логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Свети Макариј Велики

Состојба на оние што ја почувствувале примената благодат


200.  Ако царот го пренесе своето сокровиште во домот на некој сиромав, тогаш тој примајќи го тоа големо богатсво, нема никогаш да го смета за своја сопственост, туку пред сите ќе изјавува и ќе признава дека е сиромав и не ќе смее да потроши ништо од туѓото богатство, туку вака ќе размислуваː „Ова богатство не само што е туѓо, туку ми го предал на чување силниот цар, и тој кога посака може да си го земе од мене“. – И оние што ја имаат Божјата благодат треба да мислат на ист начинː да бидат смирени и да признаваат дека се сиромаси. Ако сиромавиот, откако го прими во својот дом царското богатство и помислувајќи дека е негово и дека може да прави со него сѐ што сака, како да е тоа негова сопственост и срцето негово се исполни со надуеност, тогаш царот ќе си го земе своето сокровиште, и оној што го чувал – ќе остане сиромав каков што бил и дотогаш. Исто така, и оние што имаат благодат и почнат да се гордеат со неа и почнат да се вознесуваат во срцата свои, Господ ќе ги лиши од Својата благодат и ќе останат такви, какви што биле и до примањето на Божјата благодат.



201.  Доколку, откако ја примиле благодатта на Духот, наоѓајќи за себе си утеха во спокојот и во духовната сладост, па надевајќи се на неа, почнат да се превознесуваат, тие се предаваат на безгрижност, не го смируваат своето срце и своите мисли, па и не успевајќи да го достигнат потребниот степен на бестрасноста, не успеваат со ревност и вера да се исполнат со преизобилна благодат, тие застанале таму и се успокоиле со тоа и останале со таа мала благодатна утеха. Ваквите души, кои пораснале повеќе во гордоста, отколку во смирението, ако се и удостоиле со некој благодатен дар, ќе бидат лишени од него заради својата гордост и своето превознесување.


202.  Ти велам, јас сум видел луѓе, кои ги имаат сите дарови и кои беа заедничари на Светиот Дух, па кога не придобија совршена љубов, паднаа. Еден благороден човек, кој се откажа од светот, кој го раздаде целиот свој имот и им даде слобода на своите робови, па како разумен човек, се прослави со својот живот, меѓутоа, откако се погордеа, падна и најпосле им се предаде на илјадници лоши дела.


203.  Еден друг за време на гонењата станал исповедник и бил измачуван за Христовото име, но кога престанало тоа гонење, бил ослободен и бил многу почествуван. Неговите веѓи биле повредени од тоа што го измачувале во голем чад. Тој, така прославуван од сите, но поради својата гордост бил лишен од својот ум, и се однесувал така, како никогаш да не слушнал за Бога и за Божјите зборови.



204.  И некој друг подвижник, кој живееше заедно со мене и заедно се молевме, беше толку многу облагодатен, така што кога се молеше до мене, и јас доаѓав во состојба на умиление, затоа благодатта претекуваше во него. На него му беше дарувана благодатта на исцеление. И не само што изгонуваше бесови, туку имаше моќ да ги исцелува оние што имаа неподвижни раце и нозе и што беа совладани од најстрашни болести. А потоа, откако почнаа луѓето да го прославуваат, тој почна да се насладува од нивните пофалби, се погордеа и падна во самата длабочина на гревот. Ете, гледаш, паднал и оној што имаше дарба на исцеление. Гледаш ли како паѓаат оние што немаат љубов? И оној што придобил љубов, кој бил врзан и опиен од неа, и тој бил одведен како пленик во еден друг свет и како веќе да не ја чувствувал својата сопствена природа.


205.  Човекот со верна и вистинољубива душа, гледајќи ги вечните богатства, приготвени за праведниците и неискажливите добрини, со кои се удостојуваат оние што ја имаат Божјата благодат, тој и себе си, и својата ревност, и својот труд и подвиг ги смета за недостојни за неискажливите ветувања на Духот. Таков е оној, кој е беден по дух и кого што Господ го ублажува. Таков е оној што е гладен и жеден за правда. Таков е оној што има скрушено срце. Оние што го засакале сето тоаː и ревноста, и трудот, и љубовта кон добродетелите; тие што до крај ќе останат такви, - навистина, тие ќе можат да го добијат животот и вечното цартсво. Затоа, никој од браќата да не се превознесува пред својот брат, па измамуван од лукавиот, да не почне и самиот да се самоизмамува и да говориː „Ете јас веќе имам духовна дарба“, зашто е недостојно ние христијаните така да мислиме. Ти не знаеш што ќе направи со твојот брат утрешниот ден; не знаеш каков ќе биде твојот и неговиот крај. Напротив, секој нека се занимава со себе си, непрестајно нека ја испитува својата совест, да ја испитува состојбата на своето срце – да проверува со каква ревност и со какви усилби се стреми кон Бога, па имајќи ја предвид најсовршената цел – слободата, бестрасноста и духовното успокојување, непрекинато и немрзливо да брза, без да се надева на каква и да е дарба или оправдување.


206.  Како паѓаат оние, во кои Божјата благодат веќе дејствувала? И оние што се најчисти по природата на своите мисли можат да се препнат и да паднат. Така човек почнува да се превознесува, да го осудува другиот и да му говориː „Ти си грешник“, а себе си да се смета за праведник. Зар не ти е познато што вели свети апостол Павлеː „За да не се превознесувам со премногу откровенија, во телото ми се дае трн, ангел сатанин, да ме боцка по лицето, та да не се превознесувам“ (2. Кор. 12, 7). Превознесувањето е можно и во чистата природа.


207.  Затоа, христијаните се должни да настојуваат со сите свои сили – никого да не осудуваат, ни јавната блудница, ни кој било грешен и неисправен човек; на сите да гледаат со искрена љубов и со добра волја, никого да не унижуват, никого да не осудуваат, од никого да не се гнасат и да не прават никаква разлика меѓу луѓето.


208.  Може ли да падне човек што има благодатна дарба? Ако стане невнимателен и мрзлив, тогаш ќе падне. Затоа нашите непријатели никогаш не мируваат, никогаш не се мрзливи, туку секогаш водат борба против нас. Затоа и ти не смееш да ги прекратиш своите барања пред Бога. Многу повреди ќе добиеш – ако се опуштиш и станеш мрзлив, па макар и да си бил проверен и во самата тајна на Божјата благодат.



209.  Големо е достоинството на христијаните. Тоа не може со ништо да се спореди. А, ако некој станал расеан и бил запленет од злобата, тој станува сличен на град неограден со ѕидови, во кој разбојниците непречено откаде и да посакаат, го пленат, го опостошуваат и го изгоруваат. Исто така, и ти, ако си мрзлив невнимателен спрема себе си, ќе бидеш нападнат од нечистите духови, тие ќе навлезат во тебе, ќе го опустошат твојот ум и ќе ги расеат твоите мисли по овој свет.


Изворː ДОБРОТОЉУБИЕ – Том I

 

 Подготви: Светланка Трајчева

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная