични бевме, убаво се облекувавме, се украсувавме, со скапоцени мириси се мачкавме, сакани бевме и сакавме и на земниот живот му се радувавме, а ете, како што гледате, сето тоа стана кал, прав, пепел и смрдеа. Не измамувајте се веќе; од нас кои живеевме пред вас, а сега телата наши во гробовите ги гледате, и научете се, пазете ја вашата душевна и телесна чистота; поверувајте дека има праведен Суд и маки без крај, дека има непрониклива темнина и маки пеколни, дека црвот пеколен никогаш не спие, дека плачот и чкртањето со заби никогаш не престануваат и дека страдањата немаат крај.“

93.  Ете, на ова нѐ учат браќата наши, кои пред нас во другиот свет преминале; нѐ учат не со зборови, туку со дела. Да се разбудиме од длабокиот сон. Да престанеме да се мамиме со празни надежи. Да не му дозволуваме на лукавиот непријател да се подбива со нас. Да не му веруваме кога нѐ мами дека животот наш е долг. Многумина така мислеле и не доживувале до утрешниот ден; ненадејно смртта ги грабнувала, како јастребот што ја грабнува птичката и волкот јагнето. Едни заспивале здрави навечер, никогаш не се разбудиле, а други – седејќи на трпеза, душата своја ја испуштиле; други одеднаш за време на гозби и прошетки умреле; некои во бања умреле и во неа го нашле своето погребно измивање; некои умреле на денот на својата свадба, од брачната постела биле грабнати и брачната облека им станала и погребна, а оние што на свадбата свиреле го зазеле местото на тажачите и на тажачките. Сето ова го знаеме и сепак тоа не престанува да нѐ измамува. Затоа и милост кај Бог нема да најдеме, зашто не по незнаење, туку знаеме – и во измама паѓаме. Затоа ве молам, не бивајте само слушатели на учењето што го слушате, туку бидете и негови извршители.



94.  Каков страв и каква мака преживуваме кога излегуваме од овој живот, кога душата се одделува од телото? Тогаш голема и страшна тајна станува! Кај душата се присутни големо мноштво ангели; таму се и непријателските сили и кнезот на темнината. И едните и другите се борат за душата. При тоа, ако душата направила добри дела, ако живеела чесно и ако била добродетелна, тогаш нејзините добродетели ја окружуваат, како ангели, и не им дозволуваат на лошите сили да се допрат до неа; па така таа, со радост и веселба, заедно со светите ангели – се издигнува право кон Господа и Царот на Славата, Кому Му се поклонуваат заедно со сите небесни сили. И, најпосле, душата бива водена на местото на спокојот, во радост неискажлива, во вечна светлина, каде нема ни жалост, ни солзи, ни грижи, туку каде што е животот бесмртен и вечната радост во царството небесно, каде што се настанети сите оние што Му угодиле на Бога. – А, ако душата во овој свет живеела срамно, ако им се предавала на срамните страсти, ако се занесувала по телесните задоволства, таа и таква душа бива грабнувана од демоните. Тие ја окружуваат и не им дозволуваат на ангелите да се допрат до неа; таа бива грабнувана од кнезовите на темнината. И додека плаче и пролива солзи, опфатена од страв и трепет, ја водат во темни, мрачни и страшни места, каде се чуваат сите грешници до денот на Страшниот суд. По Општиот суд, таму ќе бидат испратени сите грешници, заедно со сатаната и сите негови ангели. Тоа ќе биде местото на сите маки и вечни страдања.

95.  Затоа браќа, да се покаеме додека уште има време. Да се очистиме од страстите; да се бориме со себеси и да се трудиме место пороците и страстите, да ги придобиеме добродетелите во нашето срце, кои, по нашето излегување од телото, ќе бидат наши закрилници и заедно со Божјите ангели ќе застанат пред нашиот Бог И Господ и ќе испросат милост и благослов за нас.


Извор: ДОБРОТОЉУБИЕ – Том II

За Преминпортал

 Подготви: Светланка Трајчева

11-ти февруари 2018 лето Господово

 Друго:

 sv.efrem.sirin2.jpg



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная